Македонски легенди

Димитар Димов Праматарски- Македонски

Dimitar_Makedonski_Skrebatno

Dimitar_Makedonski_SkrebatnoДимитар Димов Праматарски, познат како Димитар Македонски или Паша (1839 – 21. IV 1912) е македонски просветен деец и револуционер, учесник во национално-ослободителното движење пред и по Македонското востание во 1878 година. Во 1902 година остро се спротивстаствува на бугарскиот кнез Фердинанд кој со својата политиката не постигнуваат ништо друго туку влошување на положбата на населението во Македонија.

Димитар Македонски е роден во 1839 година во неврокоското село Скребатно. Неговиот татко Хаџи Димо Праматарски, бил трговец кој добро ја познавал моќта на образованието и го испратил Димитар да учи финансии и правни науки во францускиот колеџ „Свети Лазар“ во Солун. Димитар останал повеќе од пет години во Солун и во периодот од 1857 до 1862 година тој не само што го изучувал францускиот јазик и правните науки, туку и предавал мајчин јазик на учениците. Така Димитар станал истовремено и ученик и учител.

По 1862 година, Димитар се вратил во Бугарија и учителствува кратко време во своето родно село Скребатно, а потоа учителствува во еперхиското училиште и во мисионерската школа во Пловдив. Повторно учителствува во Скребатно, а од 1867 до 1869 година предава во местото Устово (Смољанска област), каде го организира првото читалиште и библиотека. По силниот притисок од страна на грчкиот митрополит во Ксанти, Димитар се преселува во Софија каде работи извесно време како наставник. Во 1871 година отвара машка гимназија во Воден, а потоа бил назначен за главен учител во Ќустендил до 1874 година.

Димитар Димов – Македонски одржувал врски со Стафан Верковиќ на кого му дава историско-етнографски опис на Неврокопско, кој потоа Верковиќ го објавува во „Топографско-етничкиот есеј за Македонија“ (“Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи”, отпечатен 1899 година во Санкт Петербург. .

Во меѓувреме, во седумдесетите години на XIX век на Балканот започнуваат буни и востанија за ослободување од турското ропство. Истовремено и во Македонија започнуваат подготовки за вооружено востание. Во 1872 година Димитар Македонски е еден од основачите и прв претседател на револуционерниот комитет во Ќустендил, а подоцна бил меѓу основачите и на кривопаланечкиот револуционерен комитет во Осоговскиот манастир.

Во текот на Руско-турската војна (1877-1878), во Софија доаѓа рускиот гроф П. Алабин кој е главен преставник на рускиот „Црвен крст“ и Московското и Петербургското Словенско друштво. Во декември 1877 година тој е поставен за гувернер на Софија и воведува цивилна управа во градот. По завршувањето на војната во март 1878 година, Димитар Димов – Македонски работи во канцеларијата на рускиот гувернер, каде меѓудругото им помагаат на македонските доброволци кои биле во руската армија и учествувале во борбите кај Стара Планина, Шипка и др. За нив грофот П. Алабин вели:

„ Најголема потреба од паричнаа помош имаа Македонците, кои немаа можност да се врата на домашните огништа, зошто нивната татковина и натаму е опседната од Турците. Меѓутоа, познато е дека Македонците беа најдобрите луѓе во дружините и со својата храброст и машкост во борбата ги восхитуваа и нашите стари војници..“

По укинувањето на воената управа и воспоствувањето на цивилната управа Димитар Димов – Македонски бил поставен за градоначалник на град Софија. По завршувањето на мандатот неколку години работи како претседател на Софискиот окружен суд, а потоа ја врши финкцијата на секретар на Врховниот суд на ревизори.

Димитар Димов – Македонски е меѓу главните раководители на софиската организација на Врховниот македонско-одрински комитет. Не се сложува со политиката која ја води бугарската власт и доаѓа во конфликт со кнезот Фердинад. Во текот на 1902 година, Димитар – Македонски бил против испраќање на мали вооружени чети во Македонија кои не можеле да направат ништо друго, освен влошување на положбата на македонскиот народ.

Одбивањето на Димитар Македонски од Скребатно да ги извршува наредбите, како и неговото несогласување со политиката во однос на македонското прашање, доведува до целосно заладување на односите со на бугарскиот двор. Кнезот Фердинанд ја казнува непослушноста на Димитар Македонски, по што бил отпуштен од државна служба.

Димитар Димов- Македонски умира на 21 април 1912 година.

Најново од: Македонски легенди

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

To top