АНГЕЛИНА МАРКУС

Само “Гилгамеш” од Асирското царство е постара поема од “Илијада “.Пишувана е на глинени плочки и сочувана во кралската библиотека меѓу голем број крш на текстови, пишувани со клинесто писмо.
Младиот принц ја бара бесмртноста и кога ќе го изгуби пријателот Енгиту неуспешно плаче и тагува.Покрај силните лични емоции сретнуваме описи и за потопот.Во Македонија писмо на глинени плочки, печати и карпи има многу постари од глината ииспишувана со клинесто писмо,со содржини на текстови што одговараат на ова поднебје и овој народ.Кај нас се пишувало на бакарни и златни книги, пергами папирули и мермер.
Сепак тоа што ни го остави Хомер во Илијада и Одисеја е ненадминливо пишување со сестраност на содржината што не се стретнува на ниеден друг текст ни во Библијата.Пред седум години објавив делови во книгата “Македонски Древни Вредности”,нагласив сличности на Хомеровите текстови со сегашниот живот во Македонија.Хомер е силно врело на митолошки,космички,царски описи на судбините и на хероите и на боговите.Корените на митологијата и судира на племињата предвидени се со подеднакво внимание.За нас се многу поважни описите од секојдневниот живот,обичаите,прославите,односот кон природата со лиричност предадени.Целиот тој раскошен живот одговара на прославите на Ксантика со натпревари на стадионите,со ораторство,песни и ора во театрите,поворки низ градот на коњи,ритуали при производство на храна и градби на китење.Тие настани ги опишува Хомер од пред 3200 години по македонски простори и острови.Тука Хомер ги спомнува двете реки кај Троја со име Ксант и Ликија која ги родила јунаците Главкон, Сарпедон и други Македонци што учествувале во Тројанската војна.Ксант е име на Тројанец.Ксант е име на град Касандар и Сламандар и име на прицеза Касандра.Ксант е белиот коњ на Ахил украсен како коњите на светите ангели Димитар и Ѓорѓија.И во името Александар,Божидар,и слични се содржи името на Ксантика како светлина.Во сите тие имиња се крие Ка и Дар како божји дар на светлина во врска со Ксантика,цевет што на пролет се загубила и дури Македон ја бара насекаде,ја наоѓа како неизмерна љубов кон животот што го живеат и слават ,Македонците со Ксантика.Во спомен на возобновување на природата на пролет.Хомер ја опишува фалангата во полна опрема и борците со црвена наметка украсено со црвено оружје.Ги опишува натпревартите за оружјето на Питрокло што Ахил го приредил за својот другар во присуство на целата војска парадно украсена.Приредил богата гостинска трпеза каква што често се приредува во деновите на празнување на Ксантика. Китењето,дотерувањето за битки исто било за сите гости, свадби,натпревари како што се славело и сега се прославува во Македонија.
По селата и денеска на сред село момците натфрлаат камен се натпреваруваат надигруваат на оро беседат крај огништа со слични куќи од камен градени, со иста живина,говеда,исти жита,билки и цвеќиња како што Хомер ги опишува и други антички писатели ги спомнуваат сличностите и истите сличности со Македонците.
Кај Хомер посебно внимание заслужува описот на берба на грозјето,на спремањето на трпеза послужувањето на виното.Иста е трпезата и пиење на вин н македонските царски трпези,како Александар што ги славел успесите во новите градови.Александрии или Дионизиските походи со поворка до Музи,игри,театар на патот од Македонија до Индија во придружба на народ.Затоа Македонците и перку црковните празници и преку народните прослави го слават виното со сите обичаи.Македонците никој не може да ги надрига,надпее,натпие,имаат традиција долга и трајна до денеска потврдувана.Сето тоа е Ксантика исполнета со љубов, светлина,духовност, и дарба на народот да го разубавува животот.Начинот на живеење,работње,создавање на многу занаетчиски предмети,уметнички дела од злато и мермер,оружје со висока технологија правено,со многу знаење го создавале Македонците.Као тоа го опеал Хомер и како тоа се слави со Ксантика претставува надградба на висока технологија од Македонија.Ксантика е резулатат на тоа што постолело во основата на матерјалното и духовното живеење, кај Македонците.
Секој Македонец кога ќе го чита Хомер на секоја страница ќе се идентификува со сите описи и стилот во ритам на Македонската музика и ора.Нема потрба од фусноти и додатна лажна научна форма кога Хомер ни е аксиоматски близок,пробајте најдете се Македонци во секој негов ред и тематски во секое пеење.Ксантика е само дел од таа ризница за која навраќаат сите што се зафатиле да ја објаснуваат светската култура како и Хомер.