Михаил Шариновски – Солунски (1932-1999), беше претседател на ДООМ од 1977-1982 и потпретседател на Задграничниот комитет на ВМРО-ДОМНЕ, на Перт З.Австралија, во 1990/91 година.
Михаил е роден во с. Бапчор, Егејска Македонија, во 1932 година, а почина во Перт, Западна Австралија, во 1999 година.
МИХАИЛ ШАРИНОВСКИ (СОЛУНСКИ):
ИДНОТО ОБЕДИНУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ДА СЕ ИЗВЕДЕ СО РАЗБИРАЊЕ И СПОГОДБА МЕЃУ ФЕДЕРАТИВНА ЈУГОСЛАВИЈА И ИДНАТА НАРОДНО ДЕМОКРАТСКА БУГАРИЈА И ГРЦИЈА
…Не треба да се заборави и големиот историски факт што и меѓународното комунистичко движење преку својот највискок форум Комунистичката интернационала во 1934 година донесе Резолуција по македонското прашање во која се истакнува националната индивидуалност на македонскиот народ и неговото право на национално самоопре-делување. Во таа Резолуција на Коминтерната се повикуваат комунис-тичките партии на Југославија, Бугарија и Грција да се борат против големосрпската, големобугарската и големогрчката денационализаторска политика во Македонија и да му дадат братска помош на македонскиот народ во неговата борба за национално ослободување. Ова становиште на Коминтерната по македонското прашање беше почитувано од трите бал-кански комунистички партии не само во периодот до Втората Светска Војна ами и за времето на таа војна, па дури и после тоа. Постојат бројни изјави на БКП во кои се истакнува националната самобитност на македонскиот народ и се осудува денационализаторската политика на големобугарскиот режим во Пиринска Македонија. исто така за-бележителни остануваат говорите што пратениците на КПГ ги држеа во атинскиот парламент во кои ја истакнуваа националната самобитност на македонскиот народ и ја осудуваа денационализаторската политика на грчкиот режим во Македонија… Зар не е срамота кога денешното рако-водство на БКП со своето негирање на македонското национално постоење го негира и становиштето на Коминтерната, по македонското прашање.
Во 1936 година, здруженото македонско студентство од Загрепскиот и Белградскиот универзитет (околу 200 студенти) го организираа Македонскиот Национален Покрет (Македонско Национално Движење ) – МАНАПО кое си постави за цел да работи со легални средства тогашна Југославија да му ја признае на македонскиот народ неговата национал-на ндивидуалност. МАНАПО објави своја Политичка платформа во која се истакнува националната самобитност на македонскиот народ и се одредуваат насоките на идната негова политичка дејност. МАНАПО бараше македонскиот народ да биде признат како посебен народ и да биде рам-ноправен во југословенската држава со Србите, Хрватите и Словенците. Понатаму, МАНАПО бараше културна и административна автономија на Македонија која во југословенскиот парламент да биде претставувана од посебна македонска парламентарна група, избрана од самиот македонски народ. Во својата програма МАНАПО велеше дека истовремено ќе се бори Македонците од Егејска и Пиринска Македонија да добијат национална автономија и да бидат претставувани во парламентите во Атина и Софија од свои македонски парламентарни групи. Битката за извојување на-ционална автономија на распарчениот македонски народ под трите бал-кански држави, МАНАПО ја сметаше како прва етапа во национално-ослободителната борба на македонскиот народ кој треба да доведе до национално ослободување и обединување на македонскиот народ и Ма-кедонија…
…МАНАПО беше инспирирано и раководено од марксистичка идеологија, голем дел од неговите раководители беа членови на КПЈ како на пример Кузман Јосифовски-Питу, Љупчо Арсов и други, кои подоцна, во Втората Свестка Војна станаа организатори на парти-занското движење во Вардарска Македонија против бугарскиот фашитички окупатор.
Наведените примери за тесните врски на ВМРО (об) и на МАНАПО со Комунистичкото движење на Балканот зборуваат дека македонскиот народ под тројното ропство својата национално ослободителна борба ја сврза со борбата на комунистичкото движење на Балканот, поточно со комунистичките партии на Југославија, Бугарија и Грција… Овој сојуз на македонското национално движење со КПЈ, КПБ и КПГ зеде уште поголеми димензии за време на Втората Светска Војна, кога македон-скиот народ под раководството на споменатите три балкански комунистички партии се крена на востание Против Хитлеровскиот фа-шистички освојувач и неговите сателити: бугарските, италијанските, албанските и грчките фашисти под чија административна власт тогаш стоеше Македонија. Македонскиот народ предводен од најбудните свои синови, македонските комунисти, тргна во заедничка борба со српските, бугарските и грчките комунисти, бидејќи ги сметаше за искрени сојузници кои после победата врз фашизмот ќе му помогнат да ги ост-вари своите стремежи за национално ослободување и обединување. Македонскиот народ кога се виореше рамо до рамо со југословенските, бугарските и грчките комунисти не можеше ни на сон да помисли дека ќе доживее ден кога БКП ќе плукне на марксистичко-ленинистичкиот принцип за решавање на националното прашање, дека ќе ги заборави своите ветувања што му ги даваше на македонскиот народ дека ќе му помогне да ги оствари своите национални стремежи. За голема несреќа на македонскиот народ и за голем срам на Бугарската комунистичка партија се случи тоа што македонскиот народ не го очекуваше – бугарските комунисти да станат негови национални угнетувачи и со тоа тие самите се изедначија со предвоените бугарски фашисти. Националното угнету-вање е национално угнетување без разлика дали тоа го прават фашисти или комунисти.
“Новиот поредок” што Хитлер го воспостави и на балканскиот простор доведе до корекција на распарчувачките граници во Македонија во полза на фашистичка Бугарија на која иж беше даден поголемиот дел од Вардарска Македонија и еден помал дел од Егејска Македонија. Друг еден помал дел од Вардарска Македонија беше ставен под италијанска воена окупација, а под цивилна администрација на “голема Албанија” – квислиншка творба на Мусолиниева Италија. Ова ново прекројување на распарчувачките граници во Македонија доведе само до промена на едни национални поробувачи со други, затоа национално ослободителната борба на македонскиот народ не можеше, а да не се продолжи. Меѓутоа, општата борба на поробените народи во Европа пторив фашизмот и особено војната што ја водење СССР против фашизмот отвори голема историска перспектива за национално ослободителната борба на македонскиот народ. Борбата против фашизмот му даде историска шанса на македонскиот народ со свој придонес во неа да си извојува национална слобода. Во оваа голема антифашистичка војна која за маке-донскиот народ имаше и длабок национален карактер, патриотските сили на македонскиот народ беа предводени од македонските комунисти кои уште членуваа во три различни комунистички партии… Обидот на БКП да ја приклучи кон себе и партиската организација во новоокупираниот дел од Вардарска Македонија беше осуден од Коминтерната во 1941 година. Македонските комунисти во бившиот југословенски дел од Македонија останаа во КПЈ и по пропаста на бивша Југославија. Меѓутоа, македонските комунисти се колебаа во 1941 година дали да кренат вооружено востание под раководството на КПЈ која им беше дала таква директива, бидејќи тие беа противници за обновување на југо-словенската држава во која македонскиот народ немаше никакви национални права. Ова патриотско и национално становиште на македонските комунисти стана предмет на расправии со ЦК на КПЈ, а тоа го задоцни вооруженото востание во Македонија кое почна 3-4 месеци подоцна… Македонските комунисти кренаа вооружено востание дури тогаш кога КПЈ ги убеди дека антифашистичката борба нема за цел обновување на предвоената големосрпска Југославија ами создавање на една наполно нова Југославија која ќе биде изградена на федеративна основа и во која македонскиот народ ќе има полна национална слобода и ќе биде рамноправен со другите народи во федерацијата. Од друга страна и Коминтерната испрати директива до македонските комунисти во трите делови на Македонија во која и препорачуваше антифашистичката борба да ја водат заедно со југословенските, грчките и бугарските комунисти. Како дисциплинирани комунисти, македонските комунисти ја почитуваа оваа директива на Коминтерната. Во Вардарска Македонија партизанското движење беше раководено од КПЈ, во Егејска од КПГ, во Пиринска од БКП. Меѓутоа, партизанското движење и во трите делови на Македонија се разви како национално ослободително движење на македонскиот народ. Самите македонски комунисти кои беа предводници на партизанското движење го популаризираа ова движење сред широките народни маси како сенародна борба за национално ослободување и обеди-нување на македонскиот народ, како една втора илинденска епопеја… Благодарение на оваа национално ослободителна програма партизанското движење доби масовна поддршка од македонскиот народ. Македонските партизански борци во Вардарска Македонија секогаш истакнуваа дека, борејќи се против бугарските, германските и италијано-албанските фашистички окупатори се биорат за национално ослободување на маке-донскиот народ и за создавање македонска национална држава. Македон-скиот народ во антифашистичката војна со оружје во рака и со леење на сопствената крв го остваруваше во дело своето национално самоопреде-лување. Главниот штаб на НОВ и ПОМ во текот на револуцијата го издаде својот историски Манифест до македонскиот народ во кој се истакнува националната посебност на македонскиот народ и се прецизира дека антифашистичката војна за македонскиот народ има и национално ослобо-дителан карактер. На 29 ноемви 1943 година, АВНОЈ го одржува своето Второ заседание кое донесува решение, Југославија после нејзиното ослободување да биде изградена како братска федерација на нејзините народи и народности. По однос на Македонското прашање АВНОЈ зема ста-новиште дека Македонците во Вардарска, Егејска и Пиринска Македонија претставуваат еден единствен и самобитен народ кој има право на наци-онално самоопределување и обединување. Второто заседание на АВНОЈ зе-де решение на територијата на Вардарска Македонија да се изгради Македонска Народна Република како една од другите пет републики на идната југословенска федерација. Но, АВНОЈ му оставаше право на маке-донскиот народ на негово национално обединување и надвор од Југославија кога и другите два дела од македонскиот народ ќе го извојуваат своето национално ослободување. Се предвидуваше идното обединување на македонскиот народ да се изведе со разбирање и со спогодба меѓу Федеративна Југославија и идната народнодемократска Бугарија и Грција.
Продолжува