Фељтон

Кој је крив – 1889 (5)

од Темко Попов

5 дел

Пред неколку дни од истински извор се научивме, оти по дадени инструкцији од Екзархоа страна г-ну Начеву, директору у Солунската бугарска гимназија, стапил реченијот г-ин Начев, заедно со учителјскијот персонал, во погодби со унијатскијот епископ во Кукуш г-на Владена Младенова. За богдушните лјуге, што не се запознајени со такви јунаштини Екзархои, ова нешто ке им дојде као измишлејнца, скројено нарочито и за не верујенје, а, напротив, ним, који знајеме Блаженствота од по-близу и који не се сомнујеме во верноста на изворот, и толку појке што овија Екзархо-Начевски постапки биле расугјујени и осугјујени од страна на здрамислјачи грагјани и ученици во Солун, – нам, велиме, који познајемо од по-близу Блаженството, никако не ни је чудна оваа негоа срамна постапка. Тој си служил и ке да си служи со такви мизерни срества, за да може да се закрепи на својето растресено местогГој не само со унијата може да се погоди, но се погодил уште со време со протестанското друштво во Цариград, и за тоа вигјаме, оти нивнијот орган, кој се вика „Зорница” со језуитските своји „писма до нашето православно духовенство”, написани од протестанскијот поп и уредник на истијот весник Томсона, се напрајил во исто време и Екзархов орган, по чиј пример, се пишаат и од Македонија од страна на Екзархојите мекјарина разни глупости и се штампаат у истијот весник, поради који, Екзархоји или учителјски дописки, реченијот весник се распространил по нашиве места до таква ужасна мера. Није пред да кажиме нешто за последноо екзархоо решенје относно унијата, некеме да пропуштиме случајот, без да кажиме неколку речи за милава Екзархоа „Зорница”. Секој од нашите добро-душни лјудици, коа вигјат да се пишујат во овој весник много за него интересни работи, било за Екзархијската канцеларија, било од некоји друзи учители, од се срце давал је својите 30 гроша. А знајете ли со тија 30 гроша што је внесујел тој во куки? – зараза и псуванја против онија наши Св. Оци, против онија Христосои ученици и религиозни јунаци. Није познааме лјуге, што одвај се преранвеле, а не жалиле онија златни парици да ји даат за весник „Зорница”. Пуста слепотија, од која се ползували Екзарховци и негова чиста и не чиста кумпанја! Но бидете веке уверени, Ваше Блаженство, оти дојде веке време, и не ке да ве остајме да хитрујете и играте со нашата таткојна!

Пред да свратиме погледот на нашите сограгјани и на нашето правителјство на таа ваша јунаштина у интерес на унијата, должност ни је со две речи да кажиме на нашите бракја Македонци што и како нешто је в. „Зорница”.

Бракја, реченијот в. „Зорница” не је ништо друго, од сем религиозен разврат, упатен против нашата православна вера и св. Преданија. Није ве советујемо не само да не си даате вашите златни парици за таква една губидуша, туку и кој од вас има прошли бројои од тој весник да ји искине и право во огон да ји врли, ако не на друго место. Верујеме да се послушаме у интерес на нашата православна вера. А сега да изјасниме и последнаа пеливанштина Екзархоа со Унијата.

Нашео Блаженство, уверен бидејќи, оти сам по себе т.е. колку самите негоји сили му проштаале, не може ништо да напраји, – макар и да се содружи со Протестансконо друштво во Цариград и друзи као него – лаф бурада калсан, – сега се содружује и со унијатските вла-дици, да не, покрај нив, као семошни, имајки Папското крило и крилото на една од, така наречените, велики сили, напне и нешто за него, без да му је брига, да ли, со ова негоо предателјство, не убива нашите, од старо време, религиозни осекјанја и спомени. Сега тој дошол во такво положенје, што за него нема ништо свето, као што немало и никоаш. Тој сега сака да се напраји една таква каша во нашаа таткојна од страна на католици протес-танти и унијати, што, давајки есап на својте патрони, који му даваат 500 и неколку илјади ле.вчинја годишно, боже за учебното дело во Македонија, за које ке се трошаат појке од 250 илјади, а што останујат ји голта тој, голта нашијон премил Офејков и негојите другари Бегаjков, Седајков, Стојајков, и знајеме ли није како се вика онаа цела тебабија екзархоа, – да може да им покаже и нешто на дело, т.е. збунујенје на нашава таткојна, сполај на негојите итрости. Но ке му заседне в грло. Не кеме веке да му простиме никакви авантурији на есап на нашиве кожи и светинје за каква и да је голема цена. Није сме заколнети во најмило и најдраго, решени бидејки да претрпиме најголемите и најнеправедните лјутости од чија да било страна, само и само да осветлјујеме,нашите сограгјани и правителјство за си лоши намери и мисли Екзархоји, и да покажујеме на нив со прст. Например, ево сега од два-три месеци навамо во Вардар-Јениџе околу 200 фамилији се отцепија од нашата Православна Црква и прегрнаа Унијата, фала на здружената агитација и распитујенјето на савестите од страна на Н. Блажен-ство и унијатскиот епископ Младенова. Истите мерки се земени и за овија градој: Сер, Костур, Лерин, и за друзи места, кај што, од турскиот јаничарлук санким, немогол да продере бугарштината. Но зар заборајло Нашео Блаженство – пошто речта не ни је за негојот другар, унијатскион епископ, што сосема је презрен од нас и го презираме заедно со негојте закрилници – оти славјанштината во нашаа таткојна претрпила и видела многу тешки времинја и пак си зачувала славјанството и во исто време православијето, а колку појке сега, коа тоа народно славјанско осекјанје је развијено у секого до таква мера, и коа правителјството ни, фала Богу, не запира никому да исповедује својата народност? Слушате Ваше Блаженство?

Извагјајки овија жални известија, прво заколнујеме Нашиот Господар Н. И. В. Султан Абдул Хамид II во најмилото и најдрагото му, во интерес на Негоата држава, да благоволи да издаде Својата висока заповед во Солунскион и Битолјскион вилајети за да се предземат претпазливи мерки против такви интриги; и второ заколнујеме својте сограгјани во името на славната таткојна сами тија да си бидаат нејзини ангели пазачи, и да се вардат од такви агитатори као од крастаји кози. Није не можеме да свршиме оваа статија без да изречеме онаа евангелска вистина на нашијот Спасителј: За ослобогенјето од који и за разрешујенје вопросот мислиме да је најзгоден ево кој начин: Није, као ваши сограгјани, као синој од една иста таткојна, имаме право да кажеме својето мисленје и, ако се најде тоа за добро, нека се пријеме, а пак, ако не, секој је должен да си каже својето, за, расудујки овај вопрос, да пријемеме најдоброто решенје, да се заватиме за работа, и да се курталисаме од ова положенје.

Според моје скромно мисленје, овај вопрос може да се реши вака: да се споразумејеме со Патријархијата за да не одиме потамо и да бараме Охридската архиепископија, овака: прво, од Дебрската, Охридската, Прилепската, Велешката, Скопската, Воденската и Приштинската епархији да си кренат својте грчки владици, од коа ке си остаји во речените градој по еден свештеник за да извршује свештенските потреби на вулгарофони или влахофони грци и да им биде као председателј на школјските надзорништва, и друго, населјбината на во гореречените епархији да има узаконено право сама таа да си избира кандидати за митрополити измегју својите сограгјани и еднородци, а Патриархот само да ји ракоположује и да је нивни врховен духовен начелник без да има власт да ји променује или сосема да ји отврлја без саканје на народот; и трекјо, во смесените градој и паланки нјод онија епархији, во који има појке вулгарофони и влахофони Елини, на нашите општини да им се даде право да си имаат еден свештеник или архимандрит за извршујенје црквените обреди на мајчинијот ни јазик, која ке признаа така исто месните митрополити као духовни начелници.

Овај је начинот, по кого, според мене, није можеме: прво, да имаме за брзо време наши народни владици и Јуредени училишта, без да имаме потреба од туги милости, зашто тешко и горко на оној народ, што чека својата душевна храна од туги раце и ја поверил на такви; и друго, со решујенјето на овој олку трнлив црквен вопрос, није ке добијеме доверије на правителството, ке кладеме  и крај на интригите надворешни и внатрешни и така ке живејеме премирно под таткоото крило на Негоо Императорско Величество нашијот Господар Султан Абдул Хамид II.

Продолжува наредна среда

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top