Македонски легенди

Мирка Гинова

mirka-ginova

mirka-ginovaГИНОВА, Мирка (с. Росилово, Воденско, Егеjскиот дел на Македониjа, 1916 – Ениџе-Вардар, 26. VII 1946) – деец и борец за демократија и слобода. Заедно со илјадници македонски и грчки патриоти, се бореше против фашистичките окупатори на Грција, а подоцна и против силите на реакцијата и монархофашизмот. Мирка Гинова беше жена која не го прифати животот како милост во замена за идеалите на македонската борба, за македонската слобода. Како борец на македонското национално ослободително движење, таа стана симбол за храброста на македонската жена. Завршила учителска школа и учителствувала во повеќе места. Илегално дејствувала по воденските и мегленските села, а во 1943 г. се вклучила во редовите на НОБ. Била секретарка на АФЖ за Воденскиот округ. Во 1946 г. била заробена во една акција на грчката војска, осудена од воениот суд во Ениџе – Вардар и стрелана. Нејзините подвизи и нејзиното име со гордост се споменува меѓу народот. Народот за неа испеал повеќе песни, а во нејзина чест низ Македонија има десетици институции кои го носат нејзиното име.

Мирка Гинова е родена во сиромашно семејство во село Русилово, во близина на Островско езеро. Многу рано останува без својата мајка, и ја чуствува сета горчина и страдања во живот. Основно училиште завршува во селото. Нејзиниот татко иако сиромашен, согледувајќи ја нејзината жед за знаење, со малку средства ја испратил на курс за учителки во Костур.

По завршувањето на курсот за учители во 1939 година, Мирка подолг период се обидува да најде вработување. Цела година фашистичкиот режим на Метаксас, ќе ја попречува да најде вработување. Во овој период, диктаторскиот режим со крајна бруталност ги прогонуваше Македонците, третирајќи ги како граѓани од втор ред и интернирајќи ги по пустите острови. Пред почетокот на грчко-италијанската војна (29 октомври 1940 година), таа е назначена за учителка во село во Воденско.

Мирка грижлива како мајка, целата своја љубов ќе ја насочи кон децата. За кратко време ќе ја стекне нивната доверба и почит, Станува нивни пријател. Цело село ќе ја профати како нивна, изразувајќи должна почит и љубов кон самопрегорната учителка. Сепак нејзиното учителствување нема да трае долго. Хитлеровата воена машинерија, во април 1941 година ќе ја окупира Грција (грчката војска капитулира на 20 април 1941 година). Со почетокот на фашистичката окупација на Грција се измени и уште повеќе се влоши положбата на Македонците во Егејска Македонија. Свесна дека само преку вооружена борба може да се стигне до слободата, Мирка Гинова ќе се приклучи во редовите на ОКНЕ и младинската организација ЕПОН.

Како активист на ЕПОН, илегално делува во воденските и мегленските села. Таа ги организира македонските младинки и младинци кои ја помагаат народно ослободителната борба. Регрутира нови борци, а самата заминува во партизани во 1943 година, во околината на Кајмакчалан.

По капитулацијата на Германија во 1945 година, радоста на населението во Егејска Македонија не траеше долго. По ослободувањето на Грција, новата власт започна да ги прогонува членовите на националниот отпор. Членовите на ЕЛАС масовно беа апсени, затварани и подложени на невидена тортура. Посебно македонското население во Егејска Македонија беше подложено на репресалии.

Во 1945 година Мирка се приклучиува на Тајната ослободителна македонска организација (ТОМО) и при избувнувањето на граѓанската војна во Грција учествува во вооружените групи на народнослободителниот фронт. Во една акција на грчката војска во летото 1946 година, Мирка Гинова е заробена и спроведена во Ениџе Вардар. На судењето кое се одржа во градското училиште, воениот суд ја осудува на смрт со стрелање. Заедно со другите соборци стрелана е на 26 јули 1946 година надвор од градот.

За време на судењето таа ја покажува сета своја храброст. Иако свесна за последиците пред судот во своја одбрана ќе изјави: “Mакедонка сум и верувам во ГКП, бидејќи само таа партија ги претставува желбите на луѓето во Грција и гарантира за Македонците еднакви права со сите други. Се борев против Германците … и сега сум горда дека умираm, бидејќи се борев против новите окупатори.” Слична храброст ќе покаже и на самиот чин на стрелањето.

Грчки војник кој присуствувал на чинот на стрелањето ќе ги забележи последните мигови на Мирка Гинова. Во писмото испратено до нејзиниот татко тој ќе напише: ..Ви честитам за ќерката што сте ја родиле. Ја пресретна смртта со насмевка на усните, смело, пеејќи и сите присутни се зачудивме. Во 5.30 и се доближив и прашав дали сака нешто да им напишам на родителите. А таа ми рече: ‘Ако милувате, пишете му го на татко ми следното: ‘Умирам за нешто во што верувам со сета душа, како чесна, а не како нечесна, за поарен живот на другите, а не за мојот‘. Беше чудесна, ниту пред смртта не покажа малодушност. А исто така и другите шестмина, но, повеќе таа. Не ви ги пишувам овие зборови за да ја пофалам вашата ќерка, туку ја изложувам само вистината што ја видов. Ве поздравувам јас, еден војник кого должноста го натера да присуствува на овој жален чин и ја имав желбата да ви ги напишам последните зборови на незаборавната Ирина, на сите позната како Мирка…”

Мирка Гинова е прва жена стрелана во Грција за политичка вина. Народот ја опеал нејзината смрт, а повеќе македонски поети на Мирка и посветија потресни стихови. Таа загина во одбрана на честа и за слободата на својот народ. Достоинствено, храбро, рамо до рамо со своите соборци, ги исполни историските завети. Меѓу младоста и куршумот ја избра бесмрноста.

Вечна и слава.

Најново од: Македонски легенди

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

To top