Фељтон

Историјата на Македонија (13)

Други докази за разликите помеѓу древните Македонци и древните Грци

Освен разликите во јазикот, културата религијата и се друго што наведовме, постојат и голем број древни и современи наративни све­доштва, кои говорат за разликите помеѓу древните Македонци и Грци.

Но, пред да бидат изнесени дел од нив, најнапред треба да се укаже на една невистина што ја шири ­грч­ката историографија. Честопати грч­ките историчари тврдат дека најголем доказ според кој Александар Маке­донски на­водно бил ‘Грк’, бил фак­тот што нему му било дозволено да учествува на Олим­писките игри, на кои било дозво­лено да учествуваат само Хелените.

Според некои историски податоци (презентирани од Херодот) на грчките олим­писки игри учествувал и Александар Први (предокот на Алек­сандар Ве­лики Македонски). Херодот дури пишува и дека Александар Први победил во една трка на грчките олимписки игри. Па, зарем ова не е доказ дека Македонците биле ‘Грци’?

Како одговор на ова прашање ќе посочиме на неколку мо­менти. Како прво, некои современи историчари го ставаат под голем знак прашалник учеството на Александар Први на грчките олим­писки игри. Врвниот познавач за улогата на спортот во древно-македонското општество д-р Синдија Синдор Словиковски смета дека Александар Први воопшто не учествувал на грчките олимписки игри. Таа потсетува дека неговото име го нема во списокот на победниците на ниту една тогашна олимпијада. Таа докажува и дека во времето на дотичната олимпијада Александар Први бил престар за да учествува на неа како крал, а камо ли да биде победник во трката на околу 193 метри. (D-r Synthia Syndor Slowikowski, Sport and Culture in the Ancient Macedonian Society, The Pennsylvania State University, 1988, str. 47).

Но, дури и да прифатиме дека Александар Први и навистина учест­вувал на некоја тогашна олимпијада. Неговото евентуално учество воопшто не одело така лесно и било дозволено дури по неговото упор­но инстистирање пред Грците и тоа со строго ограничу­вање, спо­ред кое, само македон­с­ки­те кралеви можеле да учеству­ваат на олим­­писките игри, додека на нивниот на­род (Македонците) и натаму им било забрането учеството на овие игри. Освен тоа, се знае дека Александар Први во времето на 76 олимпијада бил прогласен за ‘проксен’ (proxen) од страна на Атињаните. Таа титула Грците им ја давале само на своите гости и пријатели.

Што се однесува до учеството на олимписките игри од страна на Александар Македонски, тоа воопшто не е чудно. Во тоа време тој бил господар над Грците, па никој не можел да го спречи да учествува на овие игри. Во врска со сето ова д-р Словиковски пишува:

‘…Грците не ги признавале Македонците како свои Хелени и Македон­ците не можеле нормално да учествуваат во панхелен­ски­те натпревару­вања’. (Исто, стр. 51).

И понатаму:

‘По Александар Велики за прв пат обичните македонски граѓани се појавиле на стартните линии во Олимпија, Делфи и останатите центри на панхеленските игри.’ (Исто, стр. 102).

И понатаму:

‘За време на владеењето на Филип, освен самиот тој, ниту еден Македонец не учествувал на олимписките игри… Всушност обичните Маке­дон­ци не учествувале на олимписките игри с# до времето по Александар Велики.’ (Исто, стр. 140).

Кога сме кај олимписките игри да го кажеме и тоа дека постојат се­риоз­ни претпоставки дека овие игри прво биле создадени во Македонија. Д-р Словиковски (цит. дело, стр. 71) пишува дека олимписките игри што ги воспоставил македонскиот крал Архелај (Archelaus), можеби биле постари од грчките, т.е. тие можеби претставувале само обновување на некои древни македонски оплимписки игри, чиј претходник бил некој архаичен македонски фестивал посветен на Зевс. Овде читаме:

‘Можно е некој многу стар фестивал посветен на Зевс да бил обновен од Архелај… Епиграфаските податоци од хеленис­тичкиот период ни сугерираат дека постоеле раскошни прослави во сите македонски заед­ници во чест на Зевс во месецот Диос. Во таков случај веројатно е дека во чест на Зевс во Дион постоел некој постар архаичен фестивал уште пред времето на Архелај’.

Дали ќе се потврди или оспори оваа претпоставка ќе зависи од напре­докот на археолошките ископувања во Македонија под Грција, кои с# уште, поради добро познатите причини, недоволно напредуваат. Во врска со ова д-р Словиковски пишува

‘Археологијата во Дион има напредувано само до римските слоеви, но ќе биде интересно да се открие дали навис­тина Архелај само ги обновил игрите што таму се одржувале’. (Исто, стр.. 72).

Најново од: Фељтон

Мијаците под османлиска и српска власт

Улогата на селските првенци Мијачките населби имале свои првенци – познати и влијателни луѓе што посредувале меѓу населението и државната власт. Меѓу личностите што ги споменува Трајчев се Томо Ќаја, Ѓурчин и Сарџо. Нивниот авторитет не произлегувал само од материјалната состојба. Тие биле одговорни за одржување на редот, решавање спорови и заштита на интересите на […]

ОРЕШЕ – МИЈАЧКА КОЛОНИЈА ВО СРЦЕТО НА АЗОТ

Земјоделци, мајстори и чувари на мијачката традиција По описот на Папрадиште, Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“ се осврнува и на соседното Ореше. Двете села ги претставува како една поширока мијачка заедница создадена во областа Азот, во југозападниот дел на Велешко. Според податоците што ги пренесува авторот, Ореше било населено со мијачки семејства доселени […]

МИЈАЦИТЕ ОД ПАПРАДИШКАТА КОЛОНИЈА НЕ ПОДЛЕГНАА НА СРПСКОТО ЗЛАТО

Отпор против туѓата пропаганда „Последните години од турскиот режим Папрадиште беше често тероризирано, но Мијаците не подлегнаа на српското злато, ниту се уплашија од теророт на српските чети и го зачуваа своето национално чувство“ – пишува Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година. Меѓу мијачките населби на кои Трајчев […]

Карактерот и семејните вредности на Мијаците

Воздржаност, достоинство и добронамерност Во својата книга за Мијаците, Георги Трајчев го опишува Мијакот како воздржан, молчелив, добронамерен и благ човек, подготвен да помогне некому во неволја. Во неговиот опис, особено место заземаат чесноста, почитувањето на дадениот збор и грижата за семејниот углед. Воздржаноста не подразбирала отсуство на чувства. Тие најчесто се изразувале во семејниот […]

КРИМИНАЛЦИ ВО РЕКАНСКО И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, продолжува да ги опишува несигурноста и насилствата што во одредени периоди го нарушувале животот во Мијачијата и во поширокиот Рекански Крај. Разбојничките напади, кражбите, грабежите и уцените не претставувале само поединечни трагични настани. Нивното повторување постепено влијаело врз секојдневието, стопанството и движењето […]

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

Најнови вести

To top