Фељтон

Ксантика во денешните прослави во Македонија

Ksantika

Ангелина Маркус

KsantikaТоа исконско врежано во свеста како паметење од најстари времиња се задржало во народната меморија.Понешто е изменето и најмногу се задржале истите причини и прослави кај Македонците низ милениуми.Во сите обичаи,во сите славњеа ни се повторуваат многу истоветни форми во прославите на Ксантика од древните времиња до денсека.Тоа неисцрпно богатство на народното творештво поврзано со космичките појави,природните промени во земјоделието и човечкиот однос со ораганизирање на прославите претставува битна карактеристика на македонската духовност.Во деновите на Ксантика доаѓа до израз внатрешно сонце што експлодира со енергија на способност и дарба за творештво на сите полиња оставајќи зад себе предмети со трајни вонвременски вредности.

Се одликува заедничка енергија на пролетната светлина на материјалното и духовното.

Градењето на градовите и патиштата низ Македонија со плоштади,театри,светлината преставува лоцирање на просторот за прослави,свадби и игри,придружено со многу украси од скулптури,мозаици,фрески,резби на палатите и храмовите како и носиите накитот,везовите,мартинките,апликации на симболите од сонце до птици и животни,се доа доаѓало до израз на сите прослави.Во Ксантика со мартинките на црвено бела боја се врзуваат сите јазли.

Прославите со врзувања преплети,јазли,расплетување,китење,веселење со боите и звуците претставува соединување на пролетната енергија што потикнува љубов и духовност за оплеменување на човечката душа.Така и цвеќето цути кога ќе ја прими зголемената светлина на пролетното сонце.Цвеќето и мартинката ја зголемуваат симболиката на единство на човекот,природата и космичката енергија.Самата Ксантика го слави тоа единство и едиснство на народот со боговите,хероите и царевите.Од Ксантика покасно произлегуваат сите празници.Едни ги нарекуваат пагански а други се поврзани со христијанството,и едните и другите изуболуваат со голем ритаул и традиција.Низ историјата и покрај сталните борби и напади врз Македонија народот си ги задржал главните етнички обележја.Тоа и во литературата и во археологијата се потврдуваат.Проблемот е во присвојување од сите околни народи и некои европски земји што нагрнале врз македонските културни придобивки,што се изворно сочувано богатство во уметничкото творештво. На пример за мартинките биле бугарски.Па тие ни ги донеле кога се доселиле на македонска земја и се асимилирале со повисоката и многу постара македонска култура.Друго е прашањето кај азиските народи кога македонците со фалангата оставиле потомство и милионски луѓе кај Хунзите, Калашите,Сиките и бројни племиња низ Индија ги прифатиле македонските симболи,носии,музика,обичаи и се чуствуваат Македонци и го казнуваат тоа горди на своето порекло и сличности наследени и сочувани од пред  2330 години непроменет македонски ген.Фолклорот,килими,инструментите,орото се тоа се жива антика,кај нив и кај нас, останати од Ксантика во времето кога празникот се сметал за најголема македонска прослава, исто како и сега.

Некако преќутно славењето на пролетта на раѓањето,на сите промени до денеска се одбележува под влијание на Ксантика.На разни начини повеќе или помалку древното наследство ги преживеало најтешките исторсики периоди.

Пред седум години во Скопје се формира здружение за возобновување на старите македонски обичаи – Ксантика. Програмата, статутот,логото се прослави прв пат во Општина Карпош, во театрот Скупи под покровителство на градоначалникот и подршка на општината.Се славеше роденденот на Александар Македонски,се одржаа трибини, се делеа книги по училиштата со содржина од животот на античките македонци,се одржаа концерти и сето тоа остава голем впечаток во овие години.Во Волково една фамилија има вила Ксантика.Се појавија и други фирми со името Ксантика.Тоа беше име на една цвеќара име на туристичка агенција во Прилеп и други.Така Ксантика заживеа, се разбуди и приказната за “заспаната убавица” ги исполни срцата на македонскиот народ и продолжува да не освојува.Најмасовно и најдолго,здружението во Битола три години ја празнува пролета со Ксантика.Одржува трибини,такмичења на оратори, изложби,китења со цвеќе и мартинки со поворка низ улиците со факел во раце на фалангата и придружна музика со гајди и тапани какви што биле античките оркестри.Песните и ората оваа година ќе ја развеселуваат Битола,Филиповиот град Хераклеа, на кој што народот ќе му се оддолжи и на градот и на својот патрон со споменикот Филип Втори што чека да се постави на плоштадот каде што завршуваат прославите на Ксантика со љубов,со песни,игри и со нова светлина за подобар живот и среќа на сите Македонци низ целата година.Како тоа се изведува,како се пклетат плетенките,мартинките како се пречекува пролетта сите знаат, не треба да се учат тоа го знаат од раѓање, генетски предодредени во секој момент да го истакнат Македонството да покажат какво име Македонци имаат.Таа љубов,таа припадност,тие обичаи,прослави,Ксантика мораме во најчиста форма да им ја предадеме на идните генерации за вечно траење на се македонско каде и да сме по светот.

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top