
Македонија, 2010
Со пелазгиско-древномакедонски јазик и писмо се служел македонецот Хомер и неговиот учител Пронапид, затоа поемата “Илијада” обилува со зборови кои денес живо егзистираат во своите архаизми во современиот литературен македонски јазик, а древните историчари Тамир и Лин, пишувале на истото писмо и јазик, и сета древна митологија од тлото на Македонија била напишана на фонетско(гласовно) пелазгиско-древномакедонско писмо и јазик.[1]
Современата македонска наука за етимолошкото толкување на епосот Хомеров “Илијада” зборува дека терминот е од изворно Пелазгиско-Античко-Венетско-Македонско-Словенски зборови, коренот “Илиј” со значење “Сонце”[2] и придавката “ада” со значење “земја”, а заедно “Сончева земја” со исто значење и во современиот македонски литературен јазик, а денес за современите македонци сонцето е симбол за етногенородот и потврда за идентитетот македонски во “Сончевата земја” Македонија, истовремено и симбол на државното знаме на Република Македонија.
Етногенезата на етногенородните Древномакедонци е прекрасно искажана во епосот “Илијада”[3] од македонскиот автор Хомер и обилува со зборови кои денес во своите архаизми се исти или слични кај современите македонци, искажана и во папирусите од Herodoth и “Енеида” од Вергилеј, а името Македонија, народот Македонци, писмото македонско и јазикот македонски, живо и во континуитет до денешни дни опстоеле да сведочат за етногенородниот Пелазгиско-Древномакедонски идентитет во сите историски епохи.
Во Хомеровото дело “Илијада”[4] има повеќе од 40 000 зборови што се идентични или слични со современиот македонски литературен јазик, за илустрација:
Пелазгиско-Древномакедонски Современо-Македонски
ајде ајде
ајма ајма, ајде
балано балано, баласто, големо
бере бере, збира, собира
берет берет, бере, збира, собира
билја збилја, вистина
благо благо, богатство
ближика ближен, близок
бога бога, бог
бона бона, дона, жена
бригди бриги, грижи
василија силија, базилство
веко векна, леб
вести води, одведе
вер вера, верба
виблос библос, библија
вивлион библио, библиски
видето видето, видено, виде
висос височина
воало веало, вее
вронти гронти, вреви
вувон уво, глуво
герме грееме
голио голио, гол
гор горе
грееме грееме
гуга гуга
дар дар, подарок
димница димница
дол дол
домус дом
дума дума
затна затна
зелкиа зелка, зелки
иде иде
кс ксна, касна
кунес куне, кутре, куче
ламија ламја
ланеж ланец
лед лет, лета
липа липа
лом лом
матер мајка
медовина медовина
мелко млеко
миликос мили
молја молја
мортос мртов, мортус
нас нас
огон огон
ое мое
оп оп, опаа
ости остај
оуде овде
пез пеш
петје пејте
печ печка
пиете пиете
пиеш пиеш
плуг плуг
предол предел
при при
позеди позади
рад радост
рај рај
све све
седло седло
си си
синатеи сина, светна
сон сон
стермо стрмо, стрмно
стинеј остине
та таа
тај тој
ти ти
уседај заседи
уседи седи
хости гости
Продолжува наредна среда
[1] Diod., Siculi, Lib.III. p.67,4.,
N. Densušianu, Dacia praistorica, Bucurešti, 1986, p.118
[2] Херодотова историја…,т. I, стр. 419.
[3] Ibidem.
[4] Спореди кај: Aleksandar Donski, Nekolku mozhni gramatichki formi od jazikot na antichkite Makedonci “Australian Macedonian Weekly”, Edition; No 978, Sidney, 3 july 2007.p.42.
Спореди кај: Васил Иљов, Најстари сведоштва за македонската писмена традиција “Нова Македонија”, Скопје. 16/03/2009
Спореди кај: проф. Д-р. Ташко Д. Белчев, Венетска односно древномакедонска топонимија “Македонско Сонце”, бр.264, Скопје 2000, 30-32