Фељтон

Македонската Јованка Орлеанка – Катерина Арнаудова (3. дел)

Arnaudova1

Во Илустрација Илинден, весникот на македонската емиграција во Бугарија, од страна на Г. И. Белев е забележано едно сведоштво за храброста и стрелечките вештини на македонска четничка Катерина Арнаудова.

Arnaudova1

Arnaudova2

Во прилог, преведена на македонски јазик, ви ја претставуваме целата статија „Пиринската четничка“, која првично е публикувана на стр. 30 и 31, во јубилејниот број на весникот од јуни-јули 1933 година (книга 7-8 (47-48), година 5):

„Нашиот одред чуван од наша стража целиот ден го помина во обука и забави во Арнаутски чарк, крај Лилјановската река. Доцна вечерта, по одлука на штабот на одредот, 15 лица четници, под командата на подпоручик Асен Партениев, заминаа за селото Лилјаново со нарачка – до утредента по секоја цена да ни донесат леб.

По вечерата, седнати надвор околу мал оган, пушиме, пиеме кафе и разговараме. Дончо војвода ни раскажува за своите подвизи низ Пирин-планина; Јане Сандански ни раскажува за своето некогашно другарување со Дончо и за нивното измачување во мелничко пред појавата на револуционерната организација, а Јордан Стојанов ни раскажува за неговите борби со Турците низ Пирин и за подвигот на една Македонка.

– Беше месец октомври 1902 година, – започна да раскажува Стојанов, – кога еден ден пред да заминам со четата за овој регион во Македонија, кај мене се јави една млада, здрава, стројна девојка. По редовното запознавање, таа ми кажа дека е по потекло од селото Либјахово (неврокопско) и дека дошла кај мене со барање – да ја примам како четник во мојата чета.

– Војводо! ми рече таа, моите родители, па и јас многу сме пателе од Турците-поганци; јас горам од желба да се одмаздам, како и да војувам за слободата на мојата татковина – Македонија. Јас ќе бидам можеби првата жена четничка кај вас, но вие ќе видите како знае да војува Македонката; ќе видите дека јас нема да и бидам товар на вашата чета и во никој случај, не ќе ги посрамам Македонките. Ве молам, примете ме во вашата чета, не откажувајте ми!

Тие за мене први изјави од овој вид на младата Македонка ми направија многу силен впечеток. Држењето и говорот на храбрата девојка ни се допадна. Нејзините јасни, храбри, одлучни изјави не` воодушевија и по краткиот состанок со штабот на четата и со четниците, јас и` соопштија дека е примена во четата како обичен четник под услов: ако покаже каква и да било слабост, својствена за жена, веднаш оружјето ќе и биде одземено, ќе биде казнета и испратена дома.

Екатерина Арнаудова, така се викаше, со радост ги прифати моите услови и на другиот ден, припремена во целосна четничка форма, со кратка бердана во рамо, замина со нас за Пирин – планина.

Седмици, месеци одевме низ гори и села. Тежините и патилата ни беа големи, но секаде Арнаудова се држеше достоинствено. Таа со сите нас споделуваше исти неволји и незгоди; таа со сите нас ги поднесуваше истите тешкотии и несреќи; глад, студ, замор и тоа без расправии, без покајание, гореше само од една силна желба – да се сретнеме со аскерот, да се бие и да им се одмазди на Турците. Ние ја нарекувавме „Арнаутчето“, а населението ја викаше „комитка“.

Беше месец декември. Се приближуваше Божиќ. Дебел снег ја покриваше земјата. Беше студено. Ние бевме во селото Кресна со намера – таму да го дочекаме Бадни вечер и Божиќ.

Но човек претпоставува, а Господ располага, – велат старите луѓе.

Претходниот ден на Божиќ, рано утрото, разбравме дека многуброен турски акер се движи кон Кресна.

За миг по оваа вест четата беше подготвена за поход и бој. Наскоро ние го напуштивме селото и зафативме позиции на една висинка, далеку над Кресна, со намера штом си замине аскерот пак да слеземе во селото.

Беше 2 часот по ручек. Ние трепериме од студ во своите позиции, од каде што снегот беше исфрлен надвор и за нас образуваше нешто како тврдина. Далеку под нас, по белата покривка на снегот, се цренееше долга подвижна колона. Таа полека, како змија, се движи кон нас по нашите траги. Знаеме што не` чека и ние преземаме соодветни мерки. Јас ги распоредив четниците во практични позиции и им ги дадов потребните упатства и наредби. Екатерина Арнаудова ја сместивме во една позиција до двајца стари, искусни четници и добри стрелци. Како вистинска тигрица, сега таа беше настрвена; очите и` искреа и беа вперени во непријателот кој што се приближуваше.

Турците ги забележаа нашите позиции и уште од далеку, разгрнати во синџир, отворија оган кон нас.

Ние не им возвративме. Само Арнаудова високо горе ги исмева далечните луди и бесцелни турска истрели, се шегува на сметка на Турците и ги колне со ужасни, страшни клетви.

Турците се приближуваат на околу 1000 чекори до нас. Јас дадов команда за стрелба и прв пукнав кон непријателот. Mоќно „ура“ следеше по мојот истрел. Бојот започна, бој нерамен, бој жесток, страшен.

Сега, среде оглушувачкиот пукот на пушки и бомби, јасно се слушаше пискливиот женски глас на Арнаудова, која ги колнеше Турците и ги охрабруваше четниците.

– Чувајте се здраво, јунаци! … Не плашете се! Сега ќе видите како ќе се одмаздам ​​на тие валкани кучиња. Еј, проклета агарјанска џган! Господ ќе ве порази! Чума ќе ве сотре! Матните ќе ве земат! …

И таа пука без прекин, без одмор.

Турците се приближуваат бавно, внимателно се качуваат низ стрмнината, при што пред себе формираат висока барикада од дебел напластен снег и не покануваат – да престанеме со пукањето и да се предадеме.

Ние ги исмеваме и ги опсипуваме со дожд од куршуми и бомби. Турците запираат со приближувањето.

Пауза.

Сега јас одам на позицијата на Арнудова и со висок глас ја пофалувам за нејзиното херојско држење. Но таа не ме слуша. Целото нејзино внимание е насочено таму – во непријателските позиции, каде што нешто демне. Таа забележува Турчин (ориг. Читак) и со мое одобрување, нишани во него, пука и го турка, а пак мене ме прашува: “војводо, го убив ли Турчинот?”

Тоа нејзино прашање породи смеа кај тројцата мажи во редот, а таа без да обрнува внимание на нашето смеење, нишани во друг Турчин, кој излегол ползејки да ја прибере пушката на убиениот; пука и го кутнува и него.

Сега сите четници од целата борбена линија ја поздравуваат за одличната стрелба, за херојството и сите викаат: “Ура, да живее Арнаудова, да живее Македонката!”

А таа, со лице кое блеска и светнати очи, радосно извикува:

„Војводо, другари, конечно одмаздив! Да, сега веќе се одмаздив на оние кучиња, чума да ги порази, Господ да ги сотре! … “

И пукањето пак започна, и продолжи дури до стемнување, без никаква загуба за нас.

Штом мракот ја покри земјата, Турците се спуштија кон Кресна, а ние, во темнината, тргнавме нагоре низ планината, и на другиот ден – Божиќ, рано во утрото, се најдовме во друго село, далеку, многу далеку од Кресна.“

Aleksandar_Stevanov

Александар Стеванов

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top