Македонски легенди

Спиро Гулапчев

Spiro-Gulabchev

Spiro-GulabchevСпиро Гулапчев меѓу првите ја лансирал концепцијата за одделната политичка целост на Македонија

Спиро Константинов Гулапчев (Гулабчев), (1856 – 1918) спаѓа во редот на оние македонски дејци кои меѓу првите ја лансирале концепцијата за одделната политичка целост на Македонија и е еден од првите заговорници за Балканската федерација.

Гулапчев е роден во Лерин во 1856 година, во свештеничко семејство. Неговиот татко учествувал во борбите за самостојна македонска црква. Спиро Гулапчев најпрво се школувал како егзархиски стипендист во Цариград, Одрин и Пловдив, а потоа учел од 1877 до 1879 година на Духовната академија во Москава. Од 1879 до 1881 година студирал на Правниот факултет во Москва и на Историско-филолошкиот факултет во Киев  од 1881 до 1886 година.

Во 1883 година во Киев, тој бил иницијатор за формирањето на Пријателска дружина за унапредувањето на бугарската книжнина во Македонија. Поради своите врски со тајните народнички групи во Украина, бил протеран од Русија. Извесен период бил наставник во Лерин, каде што отворил и книжарница, а потоа бил професор во гимназиите во Габрово во учебната 1887/1888, потоа Варна од март до септември 1888 година и Трново  во учебната 1888/1889 година.

Се занимавал со публицистика и издавачка дејност. Во 1890 година, во  неговата новоотворена печатница во Русе, издавал книги со анархистичка содржина. Бил обвинет за македонски национален сепаратизам. Поради несогласувања со погледите на Димитар Благоев и Никола Габровски, го уништил отпечатениот тираж на општествено-литературниот зборник „Ново време“ во 1891 година.

Во 1902 година, во неговата печатница Коста Шахов го печател весникот „Македонија“ од кој се објавени 4 броја. Гулапчев се залагал за мир и за федеративно уредување на Балканот, со Македонија како посебна државна единица и за примена на фонетскиот принцип во еден македонизиран јазик.

Свои становишта тој ги разработува во неколку свои трудови, меѓу кои се одделува неговата книга „Еден поглед по етнографијата на Македонија”, издадена во Габрово во 1887 година,  од која даваме неколку изводи.

Според мене, Македонија треба да составува одделна политичка целост на Балканскиот  Полуостров. Тоа се бара од интересите на македонските населенија, без разлика на народност, тоа се бара од интересите на федерацијата на Балканскиот Полуостров, која пак се бара од интересите на сите балкански народи; тоа се бара од интересите на прогресот и на цивилизацијата…

Идната федерација на Балканскиот Полуостров треба да се состои од овие политички целини или состави:

1. Македонија,

2. Епире-Албанија,

3. Европска Турција,

4. Црна Гора,

5. Романија,

6. Србија,

7. Бугарија,

8. Грција.

Во истото време ќе се прогласи Балканската федерација за неутрална.“

Спиро Константинов Гулапчев останува во Бугарија се до својата смрт.

Умира во 1918 година во Софија.

Најново од: Македонски легенди

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

To top