Коментари

Гоце Делчев не бил Бугарин

aleksandar-stevanov

aleksandar-stevanov
Александар Стеванов

Официјалната бугарска историја, сеуште, служејќи се со секакви средства и методи од петни жили се труди сите македонски револуционери кои се бореле за ослободување на Македонија од Османлиската Империја, да ги прикаже како етнички Бугари, а не како Македонци.

Во август 2010 година, сега веќе бившиот бугарски министер без ресор, познатиот македонофоб – Божидар Димитров, иронично го поздрави поставувањето на споменици на плоштадот во Скопје, на според него “бугарски херои”, меѓу другите, мислејќи и на споменикот на Гоце Делчев:

“Јас се радувам, четири лавови, споменици на Гоце Делчев и Даме Груев сите дел од бугарското востание.”

Имено во оваа статија за разобличување на таквата бугарска лажлива пропаганда ќе се послужиме со два примери за најголемиот македонски идеолог од тоа време, Гоце Делчев, за кого денешната официјална бугарска историја и бившиот министер Б. Димитров, тврдат оти бил Бугарин.

Во белешките на Ванчо Михајлов (Сто години сегашност – В. Андоновски), може да се прочита една порака која што Михајлов им ја упатува на младите според него “македонски Бугари” од Скопје:

“…Ако младите се подготвени за акција, треба најнапред да го оштетат или целосно да го урнат споменикот на Гоце Делчев во скопскиот парк…”

goce-delcev
(Потомците на Гоце Делчев пред неговиот споменик во Градскиот парк во Скопје)

Но, зошто одродениот крвник на Македонците – Ванчо Михајлов, кој што до крајот на својот живот не ја призна македонската нација порачал да се оштети или урне споменикот на Гоце Делчев? Затоа што знаел дека Гоце Делчев кој што се борел за Македонија на Македонците не се сметал себеси за Бугарин, туку за етнички Македонец, со јасна македонска национална свест.

До истиот овој заклучок доаѓа и внукот на Гоце Делчев. Во неговите необјавениспомени, пишувани во седумдесеттите години на минатиот век, јасно и недвосмислено е напишано за што точно Гоце Делчев се борел и дали имал бугарска или пак македонска национална свест:

goce-delcev-2
“…Гоце кој што со целата своја револуционерна дејност и разбирање фактички допринесе исклучително многу за оформувањето на македонската национална свест, /македонско славјанска, ниту бугарска ниту српска/…”

Од прочитаното погоре, разбираме дека Гоце се борел, не за Бугари, туку за Македонци, а следствено на тоа, логично заклучуваме дека така и се чувствувал – како Македонец.

Што има на ова да каже бугарската историја? Што има на ова да каже македонофобот Божидар Димитров?

Времето ќе покаже, но повеќе од сигурно е дека оваа вистина нема да ги спречи во нивните обиди за побугарчување на македонските херои, затоа што тие нивни обиди не се засноваат на вистината, туку на сто пати повторената лага.

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top