Уште во текот на Втората светска војна, во првите години од окупацијата на Грција од страна на германските и бугарските окупаторски сили, политичко-економската, а посебно социјалната криза се заострува а во 1943 година: “…една ужасна состојба постои сега во Грција”,<Archives militari… Vincenne-Paris, vol. 4 Н 388. – Извештај од 5. 05. 1943 година.> додека во наредната 1944 година таа достигнува кулминација кога: “…100.000 деца под 16-годишна возраст се умрени од глад за време на германската окупација… 1.200 села се срамнети со земја”.<Исто таму… Извештај од ноември 1944 година под наслов “Ситуацијата на населението во Грција.>
За ваквата состојба, покрај последиците од окупаторите, за виновници се посочуваат Британците и нивната интервенција во Грција зашто “…Американците се неутрални и не ја поддржуваат британската интервенција во Грција…, кај Грците, посебно кај лево ориентираните сили, постои омраза кон Британците, а се наклонети кон Русите”.<Исто таму… Извештај бр. 103 – грчка криза.> Вакви слични француски согледувања и оценки за состојбата во Грција, а посебно за северниот дел, односно Егејска Македонија, се изнесуваат и за 1945/46 година, а од нив посебно ја издвојуваме анализата и оценката на францускиот амбасадор во Грција Де Во Сен Кир од ноември 1945 година, при што се истакнува дека: “Анархијата, граѓанската војна и странската интервнеција ја нарушија состојбата во Грција по ослободувањето”.<Archives diplomatique… Nantes, Fond, Constantinopole, serie, Е, vol. 326.> Ваквата анархична состојба во Грција, вели францускиот амбасадор во Атина во својот извештај од 4 февруари 1946 година, ја користат Русите како изговор за да “…бараат од Лондон, пред Советот за безбедност на ОН, да ги повлече британските трупи од Грција, не е неважно да се потсети дека оваа постапка се следи низ долготрајната борба меѓу Англија и Русија…”.<Исто таму… францускиот амбасадор во Грција… Февруари 1946 год. предмет. Грција во борбата меѓу Русија и Англија.>
Со цел да го изменат етничкиот состав на населението во Егејска Македонија, непосрендо по Втората светска војна, грчките власти пристапија кон терор, прогони и физичко истребување на македонското население. Носител и организатор на овие прогони беше официјалната грчка власт. Така, голем дел од македонското население е убиено, а уште поголем дел за да го спаси својот гол живот е принуден да ги напушти своите огништа и да пребегне во Југославија, Бугарија и во други европски и прекуокеански земји. Димензијата на теророт што го спроведуваа грчките власти мошне сликовито е изнесена во експозето на украинскиот делегат на Париската мировна конференција Мануилски, кое беше поднесено на 24-тата пленарна седница на конференцијата во август 1946 година. “Сметаме: меѓу другото, дека жртви на прогоните во Грција се албанското, бугарското и македонското малцинство. Сега илјадници лица, стравувајќи од истребување…, бараат засолниште во Албанија, Бугарија и Југославија. Нема сомневање дека оживувањето на старите расни ривалства на Балканот ќе доведе во овој регион закана, да се трансформира Балканот во едно жариште и да ја комплицира меѓународната ситуација…”.<Direction de la documentation francise Recueil des documents de la Conference de Paris 29 juillet 15 octobre, 1946, Comte rendu Stenographique des vingt-troisieme et vingt-quatrieme, Séance pleniers tenuel le jeudi, 22 aout 1946. Expoce de M. Manuilski (Ukraine).>
Состојбата во Егејска Македонија осетно внимателно е насликана согледувањата на францускиот генерален конзул во Солун Жерар Раул Дувал, а неговите извештаи испратени до француската влада на 26 септември 1945 година: “Внатрешната ситуација во Македонија”, на 3 октомври 1945: “Грчко-југословенските односи” на 7 јуни 1946 година: “обавено патување во Македонија” заслужуваат наше поголемо внимание.<Archives diplomatique du Ministere des affaries etrangeres. Paris Serie З, Europe, sous-serie, Ла Ѕугославие, vol. 31. Consulat general de France а Saloniquie. Gerard Raoul-Duval, consul general de France а Saloniquie а M. George Badault Ministre des affaires strangeres, Paris, 7. ВИ, 1946, Saloniquie, Objet, Vosage effectue en Macedoine… (обавено патување во Македонија).> во првиот извештај кој ја анализира положбата на Македонците и свирепиот однос кон нив од страна на грчките власти: “постојат немири во Централна и Источна Македонија… посебно во регионот на Лерин и Костур… на слободната територија на овие словенски населени места се применувани брутални репресалии од страна на грчките власти… постои загриженост кај Британците за натамошниот развој на оваа конфузна ситуација…”.<Исто таму… сигн. 33.> во вториот извештај од 3 октомври 1945 година тој го изнесува југословенскиот став низ искажувањето на југословенскиот генерален конзул во Солун за неопходноста од воспоставување на најдобри односи со соседите преку “создавање на независна голема Македонија… и напуштање на Грција од страна на Британците”,<Исто таму…> додека во третиот извештај од 7 јули 1946 година по штотуку обавеното патување во Северозападна Македонија вели дека општата ситуација во ништо не се подобрила во регионот кад епосебно е чувствително во Лерин и Костур. Атмосферата во оваа погранична зона постојано е многу напната (на југословенско-грчката граница, б.м.). Сепак, општата ситуација е далеку од можноста да се подобри по општите избори… по доаѓањето на власт на монархофашистичката влада, акциите на автономистите и македонските комунисти, имаат однадвор значителна помош. Седиштето на организацијата на НОФ се наоѓа во Скопје, на југословенска територија… по се’ ми се чини дека пропагандата на НОФ на Славофоните е остварување на идејата за автономна Македонија, а југословенската влада ја контролира оваа организација и ја гледа грчка Македонија како сопствен дел на југословенскаа територија…”.<Исто таму… сигн. 33 и 31.>
Според 15-дневниот комбиниран извештај на Интелиџенс сервис за Грција од 19. III. 1947 година за ситуацијаа во грчка Македонија”… нема докази дека се изменува состојбата, која ја држат партизаните и да се стави контрола во западните области”.<Исто таму… Државни архив Секретаријата за иностране послове (ДАСИП) Белград, фасц. 98.> Според комбинираниот извештај на Интелиџенс сервис, покрај другото, не се изостава или не се премолчува реалноста за теророт и репресалиите што ги спроведуваше над незаштитеното македонско население.
Во овој период, поради својата немоќ британското влијание во Грција, посебно во годините 1946/47 почнуваат да го истиснуваат поточно го заменуваат Американците: “САД го зазеде местото на Велика Британија во Грција”.<Архив на Македонија, Фонд, Грција, к-3/57. “Комбиниран 15-дневен извештај на Интелиџенс сервис за Грција од 19. III. 1947 година се изнесува ситуацијата во Северна Грција (Егејска Македонија) за профашистичкиот карактер на грчката влада за репресалиите и дека власта ја држат партизаните во грчка Македонија.> Имено, во текот на јануари 1947 година во Грција доаѓа американска мисија на чело со Пол Портери со задача да ја проучи ситуацијата во Грција и да предложи мерки што треба да ги преземе САД. На 12.III.1947 година претседателот на САД Труман ги изнесе барањата за помош на Грција, а потоа уследи потпишување на договорот за помош на Грција на 22 мај 1947 година.<Исто таму.>
Политиката на терор и прогони над незаштитеното македонско население што го спроведуваше монархофашистичкиот режим во Грција, наиде на остра осуда сред светската и македонската јавност, преку манифестации во дневниот печат, потоа преку испраќање на резолуции и меморандуми до ООН, во кои се бара преземање на соодветни мерки (резолуции на НОВ на Макеоднија, синдикатот, и др. организации), а од Егејска Македонија од септември 1953 година од страна на македонската организација “Илинден” бил испратен апел потпишан од 250.000 Македонци до ООН, во кои се барало “да се прекинат прогоните, а на македонскиот народ да му се врати конфискуваниот имот и да им се обезбеди употребата на мајчиниот јазик како и полна национална рамноправност.<Меѓу југословенскиот печат би го издвоиле и весникот “Политика” од 7.VIII.1946 година и другиот печат од југословенските републики.>