Фељтон

Историја на Македонската Православна Црква (8)

freska

Македонската црковна уметност

freska

Во првата половина на XIX век, како резултат на економскиот подем на македонскиот народ и дозволата на турската власт да се градат поголеми цркви во Македонија, дошле до израз нашата специфичната македонска црковна архитектура и сликарство. Во тоа време во подем била и нашата резба, која сé повеќе се појавувала како внатрешна декорација на црквите. Така, една по друга, почнале да се градат големи градски и селски цркви во Скопје, Неврокоп, Битола, Кратово, Велес, Прилеп, Штип, Горна Џумаја, Солун, Банско, Воден и во други градови.

Со тек на време се развивала и зографската уметност. Најпознатиот зограф во тоа време бил Дичо Зограф од мијачкото село Тресонче. А, попознати иконописци од тоа време се и Томо Вишинов – Молер и неговиот син Димитар Молеров од Банско. Потоа зографите Петре Филиповски – Гарката од село Гари и Макариј Фрчковски од Галичник. Во почетокот на XIX век поради с# поголемото градење на нови цркви се формирале и повеќе зографски тајфи од Лазарополе, Гари, Тресонче, Осој, Росоки, Галичник, Битуше и Требиште – сите од мијачијата.

Резбарот Макариј Фрчковски долго време соработувал со Петре Филиповски – Гарката, а потоа со своите браќа Ѓурчин и Трајан и синовите формирал своја тајфа. Тој ги изработил иконостасите во црквата „Свети Спас“ во Скопје, „Свети Никола“ во Приштина и „Света Богородица“ во Пазарџик. Македонските зографски, резбарски и градителски тајфи содавале вечни и благочестиви дела како во Македонија, така и насекаде на Балканот.

12. Црковно-националните борби против Цариградската патријархија

Веста за неканонското укинување на Охридската архиепископија и лукавото потчинување на македонските епархии под јурисдикцијата на Цариградската патријаршија, со огорченост и негодување била примена од македонскиот народ. Уште од самиот почеток македонскиот народ континуирано ги чувствувал духовните стеги и неправди на грчките владици. Споменот за својата славна Охридска архиепископија, како своја родна Мајка Црква, не избледнеал со текот на времето, туку напротив идејата за возобновување на Охридската архиепископија постојано тлеелa во македонските срца.

Согледувајќи го реалниот отпор против неа, Цариградската патријаршија постојано ги засилувала притисоците и забраните против сите македонски појави. Особен отпор патријаршијата пружила против барањето на граѓанството во црквите и училиштата да се воведе македонскиот јазик.

Во шеесетите години на XIX век дошло до силно сенародно движење во сите македонски градови за отфрлување на јурисдикцијата на Цариградската патријаршија. Меѓутоа, се постигнал само половичен успех. Големо мнозинство од македонскиот народ ја отфрлил јурисдикцијата на Цариградската патријашија, но поради спротиставувањето на турската власт, која била алармирана токму од патријаршијата, не се успеало да биде обновена Охридската архиепископија. Силното бугарско граѓанство во Цариград успеало на своја страна да ја придобие Високата порта и во 1870 година да формира Бугарска црква, позната како Егзархија.

Македонскиот народ, принуден да избира меѓу Цариградската патријаршија и Бугарската егзархија, ја избрал јурисдикцијата на Бугарската Црква, која по јазик и култура била поблиска на неговите интереси. Еден дел од македонското население останал и натаму под духовна управа на Цариградската патријаршија, а некои црковно-училишни општини во јужниот дел на Македонија прибегнале кон Римокатоличката црква и преку унија со неа настојувале да организираат своја самостојна Македонска црква. На тој начин дошло до црковна поделба на македонскиот народ, која ќе има големо влијание низ нашата национална афирмација, зашто зад секоја одделна црква стоела туѓинска национална и асимилаторска програма, која имала за цел да го однароди и претопи македонскиот народ. Врз навидум црковна основа подолго време ќе дејствуваат перфидно националните и асимилаторските пропаганди на великогрците, на великобугарите и на великосрбите. Но различното определување кон една од црковните заедници, кои биле признати во турската империја, не го одвлекло вниманието на македонскиот народ од идејата за обновување на Охридската архиепископија, како своја народна Македонска православна црква. Често се сретнуваат условни движења во оваа смисла, во која, покрај борбата за македонски јазик, се водела борба и за Македонска православна црква, поточно за обновување на древната и славна автокефална Охридска архиепископија.

Познато е дека повеќе македонски црковно-училишни општини во 1873 година се обиделе да ја обноват Охридската архиепископија. Исто така, познато е дека осум црковно-училишни општини, по Берлинскиот конгрес, побарале благослов од римскиот папа за обнова на Архиепископијата. Слична акција постоела и во 1885 година. Сепак најзабележителен е обидот на скопскиот митрополит Теодосиј Голаганов за обнова на Охридската архиепископија во периодот од 1890 до 1892 година

13. Митрополитот Теодосиј Голoганов

Митрополитот Теодосиј Гологанов, бил родум од Неврокоп. Тој уште со своето доаѓање во Скопје започнал да се бори со црковно-националните пропаганди во Скопската и другите македонски епархии, со желба да создаде објективни услови за обновување на Охридската архиепископија. Веќе во 1871 година, се отцепил од Бугарската егзархија и преку преговори со Цариградската патријаршија засилено работел на тоа да биде обновена Охридската архиепископија. Здружени меѓу себе, црковно-националните пропаганди на Бугарија, Грција и Србија, преку клевети, успеале да ја спречат дејноста на митрополитот Теодосиј, па тој бил спроведен во Цариград, а потоа бил прогонет во Бугарија.

14. Обиди за обновување на Охридската архиепископија

Желбите и настојувањата на македонската интелигенција и на македонскиот народ за обновувањето на Охридската архиепископија биле тесно поврзани со борбата за сопствена национална афирмација. Големите сили кога зборувале за реформи во ослабнатата турска држава, постојано го истакнувале и обновувањето на Охридската архиепископија – како самостојна, автокефална Македонска црква. Оваа реформа ќе требало да донесе културно и национално закрепнување на македонскиот народ, но во исто време и мир и спокојство на политички план во овој дел од Европа.

Токму заради тоа, не е случајно тоа што Крсте Петков Мисирков, Димитрија Чуповски и други македонски интелектуалци и борци за националните права на македонскиот народ, на возобновувањето на Охридската архиепископија ì даваат централно место, барајќи нејзино обновување како самостојна Македонска православна црква. И македонските студенти, преку својот весник „Македонски глас“ во Петроград, во 1913 година бараат независност за својата татковина Македонија и обновување на Охридската архиепископија – како национална црква на слободниот и независен македонски народ.

Меѓутоа, неповолните политички услови за Македонија имаат негативни последици и за Македонската православна црква. Со поделбата на Македонија, по Балканската војна, помеѓу Бугарија, Грција и Србија, на македонскиот народ му беа наметнати и црковните јурисдикции на соседните поробувачки народи. Ваквата состојба се задржала с# до ослободувањето на Македонија и оформувањето на самостојна македонска држава.

15. Мак. епархии во поделените македонски територии

Во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците е формирана единствена православна црква. Во составот на Српската православна црква, биле приклучени и епархиите од Вардарскиот дел на Македонија, кои претходно биле откупени од Цариградската патријаршија, иако таа над мнозинството на македонското население немала црковна власт. Одлуката на Синодот на Цариградската патријаршија, донесена на 19 март 1920 година, гласи: „Канонски ред и обичај е работите на црковната управа да се уредуваат и доведуваат во согласност со политичките промени што се случуваат и според тие промени црковните работи со внимание, како што прилега, да се приспособуваат и распоредуваат не само заради нивното уредно и целосно изведување, туку и заради поголемата полза на Црквата и на христијанскиот народ“. Продажбата на православни епархии е чин без преседан во историјата на Православната црква. Овој чин, слободно можеме да го споредиме единствено со случајот кој апостолите го имале со Симеон Волшебникот, кој сакал од нив за пари да ја откупи благодатта. Купувањето на Македонските православни епархии од страна на Српската православна црква е чин зачнат во грев и тој нема никаква канонска основа, па според тоа оној кој го направил овој грев, пред Бога, не може да има никакво право и надлежност над купеното, бидејќи ова се коси со Евангелието и Божјите заповеди.

Другите македонски епархии биле разделени и потпаднале едни од нив под грчка, а другите – под бугарската црковна власт, со владици Грци, односно Бугари, како што и владиците на македонските епархии во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците биле Срби. Тие и нивните најблиски соработници заборавиле дека треба да бидат вистински духовни пастири на Христовото духовно стадо, туку уште побезочно и посрамно ја продолжиле политиката на однародување и асимилација на македонското население, станувајќи платени слуги на великогрчката, великобугарската и великосрпската мегаломанска политика во Македонската замја и спрема Македонскиот народ. Владеачките режими ги ангажирале Православните цркви во своите држави за да им служат во остварувањето на нивните нехумани и нехристијански цели кон Македонците. Организирале разни културно-просветни и национално-патриотски друштва во Македонија, во кои владиците и нивните најблиски свештенослужители се ангажирале најмногу за однародувањето и асимилирањето на Македонскиот народ. И денес кога овој народ има своја слобода, своја државност и своја народна автокефална Македонска православна црква и сака да ги остварува заедно со нив светите евангелски вистини, со љубов пружајќи им ја својата братска рака за измирување во името на Господ Исус Христос и Неговата Света Црква, тие место да се засрамат и да побарат прошка од народот на кој многу му згрешиле, тие се трудат со сите свои сили и измислуваат безброј демонски причини за да не ја признаат автокефалната Македонска православна црква, која е верна наследничка на древната Охридската архиепископија, која многу ги има задолжено сите балкански и источни православни цркви. Ваквиот став на соседните православни цркви не само што не е православен и христијански, туку не е ниту човечен.

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top