
Васил Чулев

Александар I Македонски (498-452 г.п.н.е.)
Откривање на Македонскиот континуитет во 20 и 21 век
Денешната наука со своите достигнувања и спознанија сé поотворено и сé почесто се соочува и влегува во конфликт со политички изопачената претстава на Европската историја. Научните студии и сознанија во 21-от век полека но сигурно ја разобличуваат трагикомичната панаѓурска илузија на лажната историја креирана од Европските центри на моќ. Огромен помак во отстранувањето на со векови попречуваната вистина направи и појавата на масовните електронски средства за информирање, поточно – Интернетот.
По падот на „Берлинскиот ѕид” и релативната еманципација на голем број на нации кои излегоа од зад завесата на блоковската поделба, присилната и изобличена историја наметната од бившите и сегашни империи во текот на последниве неколку векови доживува сериозна ревизија и рецесија. Без блоковската цензура, барем источно-eвропските нации, почнаа сериозно да работат на враќањето и повторното откривање на сопствената а со тоа и на општата историја. Во последниве години константно се зголемува бројот на научници кои објавуваат завиден број на научни трудови и дисертации кои придонесуваат за побрзо исправање и зацелување на искривената Европска историја.
Најпосле се отпочна со макотрпното отстранување на Индо-Европскиот „Инвазионен модел” и фантастичната измислена „Голема Преселба на Народите”, бришењето на непостоечките „Словени” и „Словенската прататковина зад Карпатите”, како и со поништување на апсурдната лингвистичка поделба на јазиците на „Kентум” и „Сатем” – со која намерно не може да се опфатат Македонските јазици и писмо.
Наспроти овие, археолошки и лингвистички неподржани и неприфатливи историски конструкции, се издигнаa Парадигмата на Палеолитскиот Континуитет, историската реафирмација на Венетите како Пра-предци на Европејците и врaќањето на Централно-Периферниот лингвистички модел.
Посебно значајна е лингвистичката ревизија на досегашната традиционална „Кентум/Сатем” теорија за потеклото на Индо-Европските Јазици , која страдаше од една огромна црна дупка што се протегаше долж „Патот на Килибарот” пресекувајки ја Европа на две, и која без никаква оправдана причина (oсвен дискриминаторска се разбира) ги исфрли Македонските, или уште и т.н. „Сло-Венетски” јазици, надвор од секаква класификација.
За да разбереме со какви ништожни и расипани намери си имаме работа нужно е да се објасни основата на оваквата поделба. Како репер за оваа понижувачка и дискриминаторска поделба измислена во 1890 г. еднострано и намерно е земен Латинскиот јазик и писмо, т.е. првата буква од зборот ‘сто’ (или „Centum” на латински) – „С” од Латинската азбука. Сo оваа поделба, покрај наметнување на лажни Западно-европски лингвистички стандарди во една таква суштествена работа како што се јазиците и писмата на разни народи и нации, постигнато е и Европа да биде јасно поделена дури и лингвистички на Исток и Запад:
– Исток, кадешто во Источноевропските присилно наметнати Латински писма „С” се изговара како наше „Ц” (Cigara, cevka, crveno);
– Запад, кадешто во Западноевропските присилно наметнати Латински писма е намерно исфрлена согласката „Ц” (за чие озвучување се користи „ts” или „tz”) , а Латинското „С” се изговара и како „К” (Computer), и „Х” (Chaos), и „Ч” (Ciao) и „С” (Cinema).
Според деформираната логика на оваа неразбирлива поделба – „Satem” (како збор за „Сто” земен од Авестинскиот јазик[1]) всушност би требало да гласи „Catem” (Цатем), како што гласи „C” во Источноевропските Латински писма. Но, бидејќи нема „Ц” во Западните Латински писма, и бидеjќи Латинско „С” не е исто што и Кирилично „С” тој е запишан како „Satem”. Генијално зар не! Им требаа добри 20 години на Немците за да го смислат ова. И згора на се – до крајност е запазена старaта Римска максима: „Раздели и владеј”.
Централно-Периферниот лингвистички модел, предложен од Д’Јаконов, Виик, Алинеи и др., не е ништо ново туку само враќање на вистинската слика за Индо-Европските јазици и народи, кои во денешнава ера на модерни конфликти и актуелна економска „трета светска војна” што се води во Европа и пошироко – почнаа да ги преименуваат дури и во „Индо-Немачки”!!! Но и не можеше ништо друго да се очекува од една модерна разбојничка Европа со само 2-3 вековна лажна историја и идентитет.
Огромен придонес, покрај класичните научни дисциплини како археологијата или лингвистиката, даде и yште една релативно нова егзактна наука – Генетиката. Истражувањата на повеќe Генеалошки институти како iGENEA, Sorenson, фрлија ново светло и овозможија „новите” сознанија за Европската историја да бидат додатно потврдени и од перспектива на генетиката.
По возобновувањето на самостојноста и државноста во Вардарскиот дел на Македонија, Македонската нација почна гордо да го открива и покажува своето славно минато и својата милениумскa историја – најстара во Европа. Македонските традиции, цивилизација, култура и историја кои биле негирани и забранувани, и Македонските дејци, научници и интелигенција кои биле прогонувани од комунистичкиот и од претходните режими и окупатори, исто така почнаа да сe ослободуваaт од желеэните окови на Европската политичка историја.
[1] Источно-ирански јазик познат само од неговата употреба како „Зороастeрско Писмо”, односно „Авеста”.