Коментари

Заложници на двојни стандарди

katerina_klimovska

katerina_klimovska
Катерина Климоска

Македонија како земја континуирано е заложник на нечии двојни стандарди. Постојано исполнувавме во минатото нечии услови и се покорувавме во името на подобра и мирна иднина на истите. Се чувствував како да живеам заробена во експериментално глувче.

Согласно Уставот, Македонија е суверена, самостојна, демократска земја чиј суверенитет произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните.

Европската Унија е основана врз база на вредности кои се базираат на почитувањето на човечкото достоинство, слобода, демократија, еднаквост, владеење на законот и почитување на човечките права. Ова е дел од суштината на Европскиот Устав. Само за потсетување, Македонија оди со крупни чекори да стане дел од Европската Унија, а со тоа да ги втемели овие вредности.

Водејќи се од нашиот Устав и принципите и вредностите на Европската Унија човек често се запрашува да не матриксот е погрешен и поради тоа неможе да ја разбере реалноста.

Имено пишаните со на дело спроведувани кон нас тактики не кореспондираат едни со други. Различни аршини за различни моментални потреби. Ако на светско ниво се гонеше тероризмот и имаше широк конснезус околу неговот сузбивање, кај нас терористите се поддржаа и со амин на западот се амнестираа и добија скоро све што им беше како нивно побарување.

Од осамостојувањето Македонија како дел од своите симболи го има и знамето, кое под протисок на западот мораше да го смениме и шеснаесеткракото сонце да го замениме со друго уметничко решение.

Преку советување од западот дека би требало да ги прифатиме сите избеглици од војната во Косово, Македонија до ден денес неможе да го утвди точниот број на свои жители, бидејќи голем дел од избеглиците никогаш не се вратија во своите домови, но и не се регистрираа ни како граѓани на оваа земја. Ова е широк терен за манипулација при пописи, избори и слично.

Во Македонија секојдневно на вестите како фатаморгана ги слушавме и слушаме амбасадорите на одделни земји како да се тие членови на Владата на оваа Земја и дел од раководството на Државата. Како неоспорен факт тука се повикувам на она нашто би требало да се придржаваат сите амбасадори, а тоа е Виенската декларација за дипломатите. Во Македонија тоа не е случај, се запрашувам дали воопшто и се запознаени со овој важен документ од нивната сфера на работа или само делуваат онака како што им е подобно?

Разните асоциации, невладини друштва преку нивните амбасади или самостојно, нудат фондови за различни проекти, кои на крај даваат некои неартикулирани финални резултати за кои ќе си помислиш или тие се луди ако мислат дека ќе поверуваме дека толкава сума на пари се искористила за добробит на земјата за таков смешен финален произавод или ние сме луди ако поверуваме.

Сето ова на кратко наведено резиме на дел од секојдневните случувања во Македонија не доведуваа да се запрашаме во легитимноста на првично изнесените факти за основите на кои почива Европската Унија.Од преголемата попустливост и сервилност на која странците беа навикнати во изминатите 20 години да ја добиваат од Македонија, ние на полето на западниот пазар добивме епитет на марионета која може да се управува во дадениот момент, на начин како им одговара, притоа презентирајќи ни искривена форма на пишаните норми на кои се заснова постоењето на Европската Унија и со тоа нас не наведуваа да се сомневаме во нивната легитимност.

Прифатливо е и посебно за поздравување е  имплементацијата која сега се спроведува на позитивните европски регулативи во секоја сфера од општетсвото, со што и ние како земја ги вклопуваме вредностите и принципите на кои почива западното право и регулација на секојдневните и административни фунадментални прашања. Но, во исто време доколку  дипломатите од запад продолжат да управуваат со прашањето за Македонија со двоен морал, целта поготово онаа најдобронамерната неможе да се исполни, ни практично ни теоретски.

Законите, правилата, конвенциите и слично постојат за да се уредат човечките акти во секојдневието, се со намера општеството да функционира според правила и норми, а не согласно нечија желба за анархичност. Законите постојано се подложни на менување бидејќи и живееме во еден свет на брзи промени и пазар кој постојано бара нови методи и поставува нови услови на игра. По силата на нештата изминатите неколку години се започна да се менува и законската регулатива за да може да одговори на денес и утре, за да може државата да го спречи неуспехот денес и да го обезбеди успехот утре.

Меѓутоа ај што ние често самите не си ги почитуваме законите, за што следат казни за сторителите, најстрашно дури и фрапантно е тоа како странците /дел од дипломатите не ги земаат на ум нашите законите, со што веднаш се дава потврда дека не ја почитувааат нашата земја и нас како народ.

Дали сте се запрашале зошто странците кога станува збор за нивните земји почитуваат и стравуваат да не згрешат и најмала работа, а чим стапнат кај нас тогаш све е допуштено и легално. А нашите закони?… ех, лесно е кај нас ќе му се прости на гостинот, амбасадорот и слично. Се додека се однесуваме на овој начин, нема да го добиеме потребниот респект од никого а најмалку од таму каде сакаме да одиме, Европска Унија.

Чудно ми е и до денес не сум добила одговор на тоа како можело да се случат овие примери наведени во текстов, и дали некој во тие моменти на случувања на претставниците на западот им  го предочил Уставот на Македонија, а посебно Уставот и правилата, вредностите и принципите на кои се заснова Европската Унија? Се прашувам кој бил одговорот на уважените дипломати?…. Сепак легитимно право е да се менуваат правилата,па и од страна на странците, но тогаш истите нека ги применуваат и во своите дворови.

Во Франција кога има немири тогаш полицијата реагира одлучно и брзо и тоа е одбрана на суверенитетот на државата. А кога полицијата кај нас презема некоја акција тогаш тоа е прашање на дебати, осуди и давање налог за прекин од страна на уважените странски дипломати.

Кога во другите земји, еве ќе земам пример во Америка каде големи магнати кои за време на економската криза се открија како испрале голема количина пари се осудија и им беше одземен целиот имот со кој располагаа, кај нас тоа е прашање на демократија, права итн. Значи доколку некој не плаќа данок и прави криминал на запад тоа е против законито и најригорозно казниво, меѓутоа кај нас тоа е прашање на дискусија и осуда, и попречување на демократијата.

Целата таа сервилност кон Западот и неверба во својот народ и својот правен систем, како и негово непочитување, Властите во првите 15-16 години од осамостојувањето доведоа да ни се случат примерите кои ги напомнав претходно во мојот текст.

Што мислите како би поминал во друга земја од западот, еден амбасадор кој максимално без пардон агресивно се меша во внатрешната политика и се поставува над законите во Македонија? Како би бил истретиран амбасадор кој како дел од својот најблизок тим има човек кој е учесник и организатор на немири и етнички тензии во земјата? Сигурна сум дека овие амбасадори би биле веќе вратени во своите земји. Ова не е само непочитување на нашата земја и нас како народ, туку и негативно афирмирање на нивната земја со непоправливи размери.

Но сепак добро е бидејќи мантрата на самодоверба и верба во својата Држава ни се враќа, па можеби не толку жестоко,заради бремето кое го носи политиката од минатото, но на едно добро дипломатско ниво се одговори на ниво и одлучно на овие настани и им се даде на знаење на претставниците на другите земји дека сега веќе имаат работа со оформен ентитет на светската карта.

Денес раководството на нашата Влада го потсетува Светот дека нашиот народ не е нерешителен, мек, превртлив, него тежнее неговите дела да зрачат со храброст, решителност тежина, со што покажуваме дека нашите дела и одлуки за градење на својата земја во кои се втемелени европските принципи, се засекогаш и неповратни….. Можеби од ова сознание произлегува нетрпеливоста на странецот кој е спречен во  помислата да продолжи да си игра со досегашната аморфна маса, како што си ја поимаја Македонија.

Почитувани, денешното раководство е свесно дека се додека не почне државата да си го спроведува правото на секој агол од секоја улица, се додека има привилегирани и непривелегирани, ќе ни се случуваат примери од минатото како што ги имам наведено во овој текст, а ги имало уште многу. Се додека раководството на Македонија дава до знаење дека нашата земја е суверена и самостојна, и дека согласно тоа мора да се раководиме од принципите и вредностите на Европската унија т.с. од земјите од каде доаѓаат странците, се дотогаш Македонија нема да биде аморфна маса  која ќе зазема облик онака како му одговара на некое бледо црвено човече, а и многу слични на него.

Прашањето е сега, дали ќе дозволиме некогаш пак да сме сведоци на исти апсурди и заточеници на нечии каприци и двојни стандарди како што го правеа минатите Влади на Македонија, или ќе продолжиме да стоиме цврсто како сега на своето право на идентитет, сувереност, вредност и големина, што е и нормално според  она што е запишано во Уставот и она што го бара Европската Унија, согласно нејзините пишани правила и закони а не согласно памфлетите на нејзините летечки икари.

Сите кои се на тлото на Македонија, како што во повеќе наврати има потенцирано Премиерот на Македонија, подлежат на истите закони.

Доколку сето ова не е според нивните префинети вкусови, тогаш картите секогаш се во еден и повеќе правци, кон Македонија и кон надвор од Македонија. Резервациите се прават секој ден. Иницијалното е дали ќе застанат на шалтерот и ќе заземат некоја друга резиденција во друга Земја или ќе продолжат да уживаат во од Бога дадените благодети на оваа малечка убава Земја, но почитувајќи ги нејзините закони, интегритет и суверентитет, без игра на двојни стандарди.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top