Коментари

Македонците со исламска вероисповед се нераскинлив дел од македонскиот народ

Мане Јаковлески

mane
Мане Јаковлески

Во светот се повеќе се зголемува верската нетолеранција. Се повеќе се зголемува нетолерантниот однос кон верските групи и се повеќе верската нетолеранција станува една од главните причини за прогонување на малцинствата во светот.  Верската нетолеранција станува нов расизам, а во светот бројни заедници кои со децении трпеле расна дискриминација сега се на мета поради својата религија.

Како се заострува политичката борба за предвремените парламентарни избори, така се заострува и злоупотребува реториката со која се обвинуваат одредени заедници од различна вероисповед.

Настаните во А1, потоа настаните во кои се оспорува изградбата на црква музеј на скопското Кале, добија верска конотација, а се рефлектираа и на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, во Битола, кога неколку „случајно“ присатни, упатија навреди кон новинарите на А1 нарекувајќи ги дека тие се Торбешка, немакедонска, муслиманска и криминална телевизија.

Се случи нешто ново, нешто несекојдневно во нашата земја.  Прагот на толеранција помеѓу христијаните и муслиманите, се спушти на многу ниско ниво. Тоа беше навистина невообичаено да се види или чуе со ваков висок тон на крајна верска нетолеранција. Да се нападнат новинарите на еден медиум, без разлика на нивната политичка обоеност или инволвираност во настаните кои им претходеа, е нешто невообичаено..

Зачудува фактот што некој кој се смета за патриот, свесно или несвено си дозволи да изговори такви погрдни зборови кои се навредливи за нашите браќа и сестри Македонци и тоа само затоа што се по вероисповед муслимани.

Како можеме да претендираме и да зборуваме за државотворност на македонскиот народ, кој е притиснат од сите страни, поделен од околните држави по разни основи, доколку почнеме уште да се делиме и по верска основа.

Македонците и Македонија неможат и несмеат да си го дозволат тој луксуз.

Затоа се и осудите на верската нетолеранција и говорот на омраза кои доаѓаат од сите страни. Затоа и премиерот Никола Груевски, кој го осуди говорот на омраза и ги осуди разните навреди и етикетирања, во својата изјава вели дека правото на изразување, слободата на говорот и правото на вероисповед се неприкосновени права и принципи кои сите заедно треба да ги заштитуваме.

Во овој момент потребно е сите да сватиме дека неможеме „безобразно и еуфорично злоупотребувајќи го медиумскиот простор да ги рушиме основите на демократијата“. Неможеме  доколку се чувствуваме заштитено, да промовираме едноумие и верска  нетолеранција, посебно не кон нашите браќа, Македонците муслимани.  Ваквите појави можат на Македонија само да и наштетат. Затоа овие настани треба да бидат поука до сите оние кои се дел од политичкиот и јавниот живот во Македонија, дека крајно е време сериозно да ја сфатат својата позиција и улога во општеството, како и да престанат да создаваат конфликтни ситуации помеѓу различни општествени и верски заедници.

Меѓусебната солидарност на Македонците без разлика на верската определба е повеќе од неопходна. Нема време ни место за поделби зошто нашите браќа, Македонците муслимани не го заслужуваат тоа.

Да не беа нашите браќа- жителите од Ростуше кои први пристигнаа на звукот на камбаната која најавуваше опасност, манастирот Св Јован Бигорски целосно ќе го снајдеше многу поголема несреќа.

Само да се потсетиме  на жителите на Ростуше и реканскиот регион, кои ваков пожар дотогаш немале видено, за да ја спасат црквата први со монасите започнаа да го гасат пожарот.

За ваквата нивна несебична ангажираност на Македонците со муслиманиска вероисповед, при заштитата на македонското културно наследство,  од страна на премиерот Груевски двајца жители од село Ростуше добија благодарници.

За време на воените дејства во 2001 година, Македонците муслимани беа вклучени и во првите борбени редови каде дадоа свој допринос во одбрана на својата држава.

Единството на Македонци со христијанска и муслиманска вероисповед, може да се види и во црквата „Св, Никола“ – Турбе, од каде како на дланка се гледа Македонски Брод. Овде со векови се молат  и двете верски заедници, христијаните од Поречието и муслиманите од Пласница, Кичево и околината. Во самата црква постојат покрај сликите на Исус, Св. Никола и други христијански светители и т.н. муслимански верзии на христијански просветители.

Македонија е уникатна и не постои друго вакво место на балканот.

Македонците со исламска религија, никогаш не се откажале од својот јазик, обичаи и традиција (дарување на цркви, славење на Ѓурѓовден).

Во некои куќи на Македонците муслимани се чувале и христијански икони..

Денес и употребата на терминот „Торбеши“ е погрешно и има погрдна конотација. Постојат повеќе имиња со кои ги ословуваат како што се Торбеши, Потури, Помаци, Аповци или Горани. Но тие сакаат само да се викаат со името Македонци, бидејќи тоа и се, а не со имиња кои најчесто се погрдни.

Македонците со исламска вероисповед во минатото биле постојана мета на напади и обиди за асимилирање, како од страна на Албанците , така и од страна на Бошњаците, Србите, Бугарите,.. Во поново време има тенденции за издвојување на Македонците со исламска вероисповед од македонската национална целина и создавање на „посебна“ етничка група, од страна на пратеникот Фијат Цановски и неговата политичка партија ПЕИ.

Во вакви услови испадите на македонските „патриоти“ со кои се навредуваат Македонците муслимани се непотребни и антимакедонски.

На Македонија и се потребни сите нејзини македонски деца без разлика на верската припадност.

Сите заедно сме нераскинлив дел од македонската нација.

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top