Фељтон

Историјата на Македонија (12)

Како древно-македонски бог треба да го споменеме и богот на лекувањето Дарон (Daron).

Друго древно-македонско божество, кое го немало кај Грците, била божицата Ма. Во Македонија се посведочени повеќе примери на наоди со претстави на оваа божица, додека вакви наоди во денешна Грција – нема! За божицата Ма се смета дека е од старо македонско-бригиско потекло, и истата кај Македонците, си имала свои македонски специфичности, кои ги нема кај другите народи (иако кај секој народ постоело божество со слична улога на Пра-Мајка).

Во Македонија, како посебна божица, била славена и божицата Зирена (Zeirena), која имала посебни македонски епитети, а по својата содржина потсетувала на Афродита.

Близу реката Струма била славена и божицата Бендида, а во повеќе места на Македонија биле славени и змијоликите божества Драко и Дракена (Draco et Dracena) (Повеќе детали кај: д-р Наде Проева ‘Студии за античките Македонци’ Скопје, 1997, стр. 179 и 181).

Од сето погоре изнесено сметаме дека терминот ‘Грчка митологија’ конечно треба да се исфрли од науката. Каква е таа ‘Грчка митологија’ кога ниту едно од божествата што биле присутни во неа не било грчко? Ова истото важи и за терминот ‘древна (античка) Грција’, кој исто така честопати неправедно се употребува во науката и публицистиката. И овој термин е сосема погрешен затоа што таква држава (древна, т.е. античка Грција) никогаш не постоела во историјата. Се што постоело на територијата на денешна Грција биле неколкуте градови-држави кои ту војувале помеѓу себе, ту склопувале лабави сојузи и кои сите до еден се нашле под македонска окупација или политичко влијание.

Освен во религијата постојат изразени разлики и во уметноста помеѓу Ма-кедонците и останатите древни соседи.

Помеѓу древните Македонци и Грци постоеле разлики и во оштественото уредување. Додека Грците својот живот го организирале по одделните градови-држави, Македонците имале своја силна централизирана држава.
Всушност Македонија била првата држава во вистинска смисла на зборот што се појавила во Европа.

Познатиот историчар Питер Грин, во својата книга: ‘Александар Македонски 356-323 пред Христа’, во врска со ова пишува:

‘Македонија… била првата голема територијална држава со ефективна централизирана политичка, воена и административна структура што се појавила на европскиот континент.’

Разлики помеѓу Македонците и Грците постоеле и во фолклорот. Забележани се описи на две македонски народни игри. Едната се викала Телесија (Telesias), и таа била вид на воен танц. Другата игра се викала Карпеа (Karpea) и во неа со мимики во ритамот на шупелката се прикажувало крадењето на волови.

Древните Македонци имале и сопствени македонски народни обичаи и обреди, за кои пишувале повеќе древни историчари, како што се: Херодот (Herodotus), Плутарх (Plutarch), Аристотел, Квинтиј Куртиј Ruf (Quintus Curtius Rufus) и други, децидно потенцирајќи дека овие обичаи биле македонски.

Како автентични древно-македонски обичаи се споменуваат: кршењето погача за време на свадбените ритуали, одделното седење на мажите и жените за време на веселбите, стрижењето на косата за време на жалост или несреќа, специфичниот начин за избор на кралеви, специфичниот начин на судење, специфичниот начин на погребување и многу други. Добар дел од овие обичаи ги среќаваме и кај денешните Македонци.

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top