Коментари

Настаните на Калето, предизвикани од опозивијата во прилог на Грција

svekrva

svekrva
Свекрва

Средбата на премиерот Никола Груевски со американскиот потпретседател Џо Бајден и државниот секретар Хилари Клинтон како да невестува дека решението за спорот околу името влегува во последната фаза. Во овој момент се прават огромни напори од повеќе страни кои имаат интерес да се реши ова прашање, за да се одблокираат евроатланските интеграции на Македонија.

Меѓутоа, за разлика од Македонија и нејзините пријатели,  Грција прави се за да го попрече евроатланскиот пат на Македонија. За таа цел грчката заедница во САД, пред посетата на премиерот Никола Груевски на американскиот потпретседател Џозеф Бајден и државниот секретар Хилари Клинтон, испратија писмо со кое сакаат да им укажат на американските власти дека Македонија не заслужува да влезе во НАТО.

Во писмото испратено до првите луѓе на САД, Македонија ја обвинуваат за иредендитизам, непочитување на малцинските права и извртување на историјата. Напоменувајќи дека иако Албанците  во Македонија морале преку војна да ги добијат своите права, тие укажуваат дека сеуште „има постојано делење меѓу етничките Албанци и словенското мнозинство во ФИРОМ“, и дека неможе да стане членка на НАТО се додека не „стане  вистински придонесувач на мирот, демократијата и стабилноста и безбедноста во Југоисточна Европа.

Во прилог на оваа теза на Грчката емиграција одат и настаните на скопското „Кале“ каде се судрија двете најголеми заедници во Македонија. Случајно или не, само неколку дена пред заминување на премиерот Груевски за САД, под зидините на скопската тврдина „Кале“, помеѓу две групи Македонци и Албанци, се водеше вистинска „средновековна“ војна, во која „играа“ ножеви, летаа камења, летви, тупаници и клоци. Во „битката“ беа повредени двајца полициски службеници, дел од полициските сили кои се обиделе да ги раздвојат завујуваните страни и шестмина цивили на возраст од 13 до 24 години.

Инцидентот се случил на 13–ти околу 13,15 часот кога групата организирана преку Фејсбук си заминуваше од Калето, а втората група организирана од невладината организација “Разбуди Се!“ пристигнуваше на тврдината. Еднините да го одбранат објектот црква кој се гради како музеј во кој ќе бидат изложени експонатите пронајдени на Калето, а другите  кои се противат на изградба на овој објект. Инструментализираната деструктивна група, добро организирана од невладината “Разбуди Се!“,  поврзана со опозицијата ги нападнаа младите македонски патриоти кои наместо нивните татковци застанаа да го одбранат македонското културно наследство, македонските корени и името. Помалубројни, оневозможени и притиснатаи во простор од каде нема излез, младите Македонци го извлекоа подебелиот крај. Пролеаа крв, крв која ја најави преставник на опозицијата пред извесно време.

Само да се потсетиме на изјавата дадена за „Фокус’, во која поранешниот премиер и претседател на најголемата опозициона партија, В.Б., вели „дека доколку не се распишат избори, неговата партија ќе предводи немири кои треба да резултираат со насилно уривање и преземање на власта.“ Заканата, „или ќе има избори или крвопролевање“, дополнета со заканата на негов сопартиец дека доколку дојдат на власт „ќе јадат живи луѓе“, доби потврди под тврдината на скопското „Кале“.

Нивните продолжени раце, медиум кој од пред извесно време јавно го повикува населението на немири и цело време ја поткреваа тензијата и ги подгреваа меѓуетничките тензии, како и сателитските невладини организации,  предизвикаа судир во кој се пролеа првата крв. Но се пролеа крвта на деца, кои можеа да бидат нивни синови или ќерки. Но за опозицијата да се дојде до целта, тие се  само колатерална штета која мора да се плати, односно преку крв да се дојде на власт, надвор од правниот систем на институциите.

Опозицијата после инцидентот крајно саркастично и лицемерно ја обвини власта, а како да заборави дека тие беа кои се спротивставуваа на проектот Скопје 2014, дека континуирано преку медиумот ги подгреваа меѓуетничките и верски тензии и кои на крај се рефлектираа на скопското Кале. Но, ништо не е чудно ниту неприродно за нив, ако се знае дека истата спрега беше актуелна пред и за време на конфликтот во 2001, за време на територијалната поделба, со настаните во Кондово.

Но можеби е енигма, за чии интереси опозицијата го прават ова. Дали тоа се лични интереси на лидерите на опозицијата, дали се заложници на криминогените Балкански структури или пак директно за интересите на Грција ако се има во предвид за тајмингот во кој се случи инцидентот а кој се совпаѓа со писмото кое го испратија Грчката емиграција до американските власти. Меѓуетничкиот инцидент значи само потврда дека наводите во писмото на Грчката емиграција се точни и дека Македонија не може да се вклучи во НАТО „ се додека не „стане  вистински придонесувач на мирот, демократијата и стабилноста и безбедноста во Југоисточна Европа.“ Односно се додека не го смени името.

Познавајќи го односите и симпатиите на американскиот потпретседател Џозеф Бајден и државниот секретар Хилари Клинтон кон албанското прашање, овој инцидент може само да ја продолжи агонијата на Македонија. Сето тоа ќе биде резултат не на актуелната власт туку на крајно деструктивна политика на најголемата опозициона партија и нејзините сателити која на крај може да заврши погубно за македонскиот народ и држава.

Соочена со ваквиот можен развој на настаните, коалиционите партнери, ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ го осудија овој инцидент и побараа смирување на страстите, притоа уверувајќи дека културните права и наследство на сите етнички заедници ќе бидат еден од главните приоритети во програмите на двете партии. За нив мултикултурниот и мултиконфесионалниот карактер на општеството се важен столб на демократскиот амбиент и затоа нема да дозволат со вакви инциденти некои да си поигруваат со чуствата на граѓаните за лични цели. Со ваквата изјава целосно се сложува и делегацијата на ЕУ во Скопје, согласувајќи се дека насилството неможе да биде одговор на постоечките проблеми.

Исто така  по инцидентот се огласи и амбасадата на САД која бара двете страни да останат смирени, а решението да се бара преку мирен и конструктивен дијалог.  Но додека власта, ЕУ и САД бараат да се смират страстите, опозицијата ја подгрева тензијата, најавувајќи нови протести за наредната сабота и радикализација на состојбата, притоа преку нивниот медиум асоцирајќи на настаните во Египет.

Ваквата радикализацијата може многу лесно да излезат од контрола и да ја с дестабилизира не само земјата туку и регионот. Единствен излаз од оваа состојба е целосен притисок врз Грција, попречување на нејзиното право на вето  и брзо и целосно интегрирање на Македонија во ЕУ и НАТО.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top