Фељтон

Радовишка околија (8)

Радовиш

1. Глигор Чачаров, бил убиен во јануари 1915 г.
2. Ефтим Јанвв Караманов „
3. Туше Здравков, направил обид да се самоубие за време на истрагата, односно, се фрлил врз штикот на еден од жандармите што ги измачувале затворениците.
4. Коце Зафиров, поулавел, не можел да ги издржи морничавите измачувања во затворот.
5. Ташо Андонов, се фрлил преку прозорците на затворот.
6. Петруш Вантов, умрел од нанесените повреди во затворот;
7. Димитар ПопИлиев „
8. Григор Матрапазов „
9. Кирил Г. Матрапазов син на Григор на 16 години
10. Григор Кршков, се самоубил, потоа жандармите го секле на парчиња
11. Иван Карпузов, затворен и измачуван
12. Туше Христав „
13. Петруш Грбулата „
14. Коце Пецин „
15. Туше Теохаров „
16. Таше Дацин „
17. Илнја Зафиров „
18. Андон Мизев „
19. Глигор Бујуклиев „
20. Тодор Калајџивв „
21. Туше Бораниев „
22. Петар Газепов „

Сите овие бигае затворени по неуспешниот обид за бегство на Тодор Грбулов и Коло Гудан. Претходно стана збор дека затворениците од Радовиш многу биле измачувани во турското турбе. Означените од реден број 1 до 9 немале сили да ги издржат ѕверските постапки на џелатите, меѓу другото и лулање на телата со ортоми и железни куки. Едни биле избодени ноќта кај „Славева Река”, а други побарале спас преку самоубиства да си ги одземат животите. И не само тоа. Бројот на затворениците од априп 1914 до април 1915 г. постојано се зголемувал. Покрај напред наведените, во тој период се затворени и:

1. Василка Матрапазова
2. Катина Поценцева
3. Ајше Зеицрова
4. Навлија Матова
5. Зујца Василева
6. Василка Дулдурова

Првата ја издржувала казната во Штипокиот, а другите 5 жени во Скопскиот затвор.

Во Призренскиот затвор, кој според сведоштвата на преживеаните повеќе личел на логор на смртта, одошто на поправен дом, биле затворени:

1. Туше Христов, успеал да побегне од затворот
2. Григор Лоѕанлиев
3. Георги Христов
4. Туше Кочкаров
5. Аф’з Исмаилов
6. Сали — беј, кој успеал да побегне од кај Вучитрн пред да пристигнат во Призран. Затвороките измачувања ги избегнале неколку учители, кои со помош на четите на ВМРО успеале да побегнат во Струмица.

с. Дедино

На 16 март 1915 г. српските екстремистички управувачи од Брегалничкиот округ, потпомогнати од гнасниот Јован Бабунски извршиле вистинаки воен напад врз селата Дедино (јатак на Гоце Делчев), Скоруша, Трескавец и Загорци. Откако ограбиле и претепале голем број луѓе, на повлекувањето ги фатиле и изврзаии ги одвлекле со себе: Иван Илиев, поп Михаил Иванов Илиев, син на Иван, Никола Иванов Илиев, син на Иван, Крсто Илиев, брат на Иван Илиев, Стефан Трајков, на 80годишна возраст, Крсто Стефанов, син на Стефан, Иван Христов, Георги Домазетов, Христоман Илиев, Лазар Коцев, Крсто Петлакот, Илија Шлангов, Туше Анастасов, Трендо Шапкаров, Мице Атанасов и Ките Мачов од село Дедино; Спасо Масдаров и Атанас Спасов од с. Скоруша; Шакир Мустафов и Сулеман Маџиров од с. Трескавец; Христо Дончев и Дончо Арсов од с. Загорци. Откако се оддалетиле од селата, жандармите и четниците почнале да ги јаваат и да ги бодат со ножввите. Ги одвеле во месноста „Лозјата” (денес се вика „Пусти лозја”), ;каде што бил вршен постедниот распит на жртвите. На ова место уапсените биле бодени, им набивале спици под ноктите, им сечеле делови од телото и на крајот сите биле живи закопави во една гробница. Иако џелатите поставиле густа стража околу местото на злосторството, сепак, Крвавата драма била следена од неколку овчари, кои во детали ги информирале свмејствата на масакрираните за начинот на кој биле погубени. По извесно време од злосторството, избодените мртви тела на убиените биле префрлени во Селските тробишта.

Од село Дедино за време на военожандармериската потвра биле заклани (беследно исчезнале) коњарите:

1. Георги Трајков 2. Христо Илиев
3. Павде Митев
4. Иван Христов
Семејствата на исчезнатите долго врвме трагале по нивните трупови, но до денес не е откриена нивната гробница. Колежот бил извршен во ноќните часови.

с. Ињево

На 10 јануари 1915 г., четниците на Јован Бабунски и специјалните крстаречки воени и жандармериски единици извршиле напад на селата Ињево, Дамјан и с. Гарван, во кои тепале и ограбиле голем број луѓе, а Илија Мицев, Георти Коцев, Гоно Трајков, Танка Иванова (Делиманова) од с.Инево; Иван Велјанов, Коце Лјулјаков, Амет Слимов и Мусо Дебелов од с. Дамјан; Христо Мрзов од с. Гарван и Темелко Симеонов од с. Браштица ги врзале со ортоми и синџири и ги одвлекле во Дамјанско Поле во месноста „Дупка”. Луѓето од Ињево биле тепани уште во селото кај црквата „Свети Спас”. Со посебна жестокост била тепана со зелено дрво Танка Делиманова, која набргу потоа подлегнала на повредите и умрела. Останаште сами си ја ископале гробницата во месноста „Дупка”, во која биле закопани, живи. Сведоците од с. Дамјан кои го наблудувале измачувањето на жртните пред да бидат живи зариени во земјата, од страв да не им се случи и на нив истото, молчеле полни 8 месеци, не ја посочувале гробницата. Во октомври 1915 г. кога србите почнале да ја напуштаат територијата на Радовишка околија, сведоците ја откриле морничавата тајна. Во врска со тоа, едвв од луѓето што ја отвориле заедничката гробница сведочи: „По гробот на татко ми и на остајнатите исклани од нашето село трагавме цели 8 месеци. Се шепотеше дека се Избодени некаде во Дамјанско Поле, но никој не се осмелуваше да ни го покаже тоа место. Во есента, кога Србинот почна да бега, дојдоа жените на Амет и Мусо и ни рекоа дека гробницата е откриена. Јас во тоа време имав само 15—16 годиви, но бијдејќи се работеше за родениот ми татко, учествував во расклопувањето на гробницата. Работевме полека за да не ги повредиме коските на мртвите. За чудо, кога ја отворивме гробницата, телото на Гоно Трајков беше цело, не се познаваше дека е мртов. Тогаш, морам да признам, се исплашивме и престанавме да копаме. Турците се исплашија и започнаа со претпоставки: штом немало на нивните Турци (мртовци) удрено крфија во папокот, сигурно тие веќе постанале вампири. Брзо се созедовме, собравме сили и почнавме вден по еден да ги вадиме од гробницата. Штом ќе ги фатеше воздух, месото се претвораше во прав и остануваа само коските. Но, иако за кусо време пред да се распаднат, се распознаваа бодежите на нивните тела. Рацете им беа полни со коса, а устите со земја. По тоа се гледаше, дека навистина живи биле закопани пад земјата”.

Покрај оние жртви, во периодот јануаримарт 1915 г. во Радовшка околија жртви на четниците на Бабунски и на специјалните воени единици биле: Трајанка Иванова и Иван Здравев од с. Воиславци, Иван Илиев, Христо Андонов и Коце Јанев од с. Гарван; Христо Донев, Иван Димитрав, Атанас Христов и Поцко Иливв од с. Габревци; Зекир Еминов, Емрише Зекирова, Мула Мусов, Леман Јашаров, од с. Дамјан; Емин Мустафов, Џемаил Илиев од с. Караџалар; Иван Поцков, Никола Иванов, Мустафа Ибраимов, Мустафа Ајрушов од с. Рахитец; Ефтим Цимандров и Тенчо Коцев од с. Сулдурци; Трајко Антонов, Јане Веселинов (не дал заклетва од Крагуевац), Трене Владов, Захо Поцвв од с. Шипковица и други.

Покрај убиваните, во тој период многу луѓе од Радовишко биле тепани и затворани, а извесен број се регистрирани како беследно исчезнати. Така на пример, од едно дополнително сведоштво (список со коментар) на Стојанка Ј. Илиева може да се утврди дека во пролетта 1915 кога била убиена Танка Бајрамјова од с. Ињево, истиот ден до смрт биле тепани и Гуна Трајкова и Мара Калеова, кои за време на тепањето биле врзани.” Гуна ја одврза едеб жандарм и ја удри во грбот со кундакот на пушката. Од ударот доби грба и не можеше да се излечи. Таа поулаве и почина од последици на повредите. По неа почина и Мара Калеова, додека останатите га беа закопале живи во една дупка во Дамјанско Поле. Неколку месеци по убиството беа откопани, но некои беа со отсечени раце, на други им беа отсечени едната, двете нозе и сл. Бев голема, имав 23 години и добро знам, ги донесоа во Селските пробишта во кошеви”.

Oд двотомното издание на авторот Димитар Галев, Белиот Терор во Југоисточна Македонија 1910-1941, Друштво за наука и уметност, Штип 1991.

Продолжува

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top