Фељтон

Историјата на Македонија (14)

aleksandar-donski-2

aleksandar-donski-2

Александар Донски

Како ‘доказ’ дека Македонците биле Грци, денешните грчки историчари ја нудат и изјавата на Александар Први, кој (според Херодот) самиот изјавил дека потекнува од градот Арг на Пело¬понез. Ќе одговориме и на ова.

Како прво, градови по име Арг имало неколку во тогашниот древни свет. Денес сe повеќе науч¬ници (вклучувајќи го и александрискиот историчар од 2 век Апијан (Аппиан) сметаат дека, иако Александар го спомнал Арг на Пелопо¬нез како град на своето потекло, тоа всушност се однесувало на Арг Орестикон (близу денешно Рупишта, гратче што се наоѓа по горниот тек на р. Бистрица во Македонија). Ова значи дека Александар Први, сакајќи по секоја цена да учест-вува на грчките олимписки игри, најверојатно го измислил своето грчко потекло од Пелопонез. Денес поголем број научници се согласуваат со оваа теорија и сметаат дека тој си бил Македонец со потекло од Македонија, но за да му дозволат да учествува на грчките олимписки игри, намерно им рекол на Грците дека потекнува од Пелопонез, т.е. дека и самиот е ‘Грк’.

Оваа теорија (за потек¬лото на Александар Први од Македонија, а не од Пелопонез) ја застапуваат токму голем број грчки историчари!

Така, на пример, грчкиот археолог Алики Стујанаки во Воденското периодично списание Едесаика хроника (мај-август, 1972, стр. 18) пишува дека првата позната династија на Македонците нема потекло од Арг на Пелопонез, туку од Арг во македонската област Орестида и дека повеќето грчки истражувачи ја прифаќаат оваа теза. Таа пишува:

‘Помладите истражувачи на историјата оформија две различни гледишта: едни дека Аргос, како место за потеклото на Аргеадите е на Пелопонез… а другите тврдат дека Аргос е во Орестида (област во Македонија, з.м.) како што објаснува и Апијан. Последниве се повеќе и поверодостојни. (Христо Андоновски, цит. дело стр. 12).

Освен учеството на грчките олимписки игри, Александар Први Македонски сакал да им се доближи на Грците и поради политички причини. (заедничка заштита од Персија). Затоа негова цел му била што повеќе да биде присутен во грчкиот свет, иако соработувал и со Персија (која тогаш била непријателски расположена кон Грците). Неговата сестра била мажена за висок персиски достоинственик, поради што за време на грчко-персиските војни Александар Први играл улога на преговарач меѓу завојуваните страни, кој бил ту на едната, ту на другата страна. Дури отпрвин тој бил на страната на Персијанците, но ноќта пред битката помеѓу Перисјанците и Грците кај Платеа, тој наеднаш се свртел на страната на Грците и поради тоа го добил прекарот Филхелен – Пхилхеллене – (почитувач на Хелените), што исто така сосема јасно зборува дека тој не бил никаков ‘Хелен’, туку странец кој ги почитувал Хелените. Интересно е што денешните грчки и прогрчки историчари терминот ‘Филхелен’ се обидуваат да го објаснат како ‘синоним за Хелен’ (!?). Реагирајќи на ваквата манипулација, д-р Борза пишува:

”Филхелен’… бил назив кој нормално дека се однесувал на не-Грците. Напорите на некои современи автори терминот ‘Филхелен’ да го претста¬ват како синоним за ‘Хелен’ останаа без успех.’ (Борза, цит. дело, стр. 113).

Во полза на негирањето на наводното грчко потекло на Александар Први, т.е. на Македонската кралска куќа, од градот Арг на Пелопонез, постои уште една теорија, која станува се поприфатена во светската научна јавност. Повеќе историчари (меѓу кои и овде спомнатите д-р Борза и д-р Словиковски) посочуваат на фактот дека не постои никаков доказ дека Македонската кралска куќа потекнувала од грчкиот Арг. Според оваа теорија, приказната за наводното грчко потекло на Македонската кралска куќа била измислена поради политички потреби на тогашните македонски владетели. Ваквата приказна му била раскажана на Херодот за време на неговата посета на Македонија. Причина за ова бил стравот на Македонците од Персија, поради што барале приближување кон грчките градови-држави, но и учеството на тогашните престижни грчки олимписки игри. Како резултат на ваквата приказна, митолошкиот јунак Херакле станал славен и почитуван од Македонците. Подоцна и Филип Втори ја форсирал оваа приказна за да може полесно да владее над грчките градови-држави (Д-р D-r Synthia Syndor Slowikow¬ski, Sport and Culture in the Ancient Macedonian Society, The Pennsylvania State Univer¬sity, 1988, стр. 89). Оваа тенденција својот одраз го нашла и на македонските мо¬не¬ти.

Д-р Борза пишува дека Херодот некритички ја запишал оваа приказна, а подоцна Тукидид само ја препишал од него. И д-р Борза децидно потсетува дека нема ниту еден археолошки наод во поткрепа на оваа приказна, како и дека истата е заснована само врз митологија. (Борза, цит. дело, стр. 48, 80, 81 и 83). Тој потсетува дека во времето на создавањето на оваа приказна било во мода владетелите да бараат врски со митолошки или други славни личности. Впрочем, ваква појава имало и подоцна. Така, на пример, подоцнежниот македонски крал Филип Петти упорно тврдел дека е роднина на Филип Втори (иако тоа не било точно). Дури и римскиот војсководец Марко Антоние тврдел дека потекнува од Херакле, а секако дека има и други вакви бројни примери кај многу други народи низ историјата.

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top