Фељтон

Кој је крив – 1889 (1)

Појке од десет години има од како није Македонциве немаме духовно начелство по нашиве места, од које и најмногу страдаат нашиве црквени и училишни работи. Гледаш овде една општина растурена, парализирана без никаква морална и материјална сила, без никаква морална сила нити пред народот, со која би могла да го натера да послуша нејзините решенја, нити пред власта, која по никој начин не разбира, ако би потребало, да поткрепи тија нејзини решенја; без никаква материјална сила, т.е. без баранје тугја помокј да може таа сама да си уредује училиштата, да си плакја на учителите и др. И така онаа општина стоји и се вика општина само за лице, без да може да одгоори на својот задаток, заради кого је повикана. Гледаш пак онде во еден град или градец едно училиште, које не прилега на училиште, и је, – како внатрешно, така и надворешно, – сиромашко, осакатено и без никакво значенје, јавно да кажам, – за плаченје, од сем онија училишта, што се крепат од Екзархијата, но који пак си имаат своји лоши страни, и дури големи, за који ке се докаже во своје особито место и време. И се тоа излегује од тамо, што немаме во нашава таткојна, као што рековме погоре, духовно начелство.

Ја сега у си во очите и устите гледам и вигјам да ми се кажује, оти сум седнал да зборуја и да пишуја не за некоа нова или чудна работа, туку за изветвена и позната, што ја знајат и малине деца. Гледам да ми се кажује, да не би да сум дошол сега од не знам колкугодишно седенје во Багдат, та не знам, оти, фала Богу, имаме Негоо Блаженство во Цариград, што се мачи денје и ноке за овија работи, туку Правителјството не му даа да пушти владици во Македонија! – и за тоа, кој је крив? Но таа ни је работата да видиме кој је крив за ова лошо положенје -дали Н. Блаженство, као што го криваат некоји, – дали Правителјството, као што го кривиме си или пак сами није. И ето навистина, оти вопросот, ставен по ваков еден начин, ке ни се види и нов и лесен за решуенје. Ја мнозина знам, што знајеле и признаале, оти начин за решуенје овој вопрос има еден и пак еден, а не други, но од страв да не би да се согрешат во некоа непогрешност не им држало да осветлјат овој вопрос и за тоа тој од ден на ден се си гније, а заедно со него гнијеме и није, и никој, од страв да не престапи некоја догма, некоје верују, – не си отворил устата да каже правината. Ја признаам, оти од прв поглед начинот за решуенје овој вопрос секому ке му се види чуден и странен, но што туку чоек го расуди од си страни, тој ке се увери, оти овој је најприроднијот и највернијот, само ако тој не се води од предрасудоци и празноверици, ако погледа на околностите, што го опколисујат и ако не сака невозможното да го напраји возможно и да си толче вода во аван. За тоа ја, пред да се пуштиме да расудиме овој вопрос, од каде ке видиме како стоји тој во вистин^ст, секого ке помолја да исврли онија гореречени пороци, да се наоружи тој со сета ладнокрвност, да Всврли какви и да биле симпатији и антипатији, што може тој да има кон личности, за тоа што овде не је работа за личности, а за доброто, за мируенје на еден поголем дел од Македонската населјбина, и тогај сум уверен оти секој ке се согласи со мене, и си ке мислиме како еден чоек, а пак тоа нешто помага не малку за најлесно решуенје оваа олку сплетена работа. Рековме по-горе, оти ако сакаме да најдеме правината, требе да ѕи се прашаме сами себе: кој је крив, што се наогјаме во вакво растурено положенје, што немаме духовно начелство, што немаме училишта или и ако ји имаме, тија не се училишта као што рекол Господ, -дали Н. Блаженство? Да видиме.

Политичките околности од десет години навамо толку многу се преиначија во Отоманската Империја, што, за црквенијот вопрос, создадоа вопрос врз вопрос, со друзи зборој речено, уште не кладен во работа онај висок Императорски ферман, еден дел, кој спроти истијот ферман ке чинеше дел од независната Бугарска црква, се отцепи од Отоманската Империја и напраји едно особито Бугарско кнажество, које спроти црквените или грагјански закони, требеше и црквено да се отцепи од новосоединената Бугарсќа црква, да се раздели од новата и да си напраји друга уште понова и независна рд првата. Но наместо Н. Блаженство да постапи по еден таков најприроден начин, напраји прва и најголема погрешка, со сето негово остроумије, види се од големо властолјубије, за да има под својата повелја, колку се може појке епархији, не даде црквена независност на бугарското кнажество, а го зависи направо од неговата духовна власт, и така изникна вопрос врз вопрос, т.е. уште не отсебено бидејќи као који епархији во Македонија можат да бидат под Екзархот, предвидено во ферманот, вопросни, велјам, бидејќи македонските епархији, изникна друг вопрос сам по себе си: да ли Екзархот може да је духовен начелник на едно кнажество васално и во исто време на епархији, што се наогјаат направо под власта на Нег. Имп. Велич. Султана Абдул Хамида II? И така чекајки није да се признаје Екзархот официјално као врховен духове» начелник во нашиве епархији и сетне да ни испрати владици, изникна вопрос, да ли је тој наш законен духовен начелник и да ли није можеме да имаме владици ракоположени од него. Ево веке се чинат појке од десет години, од како овај вопрос се тркалја во ваков круг, и со сите бриги на Негоо Блаженство и постапки до Високата Порта, уште појке се докажује оти тој је далеку од разрешуенјето си кон наша страна и оти уште сто години ако Екзархот сака да јо духовен начелник на една отцепена страна од Отом. Империја и во тоа време таков на епархији, што прааат неоделен дел од таа империја, није ке живејеме со суви надежди и никој пат не ке видиме со очи во таткојнаа владици, ракоположени од Н.Блаженство.и ке се рече, нашиве црквени и училишни работи до кој знаје кога, до второ пришествије, ке бидат се во такво несвидно, или поарно да речеме, кално положенје.

Ја некју овде да изброја си усилија, си старанја покажани од страна на Н. Блаженство до Правителјството ни за испракјанје владици во Македонија, зашто сиве није знајеме, као што знајеме и резултатите им. Ке се рече, оти Н. Бл. напрајил се она, што се могло, за да се признаје тој од страна на Правителјството наш духовен архипастир и није негоо духовно стадо, но се било по пустина, зашто Правителјството со даваните нему одгоори на секоа негоа нова постапка, од далеку му даало да разбере, оти тој не може да види оживени негојте надеши и кројежи. И така Н. Блаж. си исполки должноста своја од си страни, и нема право никој да го криви, оти тој не работил или не знајел да се ползује од околностите. Сиве није знајеме, кој појке кој помалку негоата кадрина и дарба и напразно го кривиле и го криват некоји господа. Н. Блаж. во теченје на целијот вопрос ако има некоа кривица, то је само таа, као што рековме погоре, оти тој, знајејки или незнајејки, – тој сам и еден Господ знаје, -напраји прва погрешка, што не даде црквена независност на бугарското кнажество, и не се ограничи на останатите епархији, што се направо под власта на нег. Имп. Величество Султанот. Оваа је една негоа по-грешка и ни една друга, а се друго, што напраил од тогај навамо, го напрајил толку разумно и мерено, од сем последнијот такрир и неколку друзи глупости, за који ке зборујеме подолу на своје место, – што и некој светец ако слезеше од небо не ке постапеше поразумно и не ке напрајеше појке нешто. Ке се рече, оти није илјада години ке си бидеме без владици, што ке се рече, без ред, без сврталиште, без училишта, без општество свесно, наодејки се во ваква врска нашијот духовен архипасти^ со црквата на бугарсконо кнажество. И за тоа дали је крив тој или не, секој нека си кладе раката на срце и нека си праша својата совест. Требе секој да каже ова правина, и толку појке, зашто наравствената одговорност, што тежи над секого, је толку голема, је толку бесцена, што требе није да сме се сториле скотоји, та да ја не разбираме. Цели градоји, цели епархији, што велјам ја, цела невина младеж страда, и ке има право целијот млад појас да не колне за нашава глупост, за нашево не предвидујенје. Не требе није да се церемониме со личности коа је работава за добро на еден цел народ. Крив ли је Екзархот, требе јав-но, откријено и бесцеремонији да му покажеме кривицата, да го помолиме да си ја попраји, а пак ако не ке или не може, да ја попрајиме сами није, зашто ова веке не се трпи! До кога?

Продолжува наредна среда

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top