Историја

Крвава зеленичка свадба

zelnicka-krvava-svadba

zelnicka-krvava-svadbaНападот на селото Зеленич се случил во токот на 1904 године и е познат како Крвава зеленичка свадба. Овој напад е првото воружено насилство врз невиното селско население. Повод за нападот била свадбата на внуката на егзархискииот свештеник од селото.

На 13 ноември 1904 година Андартите заедно со Турците и Патријаршистите од истото село влегле во куќата каде се одвивала прославата и притоа убиле 11 луѓе, а 4 биле ранети.

Нападот на Загоричани

Нападот се случил на 25 март 1905 година, а бил извршен од страна на 300 андарти под команда на капетанот Вардас (право име Георгиос Цондос).

Во текот на нападот, селото Загоричани (денес Василијада) кај градот Костур, било запалено и биле убиени 79 селани. Според некој други извори 62 биле убиени, а 6 ранети.

Постојат ставови дека нападот на Загоричани бил еден од почетоците на етничкото чистење на јужниот дел на Македонија, кој андартите го започнале по Илинденското востание.

Рушевини на селото Загоричани после нападот на Андартите

Повод за нападот било присуството на дејците на Македонската Револуционерна Организација во Загоричани, кој претходниот ден имале советување во окололината на селото.

Меѓутоа Др. Александар Трајановски од Институтот за национална историја на Македонија, кој се занимавал со истражување на нападот врз Загоричане, истакнува во својата книга Андартскиот колеж во Загоричани, дека нападот бил долго планиран и тој наведува документи од британскиот архив, кои индирекно укажуваат дека нападот бил поддржан од кајмакамот и патријаршиските митрополити од Костур и Лерин.

Според Трајановски, кога митрополитот Каравангелис ја добил информацијата за подготовка за напад на селото му дал на Капетанот Вардас список на оние селани кој се патријаршисти за да бидат поштедени.

Четата на Тане

Покрај нападите врз егзархиското македонско население, вооружената грчка пропаганда спроведувала и разни терористички акции и убиства низ градовите, а за секое убиство извршителите добивале специјална награда од Внатрешниот комитет.

Успехот на грчката вооружена пропаганда се должел првенствено, бидејќи зад сите акции стоела грчката држава, а дополнително влијаел ставот на Отоманската Империја кон андартските чети како и благонаклонетоста на турското население, бидејќи официјално четите истакнувале дека дошле да се борат против Македонската Револуционерна Организација.

Според некои податоци во пролета 1905 година во Битолскиот вилает дејствувале околу 800-1000 андарти, а од почетокот на акциите па се` до пролетта 1905 година грчко-турската граница ја минале 2 800 андарти, а голем дел од нив биле со потекло од Крит.

Сето тоа допринело да се отвори нов фронт против Македонската Револуционерна Организација која била принудена на север да се бори против Српското четничко движење, а на југ со андартите.

Во 1908 година постепено замира андартското движење. По Младотурската револуција грчките андарти го оставиле оружјето и преминале во легалноста.

На 21 септември 1908 година една гркоманска банда од селото Караќој, Серско напаѓа свои соселани егзархисти и притоа биле убиени петмина, од кои три жени, а двајца други биле повредени. Погромот е организиран од страна на локалниот гркомански свештеник Георги Хариштев. По тој повод бугарскиот трговски агент во Сер истакнал:

По грозните убивства … може да се каже, дека тоа дело е завршено и последните егзархиски куќи во селото остануваат само со вдовици и сирачиња.

Кон крајот на 1908 година се активирале повторно подготовките и пренесувањата на грчки чети во Македонија. Сета акција била раководена од атинскиот андартски комитет, наречен Сегрчка организација, предводена од полковникот Панајотис Дангли.

Најново од: Историја

Полскиот лингвист Мјечислав Малецки уште во 1934 година пишува за посебноста на македонскиот јазик

Полскиот лингвист и славист Мјечислав Малецки (1903–1946) оставил значајно научно сведоштво за македонските говори и нивната јазична посебност. Во своето дело „Два македонски говора“, објавено во Краков во 1934 година, ги истражувал говорите на селата Сухо и Висока во Солунско, во егејскиот дел на Македонија. Проучувајќи го живиот говор на месното население, Малецки ги разгледувал […]

Славе Катин – Географски карактеристики на Балканот

Името „Балкан“ е од подоцнешен датум, по стариот италијански Бог на огнот Вулканус, првенствено Бог на вулканскиот оган, а подоцна и Бог на ковачката вештина. Ова име се однесува на планината Хем и на целиот полуостров. Погрешно е да се смета дека е од турско потекло. Науката за Балканот е балканологијата, која е основана во […]

Американското училиште во Битола (1865–1913) за народноста на Македонците

„Писмо на битолскиот областен инспектор од 1913 година во кое го информира надлежниот министер дека училиштето на американската мисија во Битола му испратило список на ученици кои по народност биле „Македонци“, нешто друго од народноста „Србин“.“ Ова американско училиште во Битола било отворено во 1865 или во 1873 година. На почетокот било наменето за девојчиња, […]

Солун 1912: грчкиот весник напишал — „Солун освоен со меч“

Една насловна страница од грчкиот весник „Πατρίς“, објавена на 27 октомври 1912 година, отвора непријатно прашање за современиот грчки историски наратив. На неа, со големи букви, пишува: „Η ΘΕΣΣΑΛΟΝΙΚΗ ΚΑΤΕΚΤΗΘΗ ΧΘΕΣ ΔΙΑ ΤΟΥ ΞΙΦΟΥΣ“ Во превод: „Солун вчера беше освоен со меч.“ Ова не е македонска интерпретација, ниту современа пропаганда. Тоа се зборови отпечатени во […]

Доброволците од Гостиварско во Македонско-одринското доброволство 1912–1913

Архивските списоци откриваат имиња на луѓе од Гостивар и гостиварските села кои во годините на Балканските војни биле заведени како ополченци, односно доброволци. Балканските војни, 1912–1913 година, кај многу Македонци разбудиле надеж дека конечно доаѓа ослободување на Македонија од османлиската власт. Голем број обични луѓе, меѓу кои печалбари, занаетчии и работници, се приклучиле како доброволци, […]

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

To top