Коментари

Македонското неединство во прилог на грчката пропаганда

misko-taleski

misko-taleski
Мишко Талески

Постојано ги слушаме пораките и предупредувањата од Грција и од европските дипломати дека Атина е таа која ја има моќта во своите раце, а не Македонија, Грците биле тие што се во предност пред Македонците, затоа што нивнаат земја била членка на ЕУ и на НАТО, а ние само кандидати за членство. Продолжуваат со реториката дека тие се основоположници на европските демократски вредности и цивилизациски норми, а ние штотуку испилена земја која се борела да си создаде нов идентитет.

Вистината и реалноста се сосема поинакви од овие небулози и утопии. Не се Македонците тие кои сакаат да променат нечиј друг идентитет, туку Грците. Не е Македонија таа која сака да промени име на туѓа земја, туку Грција. Не е Македонската православна црква таа која повикува на рушење на грчкиот територијален идентитет, туку грчката. Кој е сега вистинскиот иредентист, асимилатор, национал-социјалист и дискриминатор ? Грција одамна е бастион на лажната демократија, која се обидува преку демагошки реторики да и ја поттурне на Европа истата како вистинита.

Сардисани од криминалот и корупцијата во речиси сите општествени полиња, грчката политичка свита нема друг избор освен да ја македонизира својата и внатрешна и надворешна политика. Ако ги искористиме нивните слабости кои одамна се откриени, бумерангот брзо ќе им се врати. Но, пресудно за тоа е македонското единство.

Аматерски се тврдењата и анализите дека Македонија без НАТО и без ЕУ нема да опстане. Зарем тие се организации за опстанување на државите ? Та нели тие сакале рамноправни партнери, а не сираци ? Нели сакале силни држави, а не килави територии кои се борат за опстанок ? Ваквите тези се контрадикторни самите по себе. Од една страна велат дека Македонија е реформска земја, партнер во сите светски кризни жаришта, а од друга некој однадвор и одвнатре ни предвидува распад.

ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА КОНСЕНЗУС ЗА ЗАШТИТА НА УСТАВНОТО ИМЕ

Премрежијата кои ни се наметнуваа изминативе дваесетина години беа доволно силни за да не натераат да ја научиме историската лекција на мудро и издржано однесување во пресудните моменти за нашата иднина. Македонија ретко преземаше егзибиционистички чекори. Авантурите не им се својствени на македонските граѓани. Не дека ги немаше, но секако дека не претставуваат доминантен имиџ за македонското раководење. Оттука, ние, македонските граѓани очекуваме и во овие моменти, македонските државни раководители да бидат на нивото на своето препознатливо и автентично однесување.

Како никогаш досега потребно е единство и меѓусебно разбирање, консензус за сите отворени внатрешни и надворешни прашања кои не тангираат. Демократијата навистина подразбира различни мислења и различни проекти, некогаш дури дозволува и поделби и јазови меѓу спротиставените политички номенклатури, но кога се во прашање државните интереси, тогаш е неопходно тие да се надминат. Грчкиот притисок врз целиот дипломатски свет со кој се негира и оспорува правото на сопствено име, сопствен идентитет и самоопределување, треба да ни биде поттик за сплотување, за обединување на искрените интелектуални слоеви, кои треба и можат да дадат сериозен придонес во разврската на многу јазли.

Не е време за безвредна реторика со која се омаловажува, се потценува кредибилитетот и способноста на оние кои што водат земјата. Посебно е лицемерно, кога сето тоа доаѓа од индивидуи кои досега многу години раководеле, а не направиле ништо. Такви политички стратегии се штетни за државата.

Повеќето опозиционери кои досега стоеја на цврстите позиции дека нема отстапка од двојната формула, сега ретерираат. Подолго време се обидуваат да објаснат дека таа повеќе не е применлива, дека е надвор од игра, дека времето и поминало. Промената на тој став, значи дека изгубиле време од неколку години, кога велеа дека нема мрднување ниту сантиметар од тие позиции. На таков начин беше менуван македонскиот Устав. Го имавме најдобриот од сите поранешни југословенски републики, барем така процени Бадентеровата комисија, а потоа под притисокот на ембаргото од Грција го променија.

Македонија конечно треба да престане со политиката на лесни и неиздржани отстапки. Ако тоа ни стане пракса, тогаш злонамерниците нема да застанат тука.

Македонија не е за раздавање. Со продолжување на таквата политика од одредени организирани структури во државата, ќе се претвориме во обична и недефинирана аморфна маса, за која Европа во иднина нема да има ниту причина, ниту потреба многу да се интересира. Едноставно, ќе служиме само како експериментален субјект, истрошен предмет без елементи на самобитност и различност од другите.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top