Историја

Димитар Поп Георгиев Беровски – „Нетрпеливоста растеше и решив да организирам востание во Македонија“ – (1874 година)

DimitarPopGorgievBerovski

DimitarPopGorgievBerovski“Јас пак тогаш избегав од прогонот на цариградската полиција, потајно отидов во Солун. Во Солун и надвор (околу) Солун успеав да живеам прикриено од турските власти приближно околу половина година. Тука имав можност да примам подробни податоци за дејствата на Херце-говското востание. И случајот ми помогна да ги следам сите движења на турските војски по суво и по море кога пристигнуваа и се упатуваа со железницата преку Митровица за Босна и Херцеговина. Најсилно движење на војските за Босна и Херцеговина се забележуваше околу крајот на 1875 и во почетокот на 1876 година.

Вестите за херцеговските востанички акции, движењето на турските војски и мојата положба за мене станаа еднакво неподносливи. Од ден на ден нетрпеливоста растеше и јас во месец декември 1875 година решив да организирам востание во Македонија, со кое ќе се даде помош на херцеговското востание со задржување на еден дел од турските војски…”

И. Катарџиев, Кресненското востание 1878…,  стр 16

Најново од: Историја

Полскиот лингвист Мјечислав Малецки уште во 1934 година пишува за посебноста на македонскиот јазик

Полскиот лингвист и славист Мјечислав Малецки (1903–1946) оставил значајно научно сведоштво за македонските говори и нивната јазична посебност. Во своето дело „Два македонски говора“, објавено во Краков во 1934 година, ги истражувал говорите на селата Сухо и Висока во Солунско, во егејскиот дел на Македонија. Проучувајќи го живиот говор на месното население, Малецки ги разгледувал […]

Славе Катин – Географски карактеристики на Балканот

Името „Балкан“ е од подоцнешен датум, по стариот италијански Бог на огнот Вулканус, првенствено Бог на вулканскиот оган, а подоцна и Бог на ковачката вештина. Ова име се однесува на планината Хем и на целиот полуостров. Погрешно е да се смета дека е од турско потекло. Науката за Балканот е балканологијата, која е основана во […]

Американското училиште во Битола (1865–1913) за народноста на Македонците

„Писмо на битолскиот областен инспектор од 1913 година во кое го информира надлежниот министер дека училиштето на американската мисија во Битола му испратило список на ученици кои по народност биле „Македонци“, нешто друго од народноста „Србин“.“ Ова американско училиште во Битола било отворено во 1865 или во 1873 година. На почетокот било наменето за девојчиња, […]

Солун 1912: грчкиот весник напишал — „Солун освоен со меч“

Една насловна страница од грчкиот весник „Πατρίς“, објавена на 27 октомври 1912 година, отвора непријатно прашање за современиот грчки историски наратив. На неа, со големи букви, пишува: „Η ΘΕΣΣΑΛΟΝΙΚΗ ΚΑΤΕΚΤΗΘΗ ΧΘΕΣ ΔΙΑ ΤΟΥ ΞΙΦΟΥΣ“ Во превод: „Солун вчера беше освоен со меч.“ Ова не е македонска интерпретација, ниту современа пропаганда. Тоа се зборови отпечатени во […]

Доброволците од Гостиварско во Македонско-одринското доброволство 1912–1913

Архивските списоци откриваат имиња на луѓе од Гостивар и гостиварските села кои во годините на Балканските војни биле заведени како ополченци, односно доброволци. Балканските војни, 1912–1913 година, кај многу Македонци разбудиле надеж дека конечно доаѓа ослободување на Македонија од османлиската власт. Голем број обични луѓе, меѓу кои печалбари, занаетчии и работници, се приклучиле како доброволци, […]

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

To top