Македонски легенди

Богоја Фотев

Bogoja_Fotev

Bogoja_FotevБогоја Фотев (1900 –1993) – македонски револуционер, државник, носител на Партизанска споменица 1941. На Првото заседание на АСНОМ (2 август 1944) бил избран за член на Президиумот на АСНОМ и за прв повереник за финансии. На Второто заседание на АСНОМ (28–30. декември 1944) бил избран за повереник за земјоделство, по што се ангажирал за успешната пролетна сеидба. На Третото заседание на АСНОМ (14–16. април 1945) бил избран за член, а во пролетта на 1945 и за претседател на Президиумот на Народното собрание на Македонија. По Резолуцијата на Инфорбирото како неподобен бил остранет од сите функции.

Богоја Фотев  е роден на 14 август 1900 година во село Герман, Егејскиот дел на Македонија. Како син на преспанскиот војвода Наум Фотев Геровски, член на ТМОРО и учесник во Илинденското востание, Богоја Фотев од рано детство бил задоен со револуционерни идеи. По задушувањето на Илинденското востание 1903 година, татко му Наум емигрира во САД, но, веќе во 1904 година се вратил во родното место. Десет години потоа, во 1924 година семејството на Богоја се сели во битолското село Бистрица. За тоа време Богоја се школувал најпрво во родното место, а потоа во Битола и Охрид.

Во 1924 година, неколку години по Првата светска војна, тешката економска криза која владее во поделената Македонија ќе го натера Богоја Фотев да замина на печалба. По двомесечно патување преку Австрија, Швајцарија и Канада пристигнува во САД, каде работи две години во сојузните држави Илиноис, Мичиген, Охајо и Пенсилванија. За време на престојот во ветената земја го чуствува тешкиот печалбарски живот и како работник во фабрика за автомобили се буди неговиот револуцинерен дух што го доближува до работничкото движење.

Во есента 1926 година, Богоја Фотев се враќа во Македонија и активно се вклучува во општествено-политичкиот живот. Во текот на 1933 година, на општинските избори во село Буково влегува со своја кандидатската листа за општински советници, но неговиот избор го спречува власта. Меѓутоа, тоа не го попречува во 1936 година да се приклучи и да учествува во активностите на Македонскиот Народен Покрет (МАНАПО), формиран по иницијатива на македонските студенти од згрепскиот и белградскиот универзитет.

Движењето МАНАПО во своите напори да ги обедини прогресивните сили во единствен македонските фронт, стапува во тесна врска со македонските комунисти. Непосредно пред Втората светска војна, по укинувањето на движењето, најголем дел од членовите се придружуваат на Кумунистичката партија на Југославија (КПЈ). Меѓу нив бил и Богоја Фотев кој го основа Месниот комитет на КПЈ за Битола. Но, по провалата во 1940 година во битолската организација, Фотев бил уапсен и осуден на петгодишна затворска казна, која потоа ја издржува во затворот на Сремска Митровица.

Окупацијата на Југославија Богоја Фотев ја дочекува во затворот во Сремска  Митровица. На 22 август 1941 година, заедно Орце Николов, Бане Андрев и други затвореници, бега од затворот и се приклучуваат на Фрушкогорскиот партизански одред. Набргу македонските комунисти добиваат задача да се вратат во Македонија, каде се вршат подготовки за создавање на првите партизански одреди.

При обид да влезе во Македонија, Фотев бил фатен од бугарската полиција. Во недостаток на докази тој бил ослободен во јули 1942 година, но, во летото 1943 година повторно бил затворен и интерниран во Бугарија. Од Бугарија Фотев се враќа кон крајот на 1943 година и набрзо заминува во партизани и пристапува на Првата македонско-косовска ударна бригада.

По неколкумесечниот престој во ГШ на НОВ, како истакнат борец, Богоја Фотев бил предложен за делегат на АСНОМ, како претставник од Битолскиот и од Мариовскиот реон. По десетдневно ноќно патување со група делегати Фотев пристигнал во манастирот „Св. Прохор Пчињски“. На 2 август 1944 година на Првото заседание на АСНОМ  бил избран за член на Президиумот на АСНОМ, а потоа назначен е за повереник (министер) за финансии. и секретар на Президиумот на АСНОМ.

Како „чувар на трезорот“,  Богоја Фотев се грижел за „Првата македонска државна каса“, која истовремено претставувала државен трезор и зародиш на Народна банка на Македонија.  Под неговото будно око, се чувале парите запленети од неколку филијали на Бугарската народна банка. Истовремено тој бил задолжен со Киро Глигоров да ја проверат можноста дотогашните валути левот и лекот да бидат заменети со бонови, што во пракса не било спроведено.

Со појавата на динарите во 1944 година, на првите книжни пари за првпат се појавува и името на Македонија на кирилица, со што се поставуваат темелите на финансискиот, како дел на државноправниот суверенитет на Македонија. Богоја Фотев го издава и првиот налогот за контрола на дотогашното работење на Бугарската народна банка, филијала Скопје, што преставува прва супервизија во финансискиот и банкарскиот сектор на Македонија.

На Второто заседание на АСНОМ одржан од 28 до 30 декември 1944 година, Богоја Фотев бил избран за повереник за земјоделство, по што се ангажирал за успешната пролетна сеидба. На Третото заседание на АСНОМ  одржано од 14 до 16. април 1945 година, Богоја Фотев бил избран за член, а по оставката на Методија Андонов – Ченто во пролета 1946 година ја врши и функцијата претседател на Президиумот на Народното собрание на Македонија.

На таа функција останува до декември 1950 година, кога паѓа во немилост кај своите сопартијци. По донесувањето на Резолуцијата на Инфорбирото, кај Фотев се јавува дилема за исправноста на ставот кој го зазема Белград кон Москва, со што станува неподобен. Партиското раководство предводено од Лазар Колишевски, несакајќи да ја повтори грешката со Ченто го принудува да даде оставка од сите финкции и да се пензионира. Соочен со огромен притисок, како врз него така и врз неговото семејство, Фотев посегнува по својот живот, но не успева да се самоубие. На почетокот на 1951 година со сопругата се враќа во селото Бистрица.

На својот 90 – ти роденден, во 1990 година ја прифаќа партиската рехабилитација и станува член на СКМ-ПДП. Умира на  27 јануар 1993 година, во селото Бистрица, Битолско.

Најново од: Македонски легенди

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

To top