
Македонија, 2010
Прв дел
Идентитет е основно човеково право на чувство, паметење и прататковинско суштествување на етногенороден народ, кој милениумски се конституира низ примарни и примерни посебности, особености, специфики и сознанија од прататковинско суштествување, колективно паметење и зрелост низ минливите и менливи збиднувања, такашто сознанијата прераснуваат во сведоштва и закономерни оставштини за идентитет.
Татковинските милениумски збиднувања, од сите сфери и епохи на живеењето укажуваат на континуитетот од колективното и поединечно историско минато а индивидуите или етногенородниот народ се задолжуваат на паметење, толкување, изучување, негување, самоосвестување, продолжување, критика, одбрана… за да егзистираат како татковинска, заокружено-потврдена целина, идентитет.
Идентитет е состојба од сознанија за една единка или целина на народ во која нештата од суштествувањето се поставувале, изградувале, осознавале, вреднувале, согледувале…секогаш појавувајќи и оформувајќи сé во основните начела и аспекти од прапрвичната фактичка состојба, како стожер основа за појдовна современа и своевидна индивидуално-колективна креација во зависност од друштвените збиднувања, a проучувањата на идентитетот низ историските епохи, системи и одредени состојби, ги дефинираат збиднувањата и формираат актуелни посебности, низ индивидуално-колективниот óд, вкрстосувајќи аспекти од едно време, состојба, процес и потреба на единката, заедницата, колективот, народот и нацијата.
Идентитетот излегува од доменот и волјата на поединецот, случајното и туѓото, се вгнездува во објективното, нужното и општото, темелно ја дефинира посебноста на етногенородниот поединец или народ низ историскиот развој, носејќи, претставувајќи, поставувајќи и презентирајќи ги елементите на суштествувањето, секогаш понирајќи во сознајната свест на поединецот, целината, народот или нацијата, а етногенородните карактеристики на посебност, со сите древно-цивилизациски вредности, го дозволуваат правото на дотичен народ да и дадат име на земјата на која суштествуваат, да се именуваат по тоа име, како единки, народ и нација, и да го носат епитетот во нашиот случај македонски.
Докажување идентитет на еден народ, покренува лавина на научни аналитички студии од следните профили на професии: географолози; геолози; епиграфисти; палеолисти; топонимисти; хидронимисти; лингвисти; ономастичари; археолози; етнолози; културолози; теолози; философи; историчари; политиколози; хуманисти…кои треба да ги согледаат прапочетоците, севкупното минато, развој и континуитетот на суштествувањето на дотичен етногенороден народ, а потврдно докажување за македонскиот идентитет се древните археолошки артефакти, со врежани зборови “Македон”, “Македонец”, “род македонски”, “Македонија”, “македонско тло”,[1] кои зборуваат дека од неолитот до наши дни, Македонците биле и останале Македонци, да сведочат за векутума век, со сопствениот идентитет, како најстар етногенороден народ, територија, нација и цивилизација во светот.
Од единаесетиот милениум до седмиот милениум пред Христа, на тлото на Македонија суштествувало организирано неолитско општество, со автохтоно етногенородно население, имале свое писмо и зборувале на ист јазик, а светската наука ги идентификувала и дефинирала како Пелазги, Анти, Венети (Венди, Винди), Древномакедонци,[2] Феникијци, Траки, Сармати, Илири, Словени, иста популација, со различни називи, а античкиот историчар Justin, вели “Македонија претходно се викала Ематија[3](мајка) по божицата Ма,[4] и била позната по народот Пелазгиски”, или Strabon кога вели “во Ематија (Македонија) живееле Илири и Епирци, а Ематија била нарекувана и Пеонија”,[5] што значи Пеоните (Древномакедонците), Антите и Венетите се браќа по крв од Пелазгите и уште појаснува дека “Пеоните биле нарекувани и Пелагони”[6] (Пелагонија, област во Mакедонија), оттука името Македонија пред сé било национ македонски за потоа да стане географски поим Македонија.[7]
Пелазгите го добиле името од народот Пеласти (Беласти), термин со исто значење и во современиот македонски литературен јазик (Беласти, бел народ по својот бел пигмент на кожата), а ако врз јазикот и писмото почива автохтоноста на еден народ или нација, тогаш и припадноста на современиот македонски литературен јазик е во индоевропската (виндоевропската) Древномакедонско-пелазгиска група на јазици и писмо од древните народи поклоници на сонцето,[8] всушност од неолитските Пелазги настанале групите ентитети Анти, Венети[9] и Древномакедонци,[10] такашто од времето на популацијата Анти, милениумите биле наречени антички периоди, антички епохи, античка култура…, а подоцна од Антите, Венетите и Древномакедонците настануваат ентитети: Феникијци; Бриги(Фриги); Етрурци; Мизи; Скити; Трибали; Траки; Дардани; Илири…,[11] а сите заедно го добиле името антички народ.
Античките историчари, Strabon, Pompej Trog, Markus Justinius…установиле дека Македонците во земјата Македонија се Древномакедонско-Пелазгиски народ и во историската наука дефинирани како Протословенски(Прасловенски) народ,[12] имено, на тлото на Македонија суштествувала етногенородна и еднојазична Пелазгиско-Древномакедонска етнија,[13] која оставила богат гласолошки супстрат, давајќи своја топонимија која и денес живо егзистира, со исто и силно јазично аргументирано значење кај современите македонци, со генетски и етно-културни посебности, најнапред од Пелазгите, Антите, Венетите и Древномакедонците, кои подоцна го добиле заедничкото име Словени,[14] за што јасно сведочат аргументирани факти, дека современите Словени се етногенородни потомци од Склавини, Илири, Гети, Трибали, Траки, Келти(Кити),[15] Бриги(Фриги), Скити, Древномакедонци, Венети, Анти и Пелазги.[16]
Со опстојувањето на пелазгиско-древномакедонската етнија во континуитет следи еволутивниот процес на етногенородната група Древномакедонци, а со тоа и името на Македонците продолжува да егзистира како име на најстарите жители во Македонија, населувајќи, цивилизирајќи и облагородувајќи простори од Европа, Азија и Африка, кои пак како народ од етногенородната пелазгиска група Анти го добиваат и името антички свет.[17]
Древномакедонците во Македонија ја формирале првата држава на цивилизациското суштество човек во светот, со древномакедонска династија од цареви,[18] со централистичко владеење на целата неделива етничко-географска територија, со пелазгиско-древномакедонски јазик и писмо, со древномакедонска култура, со древноцивилизациски македонски вредности…чие присуство на македонска почва го сведочат 6 000 регистрирани археолошки наоѓалишта со безброј артефакти од древномакедонска оставштина.
Стотици лингвисти од сиот свет научно докажуваат дека прасловенскиот јазик е протословенски, односно древномакедонско-пелазгиски, а феникијско-етрурското писмо во целост идентично со древномакедонското-пелазгиското фонетско(гласовно) писмо,[19] исто така Diodorus вели “соларно-космографската оставштина, епиграфско-нумизматичките извори, древната митологија, древната религија и легендите се пишувани на пелазгиски јазик”,[20] подоцна древномакедонски јазик и писмо.
Словените како етногенородни потомци на Пелазгиско-Древномакедонската етнија и во јазична смисла биле поврзани, оттука во подоцнежен период пелазгиско-древномакедонскиот јазик го добива името илирски или словенски јазик, со пелазгиско-древномакедонски фонетски(гласовен) систем на писмо од знаци со “црти и рески” што го потврдуваат историчарите Tacitus и Diodorus, констатирајќи дека творци биле “Венетите(Феникијците)”,[21]и зачудува фактот што денес во Македонија постои лингвистички и друг доказен материјал од најмалку 25 000 години и уште поважно претставува идентична основа на современото македонско писмо и јазик, затоа со успех и леснотија современите македонски научни дејци ги дешифрираат тие доказни древномакедонски артефакти.
Продолжува наредна среда
[1] Strabo, VII, fr, 11.
Georg Autenrieth, A Homeric Dictionar…p.74
Homer, Ilijada, II, 14, 226
Homer, Ilijada, II, 846
[2] Marcus Iunianius Iustinius, Pompeius Trogus.., VII, 1,3
[3] Ibid…, B14.226.
[4] Маргарита Китан Ивановска “Букварот”2009, стр.16-17
[5] T.Liv., XI.40 Види и: Polub., XXIII.4.
[6] Marcus Inuianius Justinius, Historiae Philippicae, Lib. VII.1,1.
[7] J.R. Ellis, Philip II and Macedonian imperialism, London,.1976 p.44
[8] V. Thomsen, sur la parente de la langue etrusque, Copenhagen, 1954, p.188
[9] Д-р Петар Поповски “Украдена историја” 2009.57.
[10] M. Ch. Fittboten. De Pelazgis, De comentario historica et eritica, Frankfurt. 1862 pp.11-23
[11] Anthenz Ambrozic, Gordicki knot unbouned, Toronto, Kanada, 2001, pp.41-72
Dimitri Skepsiski, On the Martialling of the Trojan Forzes Cambridge, London, 1931. pp.43-44
[12] Josephe Kostrzevski, Les origins de la civilization dolonaise, prehistoire-protohistoire, Paris. 1949. p.9.
M. Vaultier, Bulltetin des Sciences historique, antiquites, Philologie, Tome IV, Paris, 1825, pp, 396-397
Emile Burnouf, Essai sur la Véda, Paris, 1863, p.57.
[13] M. Ch. Fittboten. De Pelazgis, De comentario historica et eritica, Frankfurt. 1862 pp.11-23
[14] F. Sebastiano Dolci, De Illyricae…, p.IX.
[15] Маргарита Китан Ивановска “Букварот”2009, стр.13-14
[16] Jordanes, De origine actibusce Getarum(Getica), Lib. XXIII, Roma, 1986, p.43
S. Kutar, Kako vaznost ima “Jordanis” za slovensko zgodovinopisje, Ljubljana, 1880.p.86
[17] Adolphe Pictet, Les origins indo-europennes on Les Azyas primitivs, Essai de Paliontologie Linguistique. Tome Premier, Paris. 1877.p.9.
[18] H. B. Voyage into Levant, London, 1636.p.19.
[19] Diod., Siculi, Lib.V.p.7
Tacit, Anallji. Lib.XII.p.14
[20] Diod., Siculi, Lib.III.p.67,4.
[21] Васил Иљов, Нови сознанија за писменоста…, 84.