Коментари

Народот нека пресуди

svekrva

svekrva
Свекрва

Отворањето на аферата „Надеж“ ја откри сета беда на нашите т.н. серизни политичари, кои сакаат да дојдат по секоја цена на власт. Тие отворено им се закануваат на личности, на народот,  заговарајќи крвопролевање, а притоа никому од нив како да не му е гајле за последиците. Како никому око да не му трепнува додека ги упатуваат заканите кон судството, антикорупционерите и конечно кон самата држава. Како никому од нив да не му е гајле за младите човечки животи, кога ги потикнуваат на протести.

А потписот на Б.Ц е насекаде, како штпо беше јасен и на аферата „Надеж“. Денес гласноговорниците преку одбраните медиуми го спроведуваат во дело тоа што беше зацртано во програмата, а целта е јасна. По секоја цена да урне легално избраната власт, без притоа да се почитуваат Уставните и законските норми. Отука се и „пријателските“ пораки до сите оние кои треба да ги спроведуваат, да ги читаат законите, но се разбира така како што тие сакаат да им се толкува. Тоа што важи за еден обичен криминалец не смее да важи за нив.

Само како за пример да посочи на две изјави на гласноговорниците на опозицијата во која се повикува на крвопролевање, а чудно е  тоа како надлежните институции молчат на овие закани.

Во првиот случај, пред извесно време поранешен министер и премиер В.Б. во интервју за домашен неделен магазин ќе изјави: „…Македонија е пред сериозен граѓански судир. Не би го користел терминот крвопролевање но имајќи го во предвид што се случуваше последната година на протестите и контрапротестите, мислам дека премиерот игра опасна игра… Ако протестите на 5-ти декември беше рано предупредување ова е последниот апел на опозицијата премиерот да понуди она што во моментот е решение за кризата, парламентарни избори, каде што овој гнев би се артикулирал во еден правец, кој би бил во рамките на системот…“

Во овој случај имаме класична закана во која се бара или избори или опозицијата ќе предводи немири кои ќе резултираат со крвопролевање, со насилно уривање на власта одмазда за сите противници и острел на судии. Всушност тука постои закана дека на „Македонија не и бега рушење на власта според моделот на рушење на Милошевиќ, доколку премиерот не ја прифати понудената ракавица на опозицијата за предвремени избори.“

Откако власта ја прифати фрлената ракавица и прифати предвремени избори, само да се смират тензиите, повторно уцени и повторно закани за крвопролевање. Во вториот случај гласноговорникот на опозицијата, овојпат кандидатот за претседател на опозицијата на последните избори Љ.Ф., во нивно име ќе изјави: „Предвремените избори се иницијатива на СДСМ и партијата нема да ги бојкотира на начин што ќе седи дома во папучи и ќе гледа како власта си гласа без нив. Ако власта форсира да оди на избори без СДСМ, …нема да може да изведе такви избори зашто ќе и се случат немири на денот на изборите.. Таквата акција ќе биде спонтана зашто… тие поддржувачи очекуваат промена на власта.“

Од самата изјава се гледа дека опозицијата го заплашува народот најавувајќи немири на денот на изборите, доколку власта ги организира без нивна согласност. Односно овде имаме класична уцена каде главно барање до Владата е да ја одблокира на сметката на А1 телевизија, одлука што е во надлежност на Судот, а не на извршната или законодавната власт. Односно СДСМ би се согласила на предвремени избори само под услови кои би гарантирале сигурна нивна победа.

Повеќе од очигледно од двата примера дека заплашувањето на народот со крвопролевање, посебно  на денот на изборите само го потврдуваат тоа дека тие не сакаат воопто избори и дека не сакаат промената на власта да се изведе низ институциите на системот преку демократска процедура. Ваквиот план на опозицијата, која го бојкотира Парламентот, а бега од избори, ќе и наштети на државата во нејзините напори за евроатланските интеграции.

Не случајно владеачката партија опоменува дека: „Доколку нема избори во најскоро време, Македонија ќе ја изгуби препораката за датум за почеток на преговори со Европската унија на крајот на годинава. Препораката се најавува дека постои можност да биде изгубена како поради бојкотот на Парламентот, така и поради можниот бојкот на СДСМ на изборите“.

Каде се корените на ваквиот однос на најголемата опозициона партија и кој ќе има најголема корист од сето ова. По се изгледа дека најголема ќар од ова само може да извлече нашиот јужен сосед во спорот со името, посебно сега пред разврската во арбитражниот суд во Хаг.

Само да се потсетиме на пишувањата на македонските медиумите за активностите на гласноговорникот на СДСМ кои се одвивале во 93-та и 94-та. „Во четири наврати, Љ.Ф. нудел милион евра на претседателот на Македонија за да се откаже од уставното име на државата… Се започнало со екс шефот на грчките известителни служби Николас Грилакис, кој во тој период побегнал од Грција со оправдување дека кривично ќе го гонат во неговата држава, иако претседателот не се согласил, Љ.Ф. го криел во стан на МВР во Скопје. Љ.Ф. според објавената пријава, се обидел и да го поткупи претседателот, за да го дозволи престојот на Грилакис во Скопје, му нудел скапоцена амфора од потонат брод, златен часовник, а во куферче и сто илјади долари, кои наводно биле пратени како поздрав од екс шефот на грчката известителна служба. Претседателот, не се согласил и понудата ја вратил. Четвртиот обид, бил направен преку двајца полицајци, луѓе на Љ/.Ф.. Тогашниот министер го замолил претстедателот да ги прими во неговиот кабинет. Полицајците како што е наведено во пријавата, засрамени со поглед во подот, како понуда од неидентификувани Грци му понудиле на претседателот еден милион амарикански долари, да ги остават каде ќе посака или да ги уплатат во која било банка во светот, ако претседателот се согласи во отпочнатите преговори да се откаже од уставното име. Според пишувањата претседателот прашал, дали навистина сметаат дека за милион евра нивниот претседател ќе се откаже од земјата и повторно ја одбил понудата.“

Како што вели премиерот, „денес Б:Ц ја доведе земјата во ситуација да се забрза политичката пресметка со него, затоа што прави штета на државата, во време кога таа се бори за влез во НАТО и ЕУ“. Тој уште еднаш од Битола го повика претседателот на СДСМ да прифати избори за граѓаните да одлучат на кого да му ја доверат власта. Б:Ц неговата партија и неговите сателити уште еднаш добија можност да ги поправат своите грешки, иако е крајно време за конечна пресметка со политичарите кои и нанеле огромна штета на земјата. Ако може да одговараат пред европските судови врвни нивни политичари, поранешни претседатели, премиери, министри, редно е за повиците за насилно уривање и крвопролевање да одговараат и нашите несовесни корумпирани политичари.

Меѓутоа, нека ова биде последниот обид за политичка разрешница. Сега на народот му се дава шанса на предвремените парламентарни избори да пресуди. Во нивни раце ќе биде сета власта и моќ, само Б:Ц и неговата партија потребно е да се појават на изборите.  Нека народот пресуди, Нека тој им пресуди на оние кои наместо „Надеж“ на Македонија сакаат да им го избришат името, идентитетот и да им понудат „Апокалипса“.

А народот е тој кој секогаш знае правилно да пресуди, да казни или награди.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top