Фељтон

Македонски милениумски континуитет (3)

__copy_copy_copy_copy

__copy_copy_copy_copyВасил Чулев

torzo

Tорзо со слогови симболи на богот на водите Во и нa врховниот небесен креатор нa универзумот – Сончевиот бог Воо. Македонија, 4 милениум п.н.е.


Македонскиот Континуитет во Палеолитот

Последната Ладна епоха или „Леденo доба” (од 131.000 до 12.000 г.п.н.е.) од Плеистоценската ера (1.640.000-8.000 г.п.н.е.) беше и последната голема препрека за Хомо Сапиенсот и развојот на човечката цивилизација. За да се имa претстава за што се работи мора да се земе в’предвид дека во тоа време, до пред 10.000 г. пингвини и фоки талкаа низ Медитеранот а зимите беa слични на денешните зими на Аљаска. Еден сеуште преживеан вид и жив сведок на тие времиња е и познатата, но многу ретка, Медитеранска фока.

Досегашните научни сознанија за Европската праисторија ни открија дека за времетраењето на оваa последна Ладна епоха, до пред околу 20.000 години, во Европа постоеле т.н. „Засолништа” области каде што климатските услови дозволувале опстанок на човечкиот вид.

lednici

Aрхеолошките наоди открија дека вакви „Засолништа” на Европскиот континент имало на Македонскиот (Балкан) и Иберискиот полуостров, како и во подножјето на Кавказ. Тоа биле континентални „џебови” ограничени со замрзнати пространства на север и со мориња и постепена пустинска трансформација на југ. Модерните техники за анализирање на остатоци од човечки населби со радиоактивен Јаглерод14 тоа и прецизно го потврдија човекот во овие „Засолништа” бил присутен во последниве 50.000 години, што значи и за време на последната Ладна епоха.

Aрхеолошките и други наоди утврдија и дека единствено културата од Балканот го oдржала својот континуитет непрекидно од праисториски времиња до денес. Благодарение на поволните и неизменети услови, успеа да се развие и да создаде нови начини за живот преку земјоделството и сточарството како нови човечки ресурси. Праисториските луѓе од Иберискиот полуостров и Кавказот не покажаа способност за прилагодување на новонастанатите услови и постепено беа асимилирани и заменети од далеку поуспешните луѓе од Македонскиот полуостров.

Иако e докажано дека како единствен етникум со потврден генетски, лингвистички, археолошки и секаков друг континуитет, Македонците како предци на Европејците се непризнати од модерната Eвропска ситноимперијалистичка наука, и се преименуваат и обезличуваат под манипулативни псевдоними како на пример „Индо-Европејци”, „Магдаленска култура” или „Култура на Чакални огништа”. Македонците денес уште се водат и како „Венети” или Сло-Венети” (од латински „Vene-di” доjдe-од.) и под ова наводно име, според модерната научна номенклатура, ја населувале и сеуште ја населуваат цела Европа:

Енетои” или „Енети” (забележани од антички извори) во

Македонија;

Венети” во Италија (областа Венето од латински „Venetia”);

Виндиш” во Австрија и Швајцариjа:

Венди” или „Сорби” во Немачка;

Вандали” во Шведска и Шпанија (областa Андалузија од

латински „Vandaluzia”);

Вендек” во Унгарија

Сло-Венци” во Словениjа и Словачка;

Сло-Вјени” во Русија;

Сло-Винци” на Балтикот.

Сите овие сродни или речиси исти имиња се однесуваат на еден ист Древно-Македонски народ коj зборувал еден ист Древно-Македонски јазик денес преименуван од модерната наука во „Венетски”, „Сло-Венетски”, „Словенски” или ‘Slavic‘ на Англиски, или уште и под најновиот псевдоним „Словио”.

Македонскиот хронолошки и просторeн континуум ги опфаќа непрекинато последниве најмалку 10 милениуми (според генетските истражувања 17) и централните делови на Европскиот континент – oд Македонија и Мала Азија на југ до Балтикот и Шведска на север, и од Франција и Шпанија на запад па се до Русија на исток. Македонската култура е најголемата и најстара позната Индо-Европска култура и група на Европски староседелци на тлото на цела Европа.

Од Македонија до Скандинавија, од Франција до Русија, цела Европа е посеана со прастари Македонски натписи, т.н. „Ч’рти и рецки”, „Рити” или „Руни” на Древно-Македонско слоговно писмо, изрежани во камен и печена глина, дрво и слонова коска, на садови и скулптури од божества, надгробни натписи и царски декрети.

Македонија и Македонците се спомнуваат уште во првата книга на библијата (Стариот Завет), којашто е пишувана од 10 век п.н.е. и опишува настани кои се случувале во уште постари времиња, што секако, укажува на фактот дека Македонците живееле организиран и цивилизиран живот уште пред пишувањето на таа книга. Според некои научници од Словенија Македонците живееле во Македонија и на Балканот непрекинато најмалку 50.000 години.[1]

Древните Македонци (или „Венети” / „Сло-Венети”) имале развиена цивилизација и поседувале развиени вештини и техника. Живееле во организирани урбани заедници и се занимавале со најширок дијапазон на професии: земјоделство, сточарство, обработка на дрво, камен и метали, и владееле со разни други технолошки и апстрактни вештини. Нивниот стил на живеење не се променил со илјадници години.


[1] При последното заладување од Плеистоценот (од 131.000 до 12.000 г.п.н.е.), остатокот на Европа бил многу поинаков од Балканот. Заладувањето не влијаеше до тој степен во југоисточна Европа како што тоа беше случај во северните и централните региони кои биле претворени во ледени пусти пространства. Доказ се  видовите на флора и фауна кои преживеале само на Балканот, што укажува дека влијанието на заладувањето не беше толку драстично на Балканот кој до денес сеуште изобилува со прашуми  (Пелистер) и со ендемични видови карактеристични само на овој дел од Европа.

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top