Интересни согледувања и оценки во врска со донесениот грчки закон од летото 1953 година според кој се конфискува сиот недвижен имот на пребеганите Македонци од Грција за време на Граѓанската војна, изнесува францускиот амбасадор во Белград од септември 1953 година: “Овој закон е една дискриминаторска мерка во поглед на ова малцинство – лишените Македонци и нивните фамилии беа принудени да ги напуштат своите огништа за да најдат прибежиште во Југославија… со цел да ја изменат етничката структура на населението од Северна Грција… овој Закон е во контрадикција со грчкиот устав кој забранува целосна конфискација на приватната сопственост без надомест и без легална процедура. Добро информираните лица имаат впечаток дека овој закон (за конфискација б.м.) го санкционира неправедното држење кон словенското население од Северна Грција… кое е без основни национални права и без права да го употребува македонскиот јазик…<Арцхивес… sous-serie ла Yougoslavie, vol. 133, 19. 02. 1949, Paris..>
Што се однесува до конкретното ангажирање и односот на југословенското државнопартиско раководство кон остварувањето и заштитата на националните права на Македонците надвор од поранешната Југославија, при крајот, а посебно по Втората светска војна, може накусо да се оценат како недоволни, па дури во одделни временски интервали се одбегнуваше воопшто да се иницира и поставува македонското прашање се’ со цел да не ги наруши добрите југословенско-грчки односи. Па дури и на Парискаа мировна конференција од 1946 година југословенската делегација не го постави ова прашање како одделен национален проблем, туку за него се расправаше само во склопот на југословенско-грчките и југословенско-бугарските територијални разграничувања. Меѓутоа, развојот и разгорот на Граѓанската војна во Грција, а посебно прифаќањето на дел од македонските бегалци и воспоставените врски со Македонија, имаа влијание и одраз кај југословенското раководство да поведе поголема грижа, да го потпомогне македонското ослободително движење во Егејска Македонија. Тоа го илустрираат и потврдуваат изворните материјали од домашно а посебно од странско потекло. Така, официјалните француски извори од Париз од 19 февруари 1943 година, заведени со ознака “тајно Грција”, укажуваат на тајно потпишан договор помеѓу Титои генерал Маркос од 1 јуни 1948 година. “Се знае дека Маркос никогаш не сакаше да отстапи еден дел од грчката територија, но на 25 јули 1948 година информацијата беше потврдена од Асошиетед-прес, според која Маркос веќе потпишал Таен договор со Тито (на 1 јуни 1948 година – б.м.). Наводно со овој договор, Маркос се согласил со обединување кон Југославија на трите грчки области – Флорина, (Лерин, б.м.), Косторија (Костур, б.м.) и Едеса (Воден, б.м.)”
Секако поради овој договор, меѓу другото, генерал Маркос бил отстранет од ЦК на КПГ и до функцијата претседател на Привремената демократска влада на Грција а по директива на Никос Захаријадис – генерален секретар на ЦК на КПГ. Подоцна Маркос бил испратен во советските логори.
Меѓутоа, овие два француски документи коишто укажуваат на склучување на таен “Договор” за отстапување на споменатите територии (на трите области – Леринска, Костурска и Воденска), а во замена за помош од југословенска страна со наоружување за 30.000 луѓе и друга помош на Демократското движење во Грција, треба да се земат со резерва, бидејќи се работи за една раководна личност (ген. Маркос) која наводно отстапила територии со таен договор, без да го консултира и да добие согласност од надлежното раководство. Не без оглед на тоа, постојат повеќе официјални кореспонденции на релација Вашингтон-Лондон-Париз-Белград-Атина-Софија, меѓу кои би издвоиле една која се однесува на “тајните преговори меѓу маршал Тито и САД по донесувањето на Резолуцијата на Информбирото од 5 јули 1948 година.<Исто таму… сигн. 22.> Овие официјални кореспонденции на погоре наведените релации се однесуваат на повеќе прашања и тоа. “на Мировниот договор со Италија, Прашањето за Трст, а посебно за Македонија, Балканската федерација, Планот на Маршалот…”<Исто таму.> Овие прашања се во центарот на интересот и во нив се испреплетени и интересите на Запад и југословенските интереси.
Независно од стремежите и желбите на македонскито народ за извојување на своите национални права и за заедничко живеење во една обединета Македонија, треба да се согледа и земе во вид сплетот на меѓународните околности како фактор. Имено, настаните што уследија по донесувањето на Резолуцијата на Информбирото од јуни 1948 година оставија силен печат и мошне негатиавно се одразија врз остварувањето на стремежите на македонскито народ, неговото обединување и конституирање во една самостојна македонска држава или во рамките на една југословенска или балканска федерација. Така, ако се проследи и проучи основнаа документација од домашно и странско потекло, ќе се согледа осетна промена во курсот на тогашното југословенско државнопартиско раководство, па дури во одредени временски интеравали, како на пр. пред и по потпишувањето на Балканскиот пакт, од 28 февруари 1953 година е присутно напуштање и целосно одбегнување на ова прашање, дури воопшто да се споменува присуството на Македонци и македонски народ надвор од Југославија, а камо ли тоа да се застапува за нивна заштита и обединување. Првите зачетоци на ваките промени доаѓаат до израз уште во 1949 година, ги има во наредната 1950 и потоа. Тоа впрочем е толку видливо разграничено, како што уочуваат странските дипломатски претставници од балканските земји, меѓу кои француските амбасадори Де Во Сент Кир во Атина и во Белград Филип Бодет. Имено, првиот нагласува дека Тито во 1949 година во југословенско-грчките односи им придава посебно значење, подвлекувајќи дека “Владата на Тито нагло го поставува прашањето за заштита на макеадонското малцинство”,<Исто таму…, сигн. 132. Амбасада на Франција во Грција, 4. 07. 1950. Де Во Сент Кир, амбасадор на Франција во Грција, до своето височество Г. Р. Шуман, министер за надворешни работи – Париз, предмет: Грција и Југославија.> а вториот во својот извештај од 13 февруари 1951 година укажува на промените во ставовите на југословенското раководство. “Ако на 2 август 1949 година маршал Тито се уште се застапуваше за обединување на македонскиот народ кон Р. Македонија, приклучена кон Социјалистичка Југославија, на 12 октомври 1950 година органите на Партијата (КПЈ – б.м.) ги изразуваа нивните ограничувања на барањата едноставно сведени на национални права за словеномакедонското мацинство во Грција…”.<Исто таму… сигн. 132… Француска амбасада во Белград, Филип Бодет, амбасадор на Франција во Југославија, до својата екселенција Г. Р. Шуман, министер за надворешни работи – Париз. Белград, 13. 02. 1951, п?едмет. Извештај за односите меѓу Југославија и Грција.>
Иако овие негативни промени во курсот на југословенското раководство кон грижата за Македонците што живееја надвор од тогашна Југославија се’ повеќе доаѓаат до израз во наредните години, сепак суштествнео е да се подвлече дека во дипломатските извештаи на француските претставници од балканските земји не можело да се негира или заобиколи реалноста на вистинските состојби. Имено, и францускиот козул во Скопје Жан Парментјер во својот извештај под наслов “Грчко-македонски односи” од 27 февруари 1952 година заклучува и порачува дека грчкиот печат и грчкиот крал добро знаат дека Македонците “треба да се здобијат со елементарни права на национално малцинство”, затоа што Македонците не се Срби или Хрвати. За ова “Етнос” (весник што излегува во Грција – б.м.) великодушно пишува дека грчкаа влада треба да ги усогласи националните права…”<Исто аму… сигн. 132. Француски конзулат во Скопје, 27. 02. 1952. предмет. Грчко-македонските односи. Жан Парментиер, Француски конзул во Скопје, до својата екселенција Роберт Шуман, министер за надворешни работи.> При посетата на југословенската парламентарна делегација на Атина, во септември 1952 година, кога еден грчки новинар го прашал Моша Пијаде што мисли “За македонското прашање”, одговорот според францускиот амбасадор во Атина Жан Бален бил следниот: “Грчката влада е сама надлежна да просуди дека тоа (македонското прашање, б.м.) воопшто е едно чисто внатрешно прашање и секоја влада треба да го регулира според своите проценки… Оваа изјава во грчкиот печат е сфатена како престанување на Белград да се интересира за македонското прашање во меѓусебните односи”.<Исто таму… Sous-serie ла Грееце, vol. 133, француска амбасада во Атина, 18. 09. 1952, Жан Бален, француска амбасада во Грција, до својата екселенција Роберт Шуман – министер за надворешни работи – Париз. Предмет. Грчко-југословенските односи и македонскиот проблем.>