Фељтон

Кој је крив – 1889 (4)

Немаме да трпиме велјам, и не требе да трпиме, туку си као еден чоек да станиме и да протестираме про-тив овија изрази на Н. Блаженство, поради који нашево Правителјство имало полно право да стави Македонија во војно положенје и није да стенкаме под такво едно положенје, као што у сите држави, народите стенкаат, коа се наогјат под строгоста на војнијот суд.

Според мене ништо друго не останва, од сем да помолиме Н. Блаженство да ни каже, да ли тој со негоово седенје во Цариград се надеје уште за сполука и да ли со негоово седенје не вгрлја сам цел народ во несрекја и неволја и да ли тој не је причина за ова очигледно непријателјско и недоверлјиво узајамно носенје како мегју нас и нашео Правителјство, исто така мегју нас и нашите сограгјани мусулмани. Н. Блаженство мошне добро знаје, зашто није кажујеме, оти тој је причина за сиве наши несреки и неволји, и ако работата беше само од него, не би требало разјасненја, но пошто има и добродушни лјуди, који многу многу не вникнујат во истиноста на работата, није принугјени сме да кажеме неколку речи, зашто кривиме Екзархот.

Никој измегју нас нема што не знаје Св. Стефанскијот договор као и негоото недонесено дете, што се вика Св. Стефанска Бугарија, чији дел прајеше и нашава таткојна. За наша несрекја или срекја, оваа Св. Стефанска Бугарија, според берлинскијот договор, се ограничи до познајените нам граници, и нашаа таткојна остана повтур направо под власта на Нег. Вел. Султанот. Од она време до сега се изминаа ето 12 години, и мегју тоа се преиначија толку многу и политичките погледи на самите создавачи на истата онаа Св. Стефанска Бугарија, што денеска одвај се допушта да мислиме и верујеме, оти некој пат ќе биде оваа Св. Стефанска Бугарија. Во тоа нешто можат да верујат само лјуге тврдоглави и који неможаат од носот по на тамо да видаат. Сега да си дојдеме на речта. После утишујенјето на Турската ИмпериЈа, ето ти стигна во Цариград,мислјам во 1879 год., Н. Блаженство и застана као духовен начелник на цела онаа Св. Стефанска Бугарија. Во она време, кога населјбината беше уште одушевена од новите работи, сме гледале на Екзархот, на видум, као на духовен начелник облечен во расо и камилавка, а во истиност, под оваа маска вигјали сме политичен фрак и цилиндар, и така сме се надејали, оти за брзо време преко овој полигичен стежер, утврден во самата престолница, ке се исполнит идејата за соеди-ненјето. Е, прашам, ели се исполнија овија надеши и ели има уште надеш да се исполнат. Не, никако не, и тоа, пошто као што рековме по-горе, и самите создавачи на онаа Св. Стефанска Бугарија променија си во ова време, поради разни сегашни политички причини, својите погледи, а пак није, без да гледаме по на далеку, се сме се крепиле за онај веке изгнијан стежер, као слепа мајка за кјоравога сина. Сега овде требе да видиме и кажеме вајдето и штетата од ова наше држенје:

Нашето правителјство уште у покажујенјето на Н. Блаженство во Цариград, така прозирно предвиде нбго-ото значенје, што предузе си предпазни мери и со отво-рени очи гледало на сека една Екзархоа постапка и наша, и на си наши молби тоа ни одгоорвело недоверливо и со вртенје глава, које значило и значи: немојте да учите вије деда’да мака кајгана, т.е.: ве знам што арстлоци сте и оти ми копате гробот. Со тоа исто ако гледале на нас и нашите сограгјани мусулмани и така није сме биле при-нугјени да живиме осамотен живот, далеку од правителјско доверије, које највеке убива народот. Напарени бидејки од некој глупи постапки относно црквенијот вопрос до правителјството, није сме се запреле да побараме и некоји правдини, што ни дало нашето правителјство, и поради тоа нешто толку сме се мачили и мачили! Тешко на оној народ, кој је изгубил правителјското доверенје -тој иди у пропаст. И се ова се чини од тоа, што није со Екзархот заедно сме држале сумниво положенје – спроти правителјството, као што се секој веке уверил. Но Н. Блаженство не само не можел или некел, које је и по вер-но, да разбере, оти со ова наше држанје спроти правител-ството није од ден на ден се појке губиме и не ке изле-зиме на добар крај, та да клад. веке крај на оваа колку смешна и чудна толку и опасна за нас комендија, што је игра во Цариград, туку, од коа не сполучи со сите срества и хитрости, што употреби, сврти је инако политиката за да дојде до својите кројежи и намери, на која политика не само уште појке го растресе нашето положенје спроти правителјството, туку и нас саваршено од морална и религиозна страна ке не убије.

Продолжува наредна среда

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top