Фељтон

Каменот Розета и Александрија

20110210-rosettastone

Ангелина Маркус

20110210-rosettastoneКаменот Розета предизвика голем интерес во светот кога француските војски го пронајдоа, а потоа адмиралот Нелсон им го одзеде и сеуште претстојува во Англија. Требаше да поминат 200 години за Македонци да откријат со кое писмо е пишуван тој тврд запис. Исто како и голем број обелиск-столбовите и овој камен ја испишува Македонската историја во период од 300 години од Птоломеј, наследник на Алексанадар Македонски, прогласен за фараон и божество рамно на Амон Ра. Сите Македонски цареви се` до Клеопатра Седма се претставени како фараони со невидено обожавање и китење украсување во разните церемонии што ги спроведувала Македонската династија, според обичаите на двете култури. Читањето на писмото од каменот Розета на египетски хероглифи и Македонско писмо, слично на сегашното, се чита од десно на лево. На сличен начин архитектот конзерватор Васил Иљов го чита уште постарото Македонско писмо на печати, плочи, релјефи. Тој вели, за да се пријде кон читање на тие стари артефакти треба да се читаат и вертикално и хоризонтално во двата смера. Знаците, симболите, буквите како пораки и Душко Алексовски ги дешифрира, низ проучување на карпестата уметност. Во сите случаи се зборува за космосот, боговите, за имињата и за разни ситуации на животот на Македонците. Секогаш важните настани Македонците ги запишувале како трајно сведоштво за постоењето.

Во египетски записи најчесто се спомнуваат имињата на Птоломеј и Клеопатра, и описот на Александрија како претстолнина и светски центар на културата на Македонските цареви и фараони.

По каменот Розета се зборува за порака како да се подготви крунисувањето на Птоломеј Четврти за стапнување на тронот, за владеење на Горен и Долен Египет со набројување се што треба да биде опфатено според македонските обичаи и египетското обожавање на царот што станува бог, жив бог во улога на богот Ра како бог на сонцето. Така целокупната инсигнација на Птоломеите продолжува како династија што го обожава сонцето и од македонска и од египетска страна. Така на монетите на Александра долго и посмртно се режат пари со симболот на Амон Ра на главата на царот фараон. Важат двете религии и две писма на двете царства под доминација на Македонци. Не е случајно со именувањето на Птоломеј како наш најсветол, како светлината на Ксантика. Идентификацијата на Македонските цареви со митолошки богови, во Египет и порано во Македонија не е ново ниту обичаите со прослави, изненадува Македонското писмо со разбирливи зборови во употреба, исти, во денешниот наш јазик. Значи, Македонците во Антика зборувале исто како ние сега. Постојат исти празници, според земјоделскиот календар, како што се дочекува пролетта со Ксантика. Тоа се правело на 22 март на денот на рамнодневницата или сегашниот празник Младенци како што се слави во Македонија отсекогаш. Во Кокино, природната опсерваторија ја обликувала опсерваторијата со маркери, сончевите зраци да го угреат местото на првосвештеникот или царт, седнат на камен трон и околу него народот. Постојат траги од прославите документувани со грнчарија, украсени со грозје, како да дошол Дион со цела придружба да ја слави пролетта во знаците на Ксантика. Има знаци на остаток од првите театри во природни услови и плато за учесниците. Тоа е во склад и со царските мермерни театри што ги изградиле Македонските архитекти за иста намена и духовност. Сите македонски чествувања длабоко се осмислени и меѓусебе поврзани. Тоа се гледа од остатоци во уметничкото творештво на неолитките, од Дионизиските поворки, од животот на царевите и народот, од суеверијата, магиите, жртвувањата, мистериите, свадбите и другите обичаи, театрите, во китење во боите на Ксантика. Истите традиции продолжиле и во Православното Христијанство со Македонско влијание. Самата црква како божји храм, според градбата и укарасувањето личи на царските палати. Владиката е владетел со духовноста на народот со скапоцената круна и срмена облека и петрафил, жезол во рака што претставувало потврда, а достоинството како и кај царот. Нафората и причеста од Македонија се проширило низ светот со црвеното вино и белиот леб, пречекување на гости со леб и сол. Постои царска трпеза, манастирска трпеза, свадвбарска, народна трпеза итн. Со тоа се покажуваат резултатите на плодородието со сите ритуали видени во Ксантика низ сите простори и низ сите вермиња. Тука се остварува димензија на секојдневното и возвишено постоење религиозното чувство, љубовта кон природата и човекот. Тука се вклопува и денот на Младенци како ден на љубовта и како славење на младенците што стапиле во свет брак таа година, за да се исполни со среќа животот, како што се исполнува младата месечина и како што се зголемуваат пролетните денови со повеќе светлина и топлина за да се расцути природата и ни ја разгали душата, со многу цвеќиња и плодови, со подмладување и ново  раѓање. Тоа се македонските славења.

Целокупниот живот на Македонците се одвива дома во домаќинството и во типот на Македонски град со куќи во иста големина и функција, од неолитот до денеска. Македонските царски архитекти предвиделе и граделе јавни згради раскошно уредени и украсени.

Тоа се светилишта, паркови, театри, плоштади, библиотеки, школи, стадиони, работилници и др. каде што се одвивал јавниот живот на целото население. Таквите градови се услов да се спроведува уметничкото творештво, школувањето и прославите. Плановите на сите Македонски градови се исти, од исти архитекти градени со иста намена создадени. Тие градови со ист изглед, функција и тврдини што Александар ги оставил кај 40 народи во Азија во голем број и тие се од Македонскиот прототип изведени. Тоа се стотина Александрии. За да разбереме што е план на Македонски град ќе се послужиме со планот на Динократ за Атос, што на Александар му го предложил неговиот архитект. Алексанадр тој план за Атос не го прифатил, ама подоцна по тој план ја изградил Александрија и другите градови што ги градел по ист план и исто име.

Професорот на Архитектонскиот Факултет во Скопје, Митко Хаџи Пуља, со своето семејство ми ја чесита Новата Година 2010 и Христијанските празници со една невообичаена честитка, со графика на бакрорез со планот на Атос во вид на човек, всушност ликот на Александар исцртан на целиот полуостров како што го замислил Динократ. Таа слика била поместена во ренесансата во една книга за архитектура од архитектот Маркус Витровие пишувана во 25 година пред христијанството. Од Витрувис има значајни податоци за Македонските градби. Во Хераклеа во Битола најдена е скршена скулптура на Витрувие што зборува дека тој им бил познат на Македонците. Важноста за Витрувие за нас е значајна заради што ни го претстави Динократ и царот Александар. Така дознаваме за Александровата идеја да го именува Динократ за автор на урбанистичкиот план на Александрија. Планот на Динократ за Атос градот да биде во вид на тело претставува органска космичка аналогија за човекот, градот и вселената, просторот. Тоа е главна концепција: нашето тело, нашиот дом, нашиот град како идеја за план на град да ги содржи хуманистичките идеи на доблести на сите луѓе удобно сместени со врска на космичката и човечка духовност. Сите Александрии имаат иста содржина и сите лежат на прострена царска хламида под небеска светлина. Пред  2 години во Стоби била откопана скулптура со издолжена рака како во бакрорезот за кој што зборуваме. Тоа значи дека и Стоби како и другите градови во Македонија се планирал и градел споерд плановите на царски архитекти. На Атос било предвидено градот тело со главата да допира до највисоката точка на ридот до светлината и надолу да течат, реки, патишта, паркови и друго. Телото на градот обликувано како човечко тело со поврзани органи, како функцијата на зградите, како идеја остварена во Александрија и историски е потврдено. Тоа значи Македонските градови со сите градби максимално се прилагодени за живот со сите удобности на највисоко ниво и за раскошните прослави како Ксантика. Образованието, стручноста, производството, сите знаења применети во остварување на најдобрите идеи како и големата извежбаност ја направиле Македонија водечка меѓу цивилизациите во светот. Македонците сето тоа го оставале запишано на глина, мермер, стели, пергаменти, на златни и сребрени книги и иако сето тоа се уништувало и приграбувало, ние остануваме да слвиме.

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top