Коментари

Филипче, враќај ги под хитно жезолот и круната прадедо ти што им ги даде на Бугарите

Алексндар Македонски Џеповски

Аман за аман Филипче, доста е од празни политики и политички манипулации. Наместо постојано да држиш лекции и да глумиш загриженост за Македонија, под итно врати ги жезолот и круната на македонските поглавари, за кои јавноста со години зборува дека завршиле кај Бугарите.

Цел народ знае и памети дека токму твојата фамилија се поврзува со ова прашање, а наместо објаснувања и одговорност, ти продолжуваш да се претставуваш како заштитник на националните интереси.

Дали тоа било направено за пари, слава или личен интерес, јавноста одамна поставува прашања, но одговори нема.

Твојата блискост и постојана поддршка кон политиките на Софија одамна не се случајност. Сè повеќе граѓани гледаат дека твоите ставови речиси секогаш се совпаѓаат со бугарските позиции, додека македонските интереси ги ставаш во втор план.

Народот гледа дека наместо да застанеш цврсто зад Македонија, ти упорно ги напаѓаш Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, мислејќи дека со навреди и омаловажувања ќе добиеш политички поени. Но ефектот е спротивен — револтот и огорченоста кај народот кон тебе и СДС само растат.

Ако продолжиш да тераш по туѓ терк и да ги браниш интересите на други држави наместо македонските, народот тоа ќе знае како да те казни. Македонија памети кој стоел зад неа, а кој работел против нејзините национални и историски интереси.

ПОРАКАТА Е КРАТКА И ЈАСНА ФИЛИПЧЕ, ВРАЌАЈ ТОА ШТО Е БОЖЈО И ПРИПАЃА НА МАКЕДОНИЈА ИЛИ БОЖЈА КАЗНА.

АМИН !!!

Најново од: Коментари

Уште колку ЕУ ќе нè тапка по рамо?

Европската идеја има смисла ако ги зближува народите и го почитува нивното достоинство. Македонија заслужува јасен и праведен пат до членство, по кој ќе оди со реформи и со зачуван македонски идентитет. За идеите во минатото се гинело, а за нив се гине и денес. Тие ги движат луѓето, ги обединуваат народите и го менуваат […]

Филипче, рејтингот на СДС не се крева со сирена за тревога

Дали Филипче навистина мисли дека патот до повисок рејтинг води преку повисок притисок кај граѓаните? Дека секоја вознемирена фамилија е потенцијален глас, секој исплашен пензионер — политичка добивка, а секој загрижен штедач — публика за следниот настап? СДС на чело со Филипче остава впечаток дека отвори дежурна служба за најавување пропаст. Телефонот постојано ѕвони, сирената […]

За овој настан Македонија нема да бара од Бугарија заедничко историско чествување

На 11 септември 1995 година, на аеродромот кај Штрклево, близу Русе, се собрале околу 3.000 илјади луѓе за да пречекаат вонземјани.  Според архивскиот весникарски напис, околу 3.000 луѓе пристигнале од Варна, Разград, Русе и околните села. Поводот бил најавата дека точно во 11 часот ќе слетаат посетители од наводната планета Криси за да и помогнат […]

Да се препознаеме по човечноста

„Ако чувствуваш болка, жив си. Ако чувствуваш туѓа болка, тогаш си човек.“ – рекол Лав Толстој Сфаќањето и практиката на хуманоста во светот денес се наоѓаат на важна крстосница. Глобално гледано, на хуманоста се гледа низ призмата на зголемена емпатија и поврзаност, но и низ сериозни предизвици наметнати од модерното секојдневие, технологијата и кризите. Технологијата […]

Четири штетни одлуки – сметка што ќе ја плаќаат генерации

Приватизацијата од деведесеттите години, територијалната организација од 2004 година, промената на уставното име во 2019 година и Договорот со Бугарија од 2017 година се четирите најштетни политички одлуки на СДС за Македонија. Првата го засегна општествениот капитал, а другите државното уредување, уставното име и заштитата на македонските национални интереси. Последиците ги надминаа мандатите на властите […]

Бранислав Светозаревиќ-Покорни: За поимите „народ“ и „нација“

Бранислав Светозаревиќ Во интерес на читателот, сметаме дека е потребно да дадеме извесни објаснувања за термините за етничките заедници низ историските периоди на овие простори, со кои се среќававме во нашето истражување, како и за поимите „народ“ и „нација“ што ги подразбираме во оваа студија. Иако главниот акцент на оваа книга се однесува на идентитетското […]

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

To top