Штип
1. Мите Серафов, убиен
с. Горни Балван
1. Коце Стојанов, публично бил тепан од српскиот капетан Димко.
2. Ефрем Арсов „
3. Тако Накојв, беследно исчезнал на пат за Св., Николе
4. Христо Постолов, убиен од четниците на Бабунски.
Во ова населто место зулуми над селаните вршел и полицаецот Џако, кој само во една прилика во 1915 г. публично (пред жените и децата) ги тепал поради пари:
1. Јоцо Везенков
2. Јорде Манев
3. Петре Мицов
4. Тимо Андонов
5. Зафир Стојанов
Во селото: често престојувале и специјални воени потерџиски единици. Во пролетта 1915 г. под изговор дека треба да се фати војводата Јован Брло, ваква потерџиска единица го, опколила селото, а 50—60 души насилно влегувале во куќите, грабеле се што мислеле дека е од вредност и на крајот навлегле во куќите во кои живееле млади девојки и жени и сите по ред ги изнасилиле. Најгрубо војниците постапиле со:
1. Јана Петрова
2. Вана Ладева
3. Севда Тасвва
4. Ѓурѓа Илиева
5. Василка Иванова
6. Ванга Митева и
7. Петра Ладева.
Жените биле на возраст меѓу 20 и 35 години. Тие биле групно силувани. Јана Петрова ја изнасилиле едноподруго 50 војници. Исто така постапиле и со другите жени, поради што останале со тешки последици.
с. Пиперево и Брест
Во февруари 1915 г. Јован Бабунски со четниците, а со помош од жандармите иа месната жандармериска станица и жандармите од с. Скоруша, по третпат го нападнале с. Пиперево и ги подложиле сланите на грабежи и насилства. Четниците и жандармите ги изврзале и одвлекле во правец на с. Брест следните лица:
1. Христо Јовев
2. Петруш Илиев
3. Богатин Георгиев
4. Стојан Андов
5. Коце Јовев
6. Петре Иванов
7. Сулеман Ахмедов и
8. Рушид Ибрахимов.
Во село Брест истите разбојници нападнале неколку семејства, ги ограбиле и ги тепале, а на крајот ги одвлекле од своите домови: Данаил Постолов и Стојан Кавраков и ги изврзале во ист синџир со заложниците од с. Пиперево, па кренале во правец на с. Гарван. Меѓувремено, најверојатно бројот на заложниците од с. Брест не им бил доволен и повторно се пуштиле во претрес на куќите. Кога не пронашле скриени дезертери, четничките разбојници почнале да ги измачуваат жените Катерина Миткова, Гуна Камчева и Зоја Манева.
И трите биле мачени, теглени за рацете, нозете и вратот и истовремено ги тепале со стап во половините, пореди што и умреле по извесно време во големи маки. Најмногу била тепана Катерина Миткова затоа што од иејзиното семејство: мажот и исто, деверот Костадин и внукот Славчо Митков побегнале во Струмица. Четниците и жандармите на Катерина и ја прекинале половината. По ова злосторство, злостораиците го продолжиле патот за с. Гарван. За да не губат во време, заложниците од Пиперево и од Брест ги затвориле во манасгирот „Свети Ѓорѓи”. Во манастирот заложниците биле изложени на секакви насилства. Заедно со нив била измачувана и служителката во манастирот Стојанка Велјанова, родум од с. Гарван. Заложниците биле тепани, удирани во ѕидовите, им сечеле делови од телото и ги давеле со сопстввното месо и сл. Во вечерните часови меѓу 15 и 16 февруари 1915 г. недотепани, живи биле заривни во дупка под една стена до изгорениот манастир. Заедно со нив биле испотепани и Иван Илиев, Христо Авдонов и Коце Јанев од с. Гарван. Покрај овие, на 15 и 16 февруари биле тепани до смрт 17 мажи и жени од село Гарван, за кои стана збор во претходното излагање.
с. Крупиште
Според една верзија Санде Коцев, Коце Донев и Беличко Зафиров биле одвлечени од дома една ноќ во почетокот на 1915 г., а според друга биле одвлечени во комора во октомври 1915 г. и исчезнале беследно.
с. Горно Трогерци
1. Трајчо Филипов, тепан во една плевна
2. Василка Т. Филипова, жена на Трајчо
3. Пано Бунчев, побегнал во Бугарија
4. Стојко Дафков
5. Трајчо Дафкав, сокршен од тепање
6. Катерина Ст. Дафкова,
Означаните оо 2 и 3 требало да бидат осудени на смрт. По бунтот во Овче Поле побегнале во Бугарија.
с. Долно Трогерци
Од ова населено место во почетокот на есента 1915 г. биле одвлечени од своите домови 6мина селани, кои повеќе не се вратиле. Нивните имиња се: Јане Шаклев над 70 г. возраст, Јане Стојчев 70 г., Санде Кузин 85 г. одвај одел, Саздо Иванов 55 г., Лазо Јанков 35 и Јордан Иванчев, средовечен човек.
Покрај овие, голем број селани биле тепани и затворани во жандармериската станица во Горни Балван. Меѓу сите најмногу бил тепан и сокршен Коле Малечката. Но штом застанал на нога, побегнал во шумата и станал најголем заколнат непријател на српската власт.
с. Сарчиево
1. Салтир Митрев, одвлечен ноќно време и исчезнал беследно;
2. Стојан Димев „
Покрај овие, во месноста „Спасиј Рид” од страна на српските војници биле исклани 7 души селани, обвинети за давање помош на бугарската војска. По дигањето на Овчеполскиот бунт, од страна на четата на Јован Бабунски биле тепани: Ладе Рампов и Трајчо Црнилишки.
Пред да бидат тепани публично, тие биле затворени во турската кула. Бабунски им наредил на четниците да ги тепаат се додека не им ги искршат коските. И двајцата биле прекинати од тепање во половините.
с. Врсаково
Пано Митев Трајчев и Тоде Митев Трајчов биле одвлечени од своите домови ноќе и до денес не се знае на кое место биле масакрирани. Пред да бидат одвлечени биле тепани и измачувани во селото заедно со Ване Куков, тепан поради тоа што син му Коце Куков дезертирал од српската војска, потоа Јован Врсачки, тепан поради истото, син му Јордан дезертирал, и Илија Бравчев кој многу бил тепан по војничкиот бунт кај Криви Дол и Врсаково. И не само тоа. Четниците на Бабунски и жандармите со посебна жестокост се пресметувале со селаните од Врсаково поради тоа што дезертерите Коце, Јордан и Ване се вклучиле во четата на Иван Јанев — Брло. Сите тепани селани изумреле од добиените повреди.
с. Судик
1. Лазар Андонов, кметски наместник во с. Стануловци, убиен по истрагата во врска со Овчеполскиот бунт.
2. Милан Зафиров, тепан во центарот на селото во врска со истата афера. Тој подлегнал на повредите. По него била тепана и давена и жена му Ленка Зафирова, која исто така подоцна умрела од повредите.
4. Миле Јосифов, бил сокршен од тепање, подоцна и тој подлегнал на раните.
с. Танатарци и Горачино
Во ова населено место селаните и тоа: старците, жените и децата, меѓу април 1914 и октомври 1915 г., биле тепани во три или 4 наврати. Во пролетта 1915 г. бил одвлечен од четниците и војниците Данаил Стојанов, кој исчезнал беследно. Постои сведоштво дека жив бил закопан (но овој податок не може да се смета за утврдено веродостоен).
с. Чардаклија
Военочетничката акција за прочистување на теренот од „бугарски комити”, со мали прекини траела за цело време на првата српска окупација на Вардарска Македонија. Потерџиите со голема жестокост се нафрлувале особено ако на некого му се прикачело сомнението дека е јатак на комити или чувар на воени дезертери. За такви виновници четниците на Бабунски ги прогласиле следните селани од Чардаклија:
1. Христо Петров
2. Иван Милев
3. Орде Тиквешлиев
4. Мите Наков
Сите овие четворица биле ноќе одвлечени од четниците.
Првите тројца исчезнале беследно и до денес не се знае каде се погубени. Додека за Мите Наков, не само современиците туку и на помладите поколенија им е познато дека е избоден и зариен во земјата во месноста „Маслинка”. Истовремено, лично од Јован Бабунски биле тепани браќата Кирил и Дано Рибарски.
Во врска со овој настан еден современик забележал: „Јован Бабунски дојде со четницате во селото за да се пресмета со браќата на Гано Рибарски, писарот на Јован Брло. Неговите браќа Кирил и Дано беа фатени и изврзани од четниците и ги доведоа на гумната. Тука беа довлечени и Христо, Иван, Орде и Мите и жените Гена Иванова, Вида Смилева и Јана Наумова. Кога почнаа да го тепаат со вила Кирил Рибарски, брат му Дано почна да го пцуе постариот брат — комитата Гано Рибарски. Кога тоа нешто го слушна Бабунски, го ослободи Дано, додека Кирил беше толку тепан, така што дома го однесоа во вреќа. Но, здрав човек беше, живееше 105 години. Жените исто така ги тепаа многу, а четворицата мажи ги погубија”.
с. Калапетрово
Во 1914 г. и во 1915 од страна на четниците на Бабунски и на жандармите биле тепани и мачени голем број селани;
Меѓу сите најмногу биле тепани:
1. Ласко Домазетов
2. Божана Пецева
3. Ѓуро Алексов
4. Сава Миланова
5. Јордана Стоилкова
Последиците од раните ги носеле до крајот на својот живот.
с. Караорман
Во 1915 г. српските војници одвлекле од селото 8.000 овци и неколку чифта запрежен добиток.
с. Припечани
1. Мите Георгиев
2. Лазар Тасев
3. Кирил Христов
4. Васил Андонов
5. Иван Атанасов
6. Зафир Паунов
7. Саздо Николов
8. Апостол Атанасов
9. Милуш Стоилов
10. Огнан Атанасов Чаушов
11. Васил Георгиев
12. Гаце Андонов
13. Поцка Апостолов
14. Трајчо Паунов
Сите биле уапсени и убиени во затворот. Сведокот на апсењата, М. Г. Андонов, тврди дека Георги Митев Припечански бил обесен на еден даб во месноста „Василкова Нива”, а пред тоа го газеле со нозете и му сечеле месо од нозет и го принудувале да го јаде. Истото му го сториле четниците и војниците и на Никола Георгиев, и нему му сечеле делови од телото.
с. Вртешка
Во 1915 г.. по ослободувањето на Софија Георгиева Николова од затвор, војводата Георги Николов, маж на Софија, започнал да се колеба. Учествувал во акциите на четите на ВМРО, но планирал да премине на страна на окупационите власти. Трипати едноподруго жена му била мачена и затворана. За време на последното тепање таа попуштила. Побарала да ја ослободат, а ветила на четниците и жандармите дека ќе го наговори Георги да премине на нивна страна. Така и се случило. То 1915 г., Георги Николов заедно со жандармите вршел присилна мобилизација на војници од турските и од македонските села. Кога разбрале четите на ВМРО за предавството на Георги, веднаш кат него биле испратени Атанас Куциров од с. Козбунар и Ефтим Илиев од с. Вртешка, со намера да го одвратат од предавството, а доколку не сакал, биле задолжени, како знаат да знаат, да го спроведат до с. Муратлија Во куќата на Зекирага, доверлив човек на Организацијата. Георги Николов ги примил на гости двајцата четници и се потрудил да им објасни дека бил принуден така да стори, од причини што бил во прашање животот на жена му и на детето, кое штотуку требало да се роди. Во рамките на своите овластувања, посредниците Атанас и Ефтим ја прифатиле исповедта на Георги Николов, но сепак му рекле да појде со нив во с Муратлија каде што ќе требало да разговара со поовластени луѓе на ВМРО. Георги не се противел и заедно со нив заминал во с. Муратлија, во куќата на Зекирага. Кога дошле тука, куќата биле опсадена од четници Јуруци што биле во служба на ВМРО, кои го фатиле Георги, го врзале со јажиња и го одвлекле во правец на јуручхото село Ебеплија. Подоцна Атанас Куциров и Ефтим Илиев посведочиле дека Георги Николов бил изделкан на парчиња што му ги давале да ги јаде. „Јуруците имаа заповед да се убие Георги на ист начин, како што нашите ги убиваше Јован Бабунски. За гробницата не знаеме, најверојатно нема, а нас една група Јуруци не префрлија во Бугарија”.
Репресалии од четниците и жандармите во периодот септември 1914 — март 1915 г. биле вршени и во останатите места од Штипска околија. Така, во втората половина на февруари 1915г. , само во една ноќ, српските потерџии убиле 95 испофаќани воени и други бегалци од Штипска и Радовишка околија, односно, во февруари и март 1915 г., на територијата на Штипска и Радовишка околија, меѓу четите на ВМРО и српските потерџии, се водела вистинска војна од која најмногу страдало месното население.
Oд двотомното издание на авторот Димитар Галев, Белиот Терор во Југоисточна Македонија 1910-1941, Друштво за наука и уметност, Штип 1991.
Продолжува