Македонски легенди

Димитар Василев Македонски

dimitar-makedonski
Димитар Василев Македонски  (1847 –1898)  е македонски учебникар, учител, општественик и публицист.

dimitar-makedonskiДимитар Василев е роден во 1847 година во село Емборе, Кајларско, Егејскиот дел на Македонија. Во родното село завршува основно грчко училиште, а на 17 години заминува кај татко му кој бил на печалба во Цариград. Таму го продолжува школувањето во Големото народно училиште, а потоа во приватен Грчко-француски лицеј. Подоцна учи и во Бугарско училиште во црквата „Св Стефан“, што му овозможува покрај турскиот, грчкиот јазик, да го совлада франацускиот и бугарскиот јазик. Покрај овие, Димитар ги совладува и говори италијански, германски, англиски и руски јазик.

Познавањето на повеќе јазици му овозможува на Димитар Василев полесно да го дефинира „македонското наречје“ и да направи јасна разлика меѓу македонскиот и бугарскиот народ. Во учебниците кои ги објавува тој споредбено претставува македонски зборови и дијалектни изрази наспроти туѓите употребувани форми.

На почетокот на 1867 година, заедно со охриѓанецот Димитар Христо Узунов, Димитар Василев го објавува првиот учебник „Буквар за употребение в македонските училишта“, а истата година и „Кратка свјаштениа историја за училиштата по Македонија (на македонско наречие)“. Наредната 1868 година, тој го објавува и преводот од грчки „Скратен православен катихизис“, што ќе предизвика критики на бугарската црковно-просветна пропаганда.

Со објавувањето на трите учебници, по првите пројави на Кирил Пејчиновиќ и Теодосиј Синаитски, тој во втората половина на XIX век отвара нова страница во македонското преродбенско движење и дава нов импулс во заедничката македонско-бугарска борба против грчката патријаршија и нејзината духовна и јазична доминација. Потоа учителува во Влахо-Клисура, Воден, Струга и Битола, каде учествува во борбата за обновување на Охридската архиепископија и воведувањето на старомакедонскиот јазик во црквите и училиштата.

Откако пропаднаа напорите да се обнови Охридската архиепископија, по формирањето на Бугарската егзархија во 1870 година, Димитар речиси цела година, заедно со воденскиот првенец Гогов престојува во Цариград, каде се заложува за вклучување на македонските епархии во новооснованата православна црква, како и за избор за владика на тогашниот претседател на Воденската општина Павел Божигропски.

Во периодот од 1871 до 1873 година, Димитар Василев останува во Цариград каде работи како учител, прво при Бугарската црква во Цариград, потоа во училиштето во Вланга и како „мобилен учител“ за Македонците во околните населби. Во овој период тој пишува за цариградскиот печат и влегува во полемика за македонското прашање со редактор на весникот „Македонија“ П.Р. Славејков. По повод отсуството на покана за учество на македонските епархии во новооснованата православна црква, Димитар Македонски во својата статија до главниот редактор на весникот „Македонија“, Славејков, пишува: „ …Македонците не се изгубиле од лицето на земјата како што некои си дозволуваат да докажуваат оти колку што ние знаеме тие не се согрешиле никогаш толку та да зине земјата па да ги голтне“.

Димитар Василев го напушта Цариград и станува учител во Битола во учебната 1873/74 година, а во 1875/76 ја води „бугарско-романската книжарница“ во градот. По Руско-турската војна во 1877/78 година Димитар емигрира во Бугарија, а веќе наредната 1879 година станува учител во Еврејското училиште во Софија. Неколку години потоа, во 1882 година станува помошник-обвинител на Софискиот окружен суд, претседател на Ќустендилскиот суд и ревизор во Министерството за просвета.

Како софиски адвокат, Димитар дејствува меѓу македонската емиграција во Софија. Учествува во основањето на Бугарско-македонското друштво, потоа во текот 1882/83 година работи на редактирањето на списанието „СвѢтлина“, како и во Друштвото за помагање на бедните Македонци. Исто така, Димитар дејствува во Македонското читалиште, како и во Заемо-спестовната каса на Македонците во Софија, а во 1884 година  станува член и на Булгарското благотворително друштво во Цариград. Уште во текот на 1882 година, Димитар Македонски се запознава со Коста Шахов, а потоа во 1889 година станува редактор на Шаховиот весникот „Македония“.

Кон крајот на истата година (18. XII 1889) оди во Македонија. За време на престојот во Битола и Солун каде останува до крајот на јануари следната година се запознава со дејноста на пропагандите. Потикнат од нивното дејство,  Димитар под псевдонимот Македонски во повеќе написи во весникот „Македонија“ препорачува како да се реши македонското прашање. Според него, „македонската емиграција треба времено да ја напушти својата политика; таа треба да се постави врз чисто македонска почва и потоа може успешно да оди напред со своите стремежи. Македонските друштва и организации треба да се титулираат исклучиво како македонски, без додавката: бугаро, романо, србо или елино… не е време ние Македонците да изјавуваме желба за наше присоединување при некоја држава, бидејќи тоа ќе го използуваат соседите, Македонија ќе биде распокината.“

Во текот на 1890/91 година, по нападите и силна пропаганда која се води за македонското прашање од страна на провладиниот софиски весник „Свобода“, Димитар Македонски преку весникот „Македонија “ одговара дека: „ .. Ние повеќе се надеваме дека постојните прашања во Европа, меѓу кои се наоѓа и …. македонското прашање, ќе се решат мирно од страна на големите сили. Во секој случај…, при нашето молчење, тоа ќе биде решено во полза на онаа страна што умее повеќе да вика. Следствено, интересите на Македонија, интересите на самите Македонци нема да бидат земени во предвид и се ќе реши на наша штета. Нашето општо постоење во иднина бара од нас едно општо дејствување. …не треба да седиме со скрстени раце, туку треба машки да се фатиме за работа…“

Поради ваквото пишување и учеството во македонските асоцијации, по убиството на министерот Белчев и тој е уапсен и суден во 1891/92 година. Потоа, во 1894 година станува претседател на Друштвото „Татковина“, како и член на Македонскиот комитет во 1895 година. Во текот на 1894/95 година го издава неделниот политички, трговски и литературен весник „Сѫгласие“ и печати разни политички книшки и преводи од француски, руски, турски и грчки јазик. Кон половината на 1897 година е поставен за редактор на егзархискиот орган „Новини“ во Цариград. Поради уводна статија за Виничката афера, тој е убиен од македонските револуционери на 20. II 1898 во Истанбул.

Најново од: Македонски легенди

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

To top