Македонски легенди

Војдан Чернодрински

vojdan-cernodrinski

vojdan-cernodrinski(с.Селци, Дебарско, 2 октомври 1875 – Софија, 8 јануари 1951) – основоположник на македонската драмска литература и на македонската театарска дејност, поет, драмски автор, општественик, публицист.

Во 1894 г., заедно со неколкумина соученици Македонци во Првата машка гимназија во Софија, ја формира театарската група “Македонски зговор”, за чиј репертоар ги пишува едночинките “Дрварите” и “Во меаната” (играни во следната 1895 г.).

Инспириран од една дописка во весникот “Реформи” ја создава најзначајната своја битово -социјална драма во пет чина “Македонска крвава свадба”, како прва драма на македонски народен јазик. Таа е премиерно изведена под специфични околности на 20 ноември 1900 г. во преполниот салон на “Славјанска беседа” во Софија. Во периодот 1900 – 1928 г. оваа пиеса има доживеано над 1000 театарски изведби во Македонија, Србија и Бугарија.

Постигнатите успеси го мотивираат нејзиниот автор да пристапи кон организација на ансамблот што ја изведува. Така создава нова театарска трупа “Скрб и утеха” (13 мај 1901) што набргу прераснува во “Столичен македонски театар” и со тоа се удираат темелите на македонскиот модерен театар. Тој е автор и на првата македонска оперетка “Срешта”, посветена на Гоце Делчев по повод неговото загинување (1903).

Во постилинденскиот период формира уште два театарски ансамбла: “Македонско-одрински театар” (1907) и “Илинден” (1923), а во 1936 г., во рамките на новооснованиот Македонски литературен кружок околу Редакцијата на в. “Македонски вести” во Софија, прави интервенции во својата “Македонска крвава свадба” и таа се изведува во новооснованиот Македонски народен театар. Оваа драма е преобјавувана и изведувана од македонското иселеништво во САД, а живее и денес во МНТ во Скопје.

Создава и други драмски текстови (на македонски и на бугарски јазик), објавени во пет тома во “Собрани дела”, подготвени од А. Алексиев (Скопје, 1976).

– МАКЕДОНСКА  ЕНЦИКЛОПЕДИЈА – МАНУ, Скопје 2009

Напишано од Дедо Варадин

Превземено од Лоза

Најново од: Македонски легенди

Маца Карбева

Маца Карбева – од борбата за правата на жените до АСНОМ Маца Карбева (20 август 1919, село Војница, Велешко – датумот на смртта не е утврден) била македонска првоборка, учесничка во Народноослободителната борба и делегатка на Првото заседание на АСНОМ. Нејзината дејност започнала во работничкото и женското движење во Велес, а продолжила во илегалната борба […]

Пеце Атанасовски – легендарниот гајдаџија кој го разнесе македонскиот звук низ светот

Пеце Атанасовски (Долнени, Прилепско, 1925 – Скопје, 14 септември 1996) е еден од најголемите македонски народни инструменталисти, легендарен гајдаџија и неуморен чувар и афирматор на македонската изворна музика. Со звукот на својата гајда ја претставувал Македонија на бројни сцени во земјата и во светот, оставајќи наследство што живее и денес. Во историјата на македонската народна […]

Арсениј Јовков – илинденецот кој се бореше за Македонија со пушка, перо и филм

Арсениј Јовков (25 март 1884, село Селци, Струшко – 14 септември 1924, Горна Џумаја, Пиринска Македонија) бил македонски револуционер, илинденец, поет, публицист, новинар и филмски автор. Неговиот живот бил нераскинливо поврзан со борбата за слобода на Македонија, а неговото име останува запишано и во македонската револуционерна историја и во почетоците на македонската кинематографија. Арсениј Јовков […]

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

To top