Македонски легенди

Катина Андреева – Цвета

Andreeva_Katina_Cveta

Andreeva_Katina_CvetaКатина (Тина) Андреева – Цвета (1928 – 13. V 1949) е истакната припадничка на македонското народноослободително и комунистичко движење во Егејскиот дел на Македонија. Во 1947 година стапила во единиците на Демократската армија на Грција.

По завршувањето на курсот за подофицери, како воен командир учествува во повеќе од 90 битки во кои се истакнува со својата храброст. Двапати била одликувана со Орден за храброст и е прогласена за Херој на ДАГ. Во нејзина чест бригадното раководство го покренало издавањето на весникот „Цвета“.

Тина Андреева е родена во 1928 година во костурското село Мокрени, Егејскиот дел на Македонија. Таа беше ќерка на Кузман Андреев и правнука на костурскиот војвода на ВМРО Никола Андреев (Алај Беј). Пораснала во мрачните денови на Матексасовата диктатура. Тоа е време на големиот прогон на Македонците, кои под закана на грчкиот камшик не смееле да зборуваат на својот јазик, а родителите со сигнали комуницирале со своите деца.

Во позиција од која нема излез, „или си Грк или мртов“, на почетокот на 1940 година, бунтовната 11 годишна Тина закачува напишан протест на вратата на локалната власт. Како последица на овој чин биле уапсени и жестоко мачени 5-6 видни селани, меѓу кои и нејзиниот татко. Меѓутоа, другарка на Тина, која била сведок на настанот, ја проширила веста од куќа на куќа, по што таа била приведена од грчките жандарми. Иако тепана, таа не го признала делото. 

Во текот на Втората светска војна, Тина Андреева станува член на Грчката антифашистичка младинска организација ЕПОН. Кон крајот на 1944 година, кога нацистичката окупација на Грција ги броеше последните денови, Тина го добива псевдонимот Цвета поради толкувањето на истоимениот лик во драмската претстава „Македонска крвава свадба“ од Војдан Чернодрински.

Во тој период селата беа ослободувани едно по друго, а Македонците и Грците заедно ја славеа слободата. Се приредуваа разни забави, прослави и приредби по македонските села. Тогаш членовите на ЕПОН за првпат ја изведоа преставата „Македонска крвава свадба“ во селото Емборе, Кајларско. Македонскиот народ дојден и од околните села, слушајќи го слободно својот мајчин јазик, со неверување и солзи во очите ја следел македонската драма. Најголем впечаток оставила Тина Андреева која го толкува ликот на Цвета. Истата слика се случувала и во другите села каде се прикажувала оваа драма, а за македонскиот народот оттогаш Тина станува позната под псевдонимот Цвета. Дури и нејзината баба почнала да ја вика Цвета.

Македонски народ бил среќен, а бабата на Цвета повторно ја закачила сликата на прадедото – војводата Никола Андреев. Меѓу населението се зборувало дека проблемите на македонскиот народ завршија. Но, неочекувано црните денови се вратија, а сликата на Никола како симбол на слободата на македонскиот народ повторно била скриена. 

Во овој период раководството на антифашистичката борба во Грција, под влијание на владата на националното единство на Вулгарис, започнува со заткулисни акции за разоружување и расформирање на македонските баталјони. Набргу доаѓа и до отворен оружен судир меѓу единиците на Грчката народноослободителна армија (ЕЛАС) и Костурско-леринскиот баталјон, кој потоа се префрла територијата на Македонија. Ваквиот развој на настаните лошо се одразува врз македонскиот народ во Егејска дел на Македонија.

Монархофашистичките сили со поддршка на државните органи на владата на Грција, продолжуваат да спроведуваат терор над приврзениците на отпорот и нарочито над македонскиот народ. Во Мокрени повторно доаѓаат озогласените грчки терористи, а македонскиот народ пак почнал да оди со наведнати глави и со шепот го зборувал мајчиниот јазик. Меѓутоа, новата диктатура на монархофашистите, кои со пљачка, насилства, силувања и убиства сакаа да го истребат македонскиот народ од Егејскиот дел на Македонија, не го скршија неговиот слободарски дух. Напротив, македонскиот народ продолжи својот отпор.

Во летото 1945 година, Цвета поради членување и активности во Народноослободителниот младински сојуз (НОМС) и Нородноослободителе фронт (НОФ), била уапсена и ѕверски мачена, но поради недостиг на докази била ослободена. При повторен обид да биде уапсена, таа преминува во илегала. Со повеќе млади активисти заминува на слободната територија која се наоѓала на тешко пристапниот терен на планината Вичо.

Во почетокот на воените дејствија на планината Вичо (Нередската планината со врвот Вич), биле стационирани голем број војници на демократските сили. Поддржано од македонскиот народ од околните села, на планина Вичо било главното упориште на КПГ, ДАГ и НОФ. Тука биле одржани повеќе пленуми и советувања на КПГ.

Тина Андреева – Цвета на 6 септември 1946 година, станува борец на Демократска армија на Грција. Во почетокот на 1947 година, таа го посетувала курсот за подофицери во село Котелци на планината Грамос, а потоа како командир на вод учествувала во околу 90 борби на планината Вичо, на Грамос, кај Сињача, кај Коњица и на други места. Во овие борби  Цвета покажува исклучителна храброст, одлучност и самопожртвување.

Во 1949 година, како претставник на XVIII бригада на ДАГ, Цвета била делегат и во претседателството на Првата конференција на Сегрчкиот сојуз на демократските жени, а потоа и на Вториот конгрес на Народноослободителниот фронт како претставник на партизанките од Вичо. Претседателката Рула Кукулу на Првата конференцијата на Сегрчкиот сојуз на демократските жени посебно ја истакнува храброста на Цвета. За својата храброст таа добива чин на подполковник и на двапати е одликувана со Орден за храброст и е прогласена за Херој на ДАГ.

Во 1949 година батаљонот на Цвета бил испратен да го заземе врвот Кулкатурје, над Црноглава Падина, на Неретската Планина, меѓу селата Нерет и Трсје, Леринско. Во нападот на стратегискиот врв Кулкатурје, Катина Андреева Цвета загина на 13 мај 1949 година. Во нејзина чест раководството на Осумнаесттата бригада на Демократската армија на Грција го покренало издавањето на весникот „Цвета“.

Тихомир Каранфилов

Најново од: Македонски легенди

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

To top