Фељтон

Македонски милениумски континуитет (6)

vasil-culev

vasil-culev
Васил Чулев

golemata-majka-bozja
Големата Мајка Божица од археолошкото наоѓалиште Говрлево, Македонија, 5 милениум п.н.е.

Археолошка потврда на Македонскиот континуитет

Археолошките наоди со сигурност ни потврдуваат дека нашите пра-предци древните Македонци (денес погрешно именувани како „Венети” или „Сло-Венети”) со милениуми наназад имале развиена цивилизација и поседувале развиени вештини и техника. Македонија, уште од најдамнешни времиња претставувала оаза на животот за човечкиот вид и место кадешто се создала првата Европска цивилизација.

Постепената транзиција и развојна адаптација на Индо-Европејците од Македонска Европа најдобро e дефиниранa во последните 50.000 години. Mакедонската напредна култура и природната средина на Балканот од крајот на Плеистоценот и почетокот на Холоценската ерa го овозможија тоа. Исто така, условите во Македонија беа далеку поповолни и различни од другите делови на Европа. Заладувањето не влијаеше до тој степен во југоисточна Европа како што тоа беше случај во северните и централните региони кои беа заробени со дебела покривка од мраз. Доказ за тоа се прашумите и видовите на флора и фауна кои преживеале само во Македонија и кои укажуваат на далеку поблаги промени. Македонија и денес сеуште изобилува со ендемични видoви кои ги има само во овој дел од Европа. Даглас В. Бејли[1] тоа го oпишува во „Балканска Праисторија: Отцепување, Обединување и Идентитет”. Таму тој вели: „Помалку драматичните промени на климата, флората и фауната резултираa со помалку драматични адаптивни или реактивни случувања во материјалната култура”.

Досега најстари остатоци од современиот човек [Homo Sapiens Sapiens] во Европа беа откриени во „Пештерата со коски” во близина на Анина, Романија. Праисторискиот човек наречен „Јован од Анина”, чии пронајдени остатоци (на долна вилица) се стари околу 42.000 години.

Македонија е особено богата со неолитски[2] населби. Во археолошката карта уште од 90-тите години на XX век се внесени преку 180 неолитски населби со поголема концентрација во котлинските предели. Со новите откритија (неолитската опсерваторија Кокино, Кратовско-Кумановскиот басен и др.) бројот на праисториски локалитети константно се зголемува. Овој број укажува на густа населеност која навестува динамични случувања во овој период и зголемен наталитет на населението.

Еден од најеминентните археолози на нашето време, лордот Колин Ренфрју [Colin Renfrew] во 2003 г. ја усогласи неговата претходна „Анадолиска хипотеза” и претходните заклучоци со согледувањата на лингвистот и историчар Д’јаконов, археологот Пигот и други признати имиња на модерната наука. Ренфрју исто така, овојпат преку археолошките наоди, ни потврди дека Индо-Европските јазици се проширија паралелно со земјоделството од Балканот.

Ренфрју неговите заклучоци ги базира врз еден едноставен факт: проширувањето на Индо-Европските јазици може да се објасни само преку феноменот на некој навистина долотраен настан во праисторијата. А таков настан, според Ренфрју, е токму развојот и распростирањето на земјоделството во Неолитот. Овој заклучок ја врати хронологијата на Прото-Индо-Европејците уште поназад во времето (околу 6000 г.п.н.е.) и Прото-Индо-Еевропската татковина ја локализира во Македонија, од каде што, заедно со земјоделството, Индо-Европските јазици и народи се раширија низ Европа и Централна Азија. Земјоделците во потрага по нова обработлива земја, од Македонскиот полуостров, постепено, следејќи го повлекувањето на ледената покривка, се населија низ цела Европа. И Ренфрју смета дека таков збир на услови кој довел до развиток на Прото-Индо-Европското јадро постоел само во Македонија. Таму била формирана Прото-Индо-Европската заедница од која подоцна, преку експанзијата кон север која следувала, настанале сите историски Индо-европски јазици.

Во својата книга „Археологија и Лингвистика. Сложувалка на Индо-Европските корени” [Archaeology and Language: The Puzzle of Indo-European Origins], објавена во 1987 г. археологот Колин Ренфрју не се ограничува само на собирање археолошки докази за последниот фатален удар на традиционалната теорија, но ја претставува и неговата дефиниција за Индо-Европското потекло. Наречена од страна на нејзиниот автор “Индо-Европска Неолитска Распределба”, базирана е на заклучокот дека единствениот момент во Европската праисторија кој би можел да коинцидира со огромната промена како што се претпоставува дека е Индо-Европеизацијата на Европа е почетокот на земјоделство во 7-от милениум п.н.е. Овие рани земјоделци се првите Индо-Европејци одговорни за распространувањето низ јужна и централна Европа. И бидејќи тоа е особено видливо во двете најрани Неолитски култури од јужниот дел на Европа, односно комплексот на Балканот (Македонија) и т.н. култура на „Кардиум-Печатот” од западниот и централниот Медитеран, кои датираат од 7-от милениум п.н.е., овие две култури се сметаат за први представници на Индо-Европејците во Европа.

Фактите од вака реконструираната праисторија укажаа дека Прото-Индо-Европејците воопшто не биле никакви „воинствени јавачи со камени секири” кои ја освоиле Европа преку ноќ. Напротив, тие биле првите земјоделци и сточари, кои ја покориле Европа преку културна и интелектуална супериорност. Иако оваа дефиниција останува во суштина Евроцентрична, таа ни потврдува дека Прото-Индо-Европејците биле всушност мирни земјоделци и сточари, наспрам фантастичната претстава за воинствени суперлуѓе понудена од традиционалната теорија и отелотворена во Холивуд.

Студијата на лордот Ренфрју е несомнено супериорна во однос на традиционалните инвазиони теории, елиминирајќи ја митската Прото-Индо-Европска теорија на „Молскавична војна” пред очигледната мирољубивост и истрајност на древните Европејци.

И друг еден познат Британски археолог од Оксфорд и Единбуршкиот универзитет, Стјуарт Пигот [Stewart Piggott], во своите научни трудови недвосмислено го потврдува потеклото на Индо-Европејците од Балканот, т.е. Македонија. Иако наведени со најразлични гео-политички условени имиња, искривени од денешните прилики, сликата многу директно и јасно ни ги покажува развојните етапи на Индо-Европските народи и јазици, потврдени од истражувањaтa на Пигот. И во неговата студија, повторно, територијата на Балканот како лулка на Европската цивилизација и култура се совпаѓа со временските, eтничките, јазичките, генетски, културни и историски, но не и политички граници на Македонија:

feljton6

Почетоци на ширењето на земјоделските заедници во Европа, прикажани од Стјуарт Пигот во 1965 година.


[1] Douglass W. Bailey, “Balkan Prehistory: Exclusion, Incorporation and Identity”.

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top