Македонски легенди

Војвода Смиле Војданов

Smile_Voydanov

Smile_VoydanovСмиле Војданов (с. Лактиње, Охридско, , 1. II 1872 – Понтијак, САД, 4. III 1958.) – македонски револуционер, член и војвода на Македонската револуционерна организација, долгогодишен деец во македонското национално движење меѓу македонската емиграција во САД. Во 1897 активно се вклучува во МРО и како реонски војвода во охридска Дебарца води повеќе битки со турските војски. Емигрира во САД и се вклучува во македонските емигрантски органицазии. Во септември 1929 година, учествува во формирањето на првата Македонска прогресивна група во Понтијак, која потоа прераснува во Македонски народен сојуз во САД и Канада. Војданов како претседател на МНС организирал повеќе конгреси, потпишувал значајни документи за македонското движење и издаваат весници преку кои успешно ќе ја шири вистината за Македонија. Го образувал и водел Американскиот словенски комитет во времето на Втората светска војна, а по неа тој е еден од главните иницијатори за изградба на Државната болница во Скопје.

Смиле Војданов е роден на 1 февруари 1872 година во охридското село Лактиње. Се образувал во Охрид и во кичевскиот манастир „Света Богородица Пречиста“. Во Охрид учел прво и второ одделение, а потоа уште три години се образувал во ќелијното училиште на кичевскиот манастир. Во манастирот останал да служи како ѓакон до 1890 година, а потоа се вратил во родното место. Во 1892 година се вработил како учител во родното Лактиње.

Две години потоа, од 1894 до 1897 година, Смиле работел како анџија во селото Сливово. По средбата со македонските револуционерни дејци Христо Узунов и Методија Патчев, кои го запознале со целите на Македонската револуционерна организација, во 1897 година Смиле Војданов активно се вклучува во Организацијата.

Смиле Војданов повторно бил назначен за  учител во 1898 година и како член на МРО бил доста активен меѓу населението во Дебарца. Во предилинденскиот период, односно во 1901 година засилено агитирал и работел на формирање на Комитети на Организацијата, а дури во  јули 1902 година влегол во четата на Дејан Димитров.

За време на Илинденското востание како реонски војвода дејствувал во реонот на Горна Дебарца и учествувал во повеќе битки кои се воделе со турскиот аскер и башибозук. За време на борбите Смиле се истакнувал со особена храброст и снаодливост. По задушување на Илинденското востание, дел од четата на Војводата Смиле Војданов се демобилизира, а со останатите востаници кон крајот на 1903 година, тој се повлекува во Бугарија.

По подпишувањето на Букурешкиот договор во 1913 година со кој Македонија била поделена, на советување во Софија се собрале македонските револуционерни дејци. Јане Сандански, Васил Чакаларов, Христо Чернопеев, Петар Чаулев и др. Меѓу присутните на ЦК бил и Војводата Војданов, Тој учествувал на советувањето од кое на 11 август 1913 година бил испратен Меморандум до Едуард Греј, претседателот на Лондонската посланичка конференција  како и до полномошните министри на големите сили ученици во преговорите, со кој, од името на македонскиот народ била побарана ревизија на Букурешкиот договор и давање на автономија на Македонија во нејзините етнички и географски граници.

Букурешкиот диктат го предизвикал отпорот на сите патриотски сили на Македонците како во земјата така и во емиграцијата во Америка и Канада, На повикот да се продолжи со борбата против новите окупатори на Македонија, Петар Чаулев и Смиле Војданов два месеци потоа ја обновуваат ревулуционерната активност во Охридско, но овој пат против српската власт. По неуспехот востанието тој ќе емигрира во САД и ќе се вклучи македонските емигрантски организации.

Во Америка, Смиле Војданов ќе се насели во градот Понтијак каде ќе се занимава со ситен бизнис. Потоа заедно со Георги Николов Зајков, познат како Георги Пирински, ќе ја пропагираат македонската вистина и ќе се борат светот да ја дознае правата вистина дека македонската нација е реалност. Тие во триесетите и четириесетите години на XX век ќе настојуваат да ја обединат македонската емиграција во Америка, особено да ги обединат лицата кои Македонија ја чуствувале за своја татковина и на кои македонскиот национален идентитет им бил света работа.

Во септември 1929 година, Војводата Смиле Војданов и Георги Пирински ќе го формираат Македонскиот народен сојуз. На почетокот тие ќе ја формираат првата Македонска прогресивна група во Понтијак(14 илинденци), која потоа прераснува во Македонски народен сојуз во САД и Канада (подоцна Македонско-американски народен сојуз во САД и Канада), со Централен комитет.

Во 1931 година Војводата Смиле Војданов бил избран за претседател на ЦК на Македонскиот народен сојуз, а за секретар Георги Пирински.  Тие ги издаваат централните органи на МНС (МАНС) со јасно дефинирана национална концепција во меѓувоениот период со соработници од сите делови на Македонија кои ја градат македонската национална свест на Македонците каде и да се наоѓаат. Потпишуваат значајни документи за македонското движење, кои се објавуваат во органите  на здружението: „Балканско сдружение“, „Трудова Македонија“, „Народна волја“ и др. Покрај тоа се објавуваат сите важни документи, соопштенија, коресподенција со Македонците каде и да се,  како и лични спомени од Илинден. Воспоставил тесна соработка со Ангел Динев и неговите „Македонски вести“.

Како химанист и добротвор, Војводата Војданов во јули 1936 година, со уште два члена оди во меѓународна мисија во Бугарија за да им се помогне при судењето на 14 „македонски националреволуционери“. По избувнувањето на Втората светска војна го формира и го води Американскиот словенски комитет од 1941 до 1945 година, кој има за цел да им помага на Словените во Европа. Тој исто така бил иницијатор и еден од главните членови на Комитетот за изградба на Државната болница во Скопје.

Починал на 4 март 1958 година во градот Понтијак, САД.

Најново од: Македонски легенди

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

To top