Македонски легенди

Лефтер Методиев Манче

lefter-metodiev-mance

lefter-metodiev-manceЛефтер Методиев Манче (Lefter Mantse 29. IX. 1935) е познат светски естетски хирург, трансплантер и универзитетски професор. Тој е еден од малите великани, кои го поминаа македонскиот дел од пеколот, ги изодеа македонските планини, Европа и Светот, но никогаш не заборавија дека се Македонци.

Лефтер Манче е роден на 29 септември 1935 година во село Загоричани, Костурско, Егејскиот дел на Македонија. Се родил како петто (од шест) дете во семејството Џидрови. Неговиот татко Методи, заедно со 72 мажи од селото бил затворен од монархофашистите во април 1945 година и осуден на 101 година робија на егејските острови (1945 – 1961). Во текот на граѓанската војна во Грција, неговата мајка Александра (Цана) и тројцата браќа (Димитар, Стево и Харила) загинале како партизани, а Лефтер го одгледувале неговата тетка Јана Манчева (сестра на мајка му) и тетинот Стево, по кои го носи и презимето.

По жестоките бомбардирања на македонските села во 1948 година, заедно со други деца од Егејскиот дел на Македонија, Манче како тринаестогодишник бега преку Преспанското село Љубојно и Битола во Будимпешта, Унгарија. Неколку месеци по доаѓањето во Будимпешта, децата бегалци биле распределени во прифатилишта во повеќе градови и села во Унгарија, а Манче бил со група од 21 дете од Загоричани. Поради негативната антикомунистичка кампања која се води на Запад и притисоците децата да бидат вратени во Егејска Македонија, за децата бегалци се води посебна грижа и нега како би се избегнале било какви дипломатски скандали.

Во Унгарија, Манче завршил основно и гимназиско образование, а потоа како добар спортист од Факултетот за физичка култура (1955-1959), еден од најдобрите во светот во тоа време. Големата љубов кон медицината ја остварил веднаш потоа. Во 1959 година се запишал на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Дебрецен. По дипломирањето со одличен успех во 1965 година, Манче најпрво работи четири години како помошник доктор, а по положувањето на испитите во октомври 1969 година и стекнувањето со титулата доцент, останува да работи како асистент-професор на Универзитетската хируршка клиника.

Во 1973 година, Манче бил испратен од Универзитетот во Киев, тогашен СССР, и откако се појавила неговата студија за канцер на дојката во Германија, во април истата година бил поканет на водечкиот институт за истражување на ракот Финсен во Копенхаген, Данска. Таму останал два месеца, а потоа решава својата специјализација да ја продолжи во Канада.

Во јуни истата година, Манче емигрирал во Канада. Објавувањето на неговите студии во меѓународни реномирани медицински списанија, му овозможуваат на Манче да добие од канадските власти трајна виза за престој, по што ја започнал битката да го доведе и своето семејство. По долги шест месеци, унгарската влада дозволила неговата сопруга и двата сина да му се придружат во Канада.

Меѓутоа во Канада не му биле признати испититите, па морал да почне од почеток. Во текот на наредните две години ги положува американските испити, а од 1975 до 1979 година работи на Катедрата за општа хирургија на Универзитетската клиника во Отава. Во 1979 година ги положил канадските хируршки испити и во 1980 година Манче ја отворил првата приватна клиника за естетска хирургија во Канада. Согледувајќи дека може многу повеќе да допринесе во естетската хирургија, Манче  почнал да патува по светот, посетувајќи познати специјалисти од оваа област. Тој го собира потребното знаење, по што почнува да работи како оператор-специјалист за трансплантација на коса, липосукција, пластика на лице, на очи и на гради.

Во 1984 година  заминал за Кан каде присуствувал на Првиот светски конгрес на пластичари за липосукција, по што почнува да оперира. Неговото име се појавува на канадските медиуми, а во 1986 година го пишува првиот вовед по липосукција кој истовремено е прва ваква статија од областа на естетската хирургија во Канада. Истата година во Будимпешта, одржал предавање на оваа тема, а неговите написи за липусукција се појавуваат во канадските, унгарските и француските медицински списанија. По 1987 година, на оваа тема Манче одржал повеќе предавања ширум светот, а доктори од целиот свет доаѓаат кај него бесплатно да се обучуваат.

Д-р Манче ги обучувал и првите унгарски и македонски пластични хирурзи. Во 1995 година, на Клиниката за пласточна хирургија во Скопје, д-р. Лефтер Манче во соработка со сега веќе починатиот проф. д-р. А. Мишковски, ги извршил првите операции за липосукција и трансплантација на коса. Потоа соработува и со други македонски колеги, а вршел оперативни зафати и на приватната клиника „Ре Медика“.

Во 2002 година, заедно со син му ја отворил и меѓународната Клиника за трансплантација на коса „Атлантик“ во Будимпешта (Атлантик Хајатултетеси клиника, Будапест), па оперира паралелно во Канада и Унгарија, како и во Скопје. Д-р Лефтер Манче до 2006 година, само во Канада извршил повеќе од 10.000 оперативни зафати на трансплантација на коса, липосукција, естетика на гради, пластика на лице и очи.

Член е на угледните друштва и институции: The Royal College of Surgeons of Canada; The International Society of Cosmetic Surgery; The American Academy of Facial Plastic & Reconstructive Surgery и член основач на The American Academy of Cosmetic Surgery и на The International Society of Hair Restoration Surgery.

Иако е познат светски хирург за естетска и пластична хирургија, д-р Лефтер Манче никогаш не го заборавил своето македонско потекло. Повеќе од две децении тој со својата коресподенција ја промовира вистината за Македонија. Од осамостојувањето на Македонија во 1991 година, па се` до денес, тој се вклучува во борбата за признавање на Македонија. Пишува писма до Советот за безбедност (1992) и има преписка со бројни и значајни личности на политичката сцена, меѓу кои и со поранешниот премиер на Велика Британија, Тони Блер, кој го уверува дека Македонија ќе го добие кандидатскиот статус на ЕУ. Тој се допишува со Ван дер Штул, Солана, Робертсон, како и со други владини министри на Унгарија, Канада и Австралија.

Д-р Лефтер Манче е еден од малите великани, кои го поминаа македонскиот дел од пеколот, ги изодеа македонските планини, Европа и Светот, но никогаш, каде и да се не заборавија дека тие им припаѓаат на своите села, градови и на свјата родна грутка Македонија. Како Македонец и патриот, д-р Манче често учествува со помош за добротворни цели на институции и поединци во Македонија.

Најново од: Македонски легенди

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

To top