Коментари

Интернет борба за Македонија

gordana-dimovska

gordana-dimovska
Гордана Димовска

‘Наша основна цел е да се зачува нашето вековно име, историја и идентитет. ако и вие го сакате тоа, поддржете не и речете Македонија!

Ете тоа е целта на блогот I,Macedonian  кој повеќе од две годнини активно работи  и презема безброј активности за признавање на Македонија под уставното име. Активно се заземаат да допрат до сите официјални страници на институции, Министерства, најпопуларни социјални мрежи, светски мрежи.

Дека огромната посветеност и континуирана работа на иницијаторот и сите инволвирани на блогот не е залудна покажуваат и самите резултати. Успешно и ефективно ја постигнаа целта да се заведе Македонија под нејзиното уставно име на Yotube, која е на трето место по посетеност на интернет. Целта ја постигнаа со константно праќање на пораки до Јутуб, пласирање на три видео клипа, текст и информирање на цела македонска заедница на Јутуб. Видео клиповите за оваа акција беа посетувани со секавична брзина од 20 000 посетители во првите минути на објавување. Овде нивната работа не застанува, планираат испраќање на писма преведени на сите јазици на земјите кои се уште не не признале под уставното име. Но не е само тоа, блогот  истражува во светските архиви и на нивната страница можат  да се најдат сите познати наслови поврзани за Илинденското востание, Мис Стон, нашите револуционери, објавени во познатиот Њујорк .

Доколку сакате да се уверите посетете го блогот I, Macedonian и сами учествувајте во акциите кои се преземаат за зачувување на нашето вековно име Македонија и нашиот идентитет. Интернет борбата продолжува. Како што и самиот иницијатор вели: Ова е блог за збиднувањата во и надвор од Македонија, за притисоците за промена на името за , негирањето на нашиот идентитет. Ова е доказ и жив пример како да се биде вистински Интернет Македонец.

Постојат и голем број на други слични интернет сајтови, блогови и форуми на кои е застапена македонската вистина. Се чини дека во 21 век борбата се води на интернет страниците, најчесто преку социјалните мрежи каде жестоко се бранат македонските интереси, македонското  име и се откриваат факти од минатото на Македонија. ако нешто беше невозможно да се најде пред појавата на интернет мрежата, денес тоа е лесно достапно на сите корисници на интернет. Ако досега беа фалсивикувани и криени многу вредни документи, историски виситини за Македонија, денес не претставува никаков проблем да се пласира со едно кликнување на интернет мрежата.

Поради својата специфичност во начинот на презентирањето и достапноста, сајтот Yotube кој се појави во 2005 година, со секавична брзина се овозможи пристап на голем број видео материјали со вести, интервјуа, музика, историски настани кои се посетуваат од илјадници посетители и преку кои се дозна многу за македонската вистина, се пренесуваат видео материјали со голема брзина до секој медиум во светот. Најчесто се води војна за македонската државност,историја, култура, посебност, вековно постоење, државното име, јазикот,  кои се уште се дел од грчката , бугарската пропаганда на интернет.

На групите што се формираат на најпосетената социјална мрежа Фејсбук, се отворија вратите за искрени коментари, дебати, разбудување на свеста кај младите да се борат за својата земја. Најголема презентација на се што е во врска со неправдите над македонскиот народ низ вековите и апсурдната ситуација во Македонија со т.н спор со името е направена токму на интернет мрежата. Според  некои сознанија од експерти на блогови, потребно е поголемо ‘наоружување‘ со научни податоци за да бидат поприсутни и поубедливи на интернет. Во споредба со нас, соседите предничат во користењето на интернет мрежата и ширење на ‘нивната вистина‘. Уште повеќе се покануваат и сите политичари да се вклучат во групите кои се борат за интересите на државата и да одговорат на барањата на македонскиот народ.

И натаму нека биде наша заедничка цел, дали на интернет, или преку други видови активности да се избориме за зачувување на  нашето вековно име, историја и идентитет. Секој што го сака тоа, нека ги поддржи активностите на групите, блоговите, медиумите кои се залагаат за масовна промоција на македонската вистина.

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top