
Васил Чулев
Областа “Х”
Неодамна, Финскиот научник Калеви Виик (Kalevi Wiik) ни даде негова исцрпна анализа за потеклото на Индо-европските народи. Неговото долгогодишно истражување на Индо-Европските корени недвосмислено укажа во правец на Југоисточна Европа, поточно Балканот. Тој веќе го објави неговиот научен труд за потеклото на европските народи во неколку статии и од неодамна во својата нова книга „Европски корени” [Eurooppalaisten juuret]. На интернет беше објавена и неговата статија „Најстариот Европски Јазик” [Europe’s Oldest Language] од каде овде се превземени следниве мапи:


1. 2.
Мапа 1: Дистрибуција на Европските јазици на максимумот од последната Ладна eпоха и во периодот од 23.000 до 8.000 г.п.н.е. (Ва = Баскиски, U = Уралски, Х = непознати јазици)
Мапа 2: До 5.500 г.п.н.е. јазичките групи во централна и јужна Европа го развиваат земјоделството и Индо-Европскиот јазик (Ва = Баскиски, IE = Индо-Европски, U = Уралски)
Од мапиве може да се заклучи дека и Виик е сеуште под влијание на западно-европската цензура и не се осмелува, или не знае, да каже дека токму таму од каде што тој посочува дека е потеклото на Индо-Европејците, во југо-источна Европа – се наоѓа Македонија, па ја означува со „Х”. Но одиме понатаму…
Виик користи јазички, генеалошки, археолошки и антрополошки податоци за поддршка на неговата теорија. Тој тврди дека од 23.000-8.000 п.н.е. Европа беше поделена на три главни региони: „Баскиски”, „Уралски” и регион „Х”, каде живееле ловци на диви животни кои ги имаше во изобилство во тој период. Прaисториските Баски и Уралци според него зборувале јазици релативно поврзани со модерниот Баскиски и Фино-Угрискиот. Но за Виик регионот „Х” е населен со „ловци кои збореле непознати јазици”, иако добро се знае дека луѓето од овој регион имале за време на целиот овој период најдобри услови за живеење во Европа.

Состојбата при крајот на последниот Ладен период и почеток на повлекувањето на ледниците, околу 12.000 г.п.н.е.
Од 7-от милениум п.н.е. ситуацијата почнала драматично да се менува. Истребувањето на многуте видови на животни (Мамути, дивото говедo, бизони и т.н.) низ одмрзнатите Европски пространства значело драстично намалување на надежта за преживување во тогашните Баскиски и Уралски региони. Ловците од тие области не успеале да се прилагодат на новонастанатите услови и постепено се сведоа на мали опортунистички заедници.
Од друга страна пак жителите на областа „X” развија нови начини на живот во Неолитот преку развојот на земјоделството и сточарството. Нивниот прогрес ги направи поуспешни, нивната заедница бројно се зголеми и почна да се шири. Тогаш, тврди Виик, заедно со ширењето на земјоделството и сточарството од Балканот, родена е Индо-Европската група на јазици, која послужи како „лингва франка” на жителите на поранешниот регион „X”. Во текот на 6-от и 5-от милениум п.н.е. тие постепено ги асимилираa и заменија јазиците на помалку успешните ловци од Баскискиот и Уралскиот регион.

Постепена распределба на Индо-Европските јазици 7-4 милениум п.н.е.
По 5000 г.п.н.е. овој процес продолжува. Индо-Европските јазици се здобиваат со сопствениот до ден денес толку препознатлив карактер токму во Југо-источна Европа, бидејќи единствено таму тие го имале неопходниот континуитет кој опстојувал веќе подолго време. Од мраз штотуку ослободената Европа во тој период доживува културна и цивилизациска колонизација, овојпат од луѓето од областа „Х” (Македонија).
Неодамна пронајдената мумија на „Смрзнатиот човек Отци” од Вишнагора (сло-венетски Višnogorje, немачки Vinschgau) на Тиролските Алпи, стар 5300 г., само ги потврди правците и патиштата на движење, како и времетраењето на оваа милениумска распределба на Индо-Европските јазици и народи од Балканот и Македонија.
Во последната негова книга „Од каде потекнува Европскиот човек”, Виик преку испитувањето на варијациите на Y-хромозомот во Европа и во согласност со неговите претходни проучувања, недвосмислено изјавува: „Човекот од Засолништето Балкан поверојатно од кој било друг зборувал рана форма на Индо-Европскиот јазик.” Делови од тој, слободно можеме да кажеме – Пра-Македонски говор до денес се зачувани во модерниот Македонски говор како и во сите Индо-Европски јазици и во наречјата на „Сло-Венетите”, Баските, и некои други изолирани јазички „џебови” по крајните периферии на Европа.