Фељтон

Македонија пред Првата светска војна

popovski-risto

popovski-risto
Ристо Поповски  и Ангелина Маркус

Од тајните преговори помеѓу Англија, Франција и Русија произлегоа сосема поинакви моќни тенденции. Во така наречениот >>Sykes-Picot-Договор<< од 16.05.1916 г., видов една поделба на целосната Османлиска територија, поделба на значајни зони и тампон држави.

Истовремено за последен пат Виена се обиде да ја спаси територијалната состојба од Хабзбуршкото царство. На 16.10.1918 г. царот Карл издаде наредба преку еден Манифест на народите во монархијата во коа дополнително го санкцианира формирањето на националниот совет и на Австроунгарија и` беше ветено дека ќе се претвори во федерална држава. По желба на Унгарија во ова преобразување не беа вклучени земјите од Стефан-Круната, а тоа значи и Хрватска.

Вака остана и по Мировниот договор од Версаилес 1919 г. иако британски и фрнцуски дипломати исто како и една група американски стручњаци дојдоја до заклучок дека создавање на една самостојна македонска држава е единствено трајно решение, кое исто така ги задоволува барањата на народот.

По поделбата народот беше потполно потиснат. Во Грција беа спроведени најлошите противмерки и луѓето беа клоцани со нозе. Во делот од Македонија кој беше под грчко ропство беа преземани брутални мерки од страна на Грците. Тие ги сменија имињата на: реките, планините, градовите, улиците итн. Историјата беше сменета и наново пишувана. Тие направија се` само за да ја уништат најголемата нација во Европа. Иако Македонците порано се чувствуваа како зрно помеѓу воденички камења, така се покажува едно вакво страдање, но и непрекршлива желба да го зачуваат својот идентитет и покрај притисокот од надвор. За поделбата на населените подрачја на Македонците времето кратко им изгледа, иако тоа се случуваше со векови во историјата. И покрај импортираните традиции и културни симболи, таа сепак денес е искованиот и истовремено најтешкиот аспект во македонскиот живот.

Овој народ зависи од својата земја и ја обработува со векови и покрај тоа што имало суши, неподносливи жештини, земјотреси и потреси од историјата. Македонците се отпорни покрај сите заканувања од соседите, на пример во поглед на јазикот. Затоа што јазикот за Македонците е огромен важен фактор за идентификација и тие најмногу се стремат да го употребуваат јазикот во сите држави.

begalciДо пред кратко време во Грција беше забрането да се зборува македонски, поточно речено не смееше да се спомне дека постои македонскиот јазик. Сепак македонски се зборуваше во приватниот живот и понекогаш во јавноста. Зборување на мајчиниот јазик особено кај децата предизвикуваше страв и комплекс на пониска вредност, така што во големи делови од регионите едноставно исчезна. Тие не смееа да го зборуваат нивниот македонски мајчин јазик и никој не смееше да се претстави како Македонец, затоа што беше опасно по живот. Секој кој не се придржуваше на ова беше измачуван илу убиван. Еден начин на измачување изгледаше вака: – Ги тераа лугето да испијат еден литар масло на празен желудник и така ја постигнуваа целта за да им ги влошат здравствените проблеми.

Сево ова беше од Европа земено како нешто нормално и дека така треба да биде. И никој не ги слушна застрашувачките жалосни врискотници и завивањето на илјадници македонски мајки и деца. Никој не се грижеше за мрвите (осудените) во Македонија и никој не може нас да ни каже, дека никој не знаел за тоа. Со спроведувњето на ваква бруталност за уништување на еден од најстарите културни народи на светов е направен најлошиот геноцид што светот некогаш го видел.

Најново од: Фељтон

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

Дел од патувањата на Лефтер и Мара на Балканот (25)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Една недела пред 26 јули 1963 год. со воз отидовме во Опатија. Кога излеговме од автобусот, зашто од Риека до Опатија патувавме со автобус, цела Опатија сјаеше од светилки. Секаде по улиците се движеа западни коли – од мерцедес до бе-ем-ве – а во Унгарија […]

Најнови вести

To top