Коментари

Иредентистите обвинуваат за иредентизам

misko-taleski

misko-taleski
Мишко Талески

Грците наметнаа став дека од името на Македонија произлегуваат територијални претензии. И се уште живеат и водат надворешна политика со таа стратегија. Обвинувањата за македонски иредентизам во однос на грчките интереси не само што се смешни, туку и обид за префрлување на топката како во тенисот.

Ако се зборува за вистински иредентизам, тогаш грчката политика може да го носи приматот доктор.

Не знаејќи кој чекор да го преземат грчките политички кругови редовно ја обвинуваа Македонија и македонскиот народ за иредентизам, за територијални претензии на нејзината територија, за присвојување и крадење на нивната историја, традиција, култура… Им пречеа мапите на етничка Македонија кои стоеја како историски доказ во македонските институции на системот, не обвинуваа за водење агресивна политика која имала за цел да го собори нивното видување за античката историја, за припадноста на Александар Македонски и ред други небулози.

Најмалку Македонија и македонскиот народ можат да се етикетираат и обвинат за склоност кон други територии, за непочитување на малцински права и сл. Во современата историја Македонија покажа и докажа колку може да ги исполни европските стандарди во поглед на човековите права. Грција како членка на НАТО и ЕУ не покажа со ништо дека се однесува проевропски.

Присвојувањето на туѓи територии, желбата да држи монопол над името Македонија кое правно и историски никогаш не и припаѓало, насилните менувања на македонските топоними со еленистички, се само дел од потезите кои ја докажуваат национал-социјалистичката и хегемонистичка политика на една земја – членка на ЕУ и на НАТО, земја која се декларира како една од зачетниците на светската цивилизација и култура.

Грчкиот национализам веќе со години ја користи и Грчката православна црква како додатен адут за јакнење на нивниот идентитет. Тоа континуирано се манифестира со обелоденувањето на информации дека “скромни” пари се префрлуваат на сметката на самонаречената црква на Јован Вранишковски. На многу странски експерти се уште им е нејасно зошто грчката црква го става носот во државните работи, но очиггледно е дека таму работите се испреплетени.

Многу интересен е пристапот на решавањето и на албанското прашање во Грција, кое на моменти предизвикува згрозување од начинот на размислувањето како треба да се реши тој проблем. Имено, двајца пратеници на опозиционата Нова демократија во јавноста своевремено изнесоа, според нив, “иноваторски” решенија, односно сугестии како грчката држава треба да им пристапи на Албанците дојденци.

Еден од нив, пратеникот Андреоулакос на заседанието на парламентот побара властите посериозно да се позанимаваат со нелегалното населување на жителите од Албанија и дека едно од решенијата би било депортација на како што рекол “изродите”. Во случај да се осудат да се вратат повторно во Грција, истите би требало да бидат затворени во концентрациони логори на некој изолиран грчки остров, како по примерот на оние што Атина ги користеше во текот на студената војна.

Станува збор за крајно расистички став, но речиси никој од присутните грчки пратеници тогаш не реагирал на ваквите предлози на пратеникот од Нова демократија. Како што подоцна во една прилика изјави познатиот грчки композитор Микис Теодоракис, “сите пратеници сносат вина за таа изјава на Андреоулакос, затоа што никому не му било непријатно да ги слуша нацистичките ставови на пратеникот”. Неколку весници само се обидоа да ја ублажат катастрофалната позиција на грчките политички кругови со пишувањата во стилот – расистички делириум. Но, ниту тоа не помогна. Слични реторики подоцна во истото здание се појавија и за турското малцинство во Грција.

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top