Коментари

Проодот Слива – историски патоказ

aleksandar-dzepovski

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Комунистите се лажговци. Кројат историја како ним им одговара. Тие се рак – рана на Македонија. Проодот Слива е доказ.

Личности, битки, вистината и сите наши придобивки ги кријат од само за нив познати причини, најверојатно од некаква материјална корист. Друго објаснување нема. Пред да се даде коментар за Слива, мора да напоменеме неколку факти.

Првата пушка во Македонија не пукнала, како што не` “учеа” во Прилеп и Куманово на 11 Октомври 1941, туку на 15 Јули  1941 во Скопска Црна Гора, кога Александар Урдаревски – Станко со негова чета нападнале Германска чета и уништиле нивни борбен авион. Зошто не се слави тоа и е направена неправда, која се разбира не прва ниту последна од комунистите?

Зошто има темен период од “неактивности” на Македонците во периодот од Втората Светска војна, а вистината е дека имало големи активности и борби од ВМРО-вски чети, а партизаните скриени во шуми со нивните другарки чекале исход?

Зошто по убиството на Кочо Рацин, со големи генералски титули се закитуваат Светозар Вукмановиќ – Темпо и Данило Капетановиќ?

Има многу прашања и одговори, ама за тоа во друга прилика…

Ова историско место, симбол на непобедивоста и пркосот на Македонецот на смртта, каде со свои животи педесетина македонци од четата на Тодор Христов на возраст од 16 до 18 години, под водство на војводите Стојанов и Смугрев на најдостоинствен начин демонстрираат како се сака и гине за својата земја. Не сме изненадени што јапонските камикази и арапските фанатици до ден денес учат и пребаруваат од турските архиви за херојските подвизи и самоубиства на македонците, ВМРО-вците…

На 12 Август 1903 падна одлука од комитетот, три илјаден аскер да се спречи или сопре, тргнат од Кичево преку Пуста Река да го нападне и начека населението на Крушево при повлекување.

Подготвени во своите ровови, младите македонци со песни и пцости кон аскерот, успеваат да го задржат доволно, за да може жени, деца, вооружени чети од слободното Крушево, да се повлечат од надојдениот петнаесет илјаден аскер од другата страна. Во тој проод, важно стратешко место имала и една женска личност, која заедно со нејзиното момче со последните нивни куршуми се самоубиваат. Холивуд и целиот свет од овој пример можат да учат како се сака земјата и како се љубат на младите македонци. Околу 40 голобради момчиња и една девојка ги дадоа животите, целта се исполни, народот непречено се извлече… Се поставува прашање:

КАКО ТОА ПРООДОТ СЛИВА НИКАДЕ НЕ СЕ СПОМНУВА, СЕ ИГНОРИРА И НЕМА МЕСТО ВО ИСТОРИЈАТА?

До кога комунистите вакви херои и херојски места ќе ги игнорираат и запоставуваат, а нивните измислени херои Мирко и Славко од Карпатите ќе ги заменуваат? Исто така и Илинденскиот период во Костурско, каде Македонија била слободна во тој дел се до 16 Октомври 1903 и никогаш не се предале на Османлиите… Зошто тоа не се кажува и слави? Дали  комунистите, кои очигледно на најнечесен начин, откако се дојдени на власт од 1945 година, пишуваат и бришат историја, како ним им одговара?! За пари, за “слава” или од глупост?

СЛАВА ИМ, на овие храбри млади македонци и сите оние кои на сличен начин ги дадоа животите, а никаде не се спомнати.

Комунистите ќе платат за сето ова на тој начин што народот ќе ги игнорира засекогаш нив и нивните “теории и истории” и ќе имаат место само во Грција, а не во нормалниот свет. Затоа, ќе заклучиме дека, кога игнорираат вакви настани и херојски подвизи од пред 100 години, како да очекуваме поддршка од нив за минатото од пред 200, 500, 1.000, 2.500 или 10.000 години? Овие да ти биле, живеј од денес за утре, продај се`, растури колку што можеш и прави си ќеф  на душата. А иднината, децата, идните поколенија, Македонија… Тоа не ги интересира.

Е па Господа од опозиција… Ќе “кукате“ уште долго, долго време. Ќе сонувате власт. Доста беше од Вас. ПРЕТЕРАВТЕ!

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top