Македонски легенди

Аџи папа Теодосиј Синаитски

teodosij-sinaitski

teodosij-sinaitskiАџи папа Теодосиј Синаитски е роден во Дојран во втората половина на XVIII век. Учел во грчки училишта во Цариград. Мирското име му било Теохар. По враќањето во Дојран се оженил и бил ракоположен за свештеник. Попадијата рано му починала и тогаш почнал да ги посетува македонските манастири, а во 1828 година се нашол во Синај – во манастирот „Света Катерина“ каде се замонашил под името Теодосиј, а по манастирот бил наречен Синаитски.

Синаитскиот манастир со векови ги привлекувал Македонците што копнееле за духовни христијански подвизи и за аскетска просвета. Уште во XI век таму престојувала цела македонска колонија, која ја развила старата македонска книжевност. Таму се најдени македонски глаголски споменици – Синајскиот псалтир и Синајскиот требник. Во таа средина Теодосиј станал дури и архимандрит на тој манастир. Таму почнал да ја учи словенската писменост и да преведува молитви од грчки на македонски, испраќајќи им ги овие преводи на своите синови во Дојран.

Во 1831 година тој престојувал во Солун, каде служел во црквата „Света Мина“ на македонски јазик. Истовремено ја извршувал и службата и собирал милостиња за својот манастир низ Македонија. Тогаш се запознал со Кирил Пејчиновиќ, со Јордан Хаџи-Константинов – Џинот и со други преродбеници. Силно сознава дека на неговиот македонски народ му е потребна македонска, а не неразбирлива грчка книга, па одлучил да отвори македонска печатница во Солун 1838 година.

Во првите три години во неговата печатница биле отпечатени три книги. Неговата печатница изгорела во голем пожар, кој бил подметнат, и бил уништен голем дел од солунската чаршија. Набргу по несреќата, со матрејална помош од Кирил Пејчиновиќ, печатницата била обновена и продолжила да печати нови книги, но потоа уште еднаш била изгорена. По вториот пожар Теодосиј во своето родно место Дојран стана воденичар. Таму го дочекал и крајот на својот живот некаде во почетокот на педесетите години од XIX век.

Во печатницата на Теодосиј се печатени книгите: „Началное учение со молитви утренија“ е еден вид буквар напишан од Анатолиј Зографски, кој бил роден во Лазарополе. „Крако е описание на дванаесет атонски манастири во Света Гора“ претставува водич по Атон и дава опис на манастирите.

Автор на втората книга е Даскал Камче од село Ваташа, Кавадаречко. Четврта книга е „Утешение грешним“ од Кирил Пејчиновиќ. Петта е „Книга за научение трих јазиков славјаноболгарскиј и греческија и карамалицкој“. Во таа книга се дадени зборови и реченици во три колони на македонски, грчки и турски.

Научните истражувања утврдиле, дека македонскиот и грчкиот текст се препечатени од познатиот Четиријазичник на молско-полскиот даскал Данаил, а турскиот го дал приредувачот на книгата.

Книгите печатени во печатницата на Теодосиј Синаитски значеле голем придонес за ширењето на сознанието за потребата на говорниот македонски јазик, значеле победа на нашиот народен јазик над мртвиот старомакедонски и над туѓиот грчки јазик.

Тихомир Каранфилов

Најново од: Македонски легенди

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

To top