Коментари

Македонска нација 2011

magdalena-mihajloska-3

magdalena-mihajloska-3
Магдалена Михајлоска

Силна држава се прави со добро лидерство, храброст, верба во себе и верба во својата нација. Несомнено, сето ова ни недостасуваше во периодот на транзицијата, период кој  трае, период кога самостојноста и независноста требаше да ја подигнеме на највисоко ниво. Така, повеќе ќе се ценевме себеси, а уште повеќе ќе не ценеа и другите. Македонците кои успеале да ја зачуваат Македонската нација и покрај толку предизвици во минатото, немаат причина да не го направат тоа и во сегашноста.

Говорот на премиерот на Р. Македонија, на 66-то Генерално собрание во ОН, во себе ја содржеше македонската кауза. Без понижување и срам  јасно им даде до знаење на големите Европски сили дека: „Ние знаеме кои сме и како ќе живееме. Ние сме Македонци, а нашата држава се вика Република Македонија“.

Истакнувајќи го космополитизмот на Македонците, кој не прати уште од времето на Александар Македонски, само ја покажавме нашата големина како народ кој има разбирање и почитување за туѓата државност, а сега само го бараме она што ни е загарантирано со Меѓународното право, правото на самоопределување. Подадената рака, не секогаш значи и одговор од другата страна,  но сега барем не се исплашивме да ја побараме поддршката од земјите-членки за историскиот проблем кој сеуште претставува блокада за нашите евроантлански интеграции. Нека знае светот дека сме способни и желни за самореформирање. Нека знае светот дека со посветеност и одговорност работиме на нашето приближување кон ЕУ. Нека знае светот дека сме жртва на политички спор, спор кој ние самите не сме го одбрале. За жал, ваквиот став и настап пред ОН ни беше потребен многу порано. Меѓутоа во изминативе 20 години, нам ни недостасуваше самодоверба, чувство за припадност и храброст да се соочиме со светот. Сега кога е вратен моралот кај македонскиот граѓанин и кога успесите и во другите полиња се множат, македончето стана горд Македонец. Сликата која една држава ја создава за себеси надвор, игра голема улога врз нејзините ѓраѓани дома. Поволната бизнис клима и остварените средби со бизнис заедниците не се за потценување. Решителноста да се успее и на економски, не само на политички план, порано или подоцна ќе вроди со плод. Држава која се бори и е обединета од внатре, верувајте, не може да се уништи од надвор. Обединетоста во ставовите, желбите и плановите за Европската иднина на нашата земја се темелот за успех. Крајно време е да се оттргнеме од митот на виктимизација и барањто на вина за нашата ни „мачна судбина“. Крајно време е да покажеме дека сме ги научиле лекциите од минатото. Обединетоста и сплотеноста за Македонија нека биде реалноста во која ќе живеат нашите поколенија.

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top