На прво место

22 ГОДИНИ ОД УПОКОЈУВАЊЕТО НА АРХИЕПИСКОПОТ Г.Г. МИХАИЛ

1mih12

1mih12

Четвртиот поглавар на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски г.г. Михаил  почина на 6 јули 1999 година во Скопје. Погребан е во црквата „Свети Наум Охридски“ во Радишани, а за негов наследник на тронот е избран архиепископот охридски и македонски господин господин Стефан 

Христијанството е најголемата и најзначајната религија на територијата на Република Македонија и кај македонската дијаспора. Притоа, според преданијата, хроничарите и традицијата, најзначајна и најголема улога има формирањето на Охридската архиепископија како наследник на архиепископијата на Јустинијана Прима, заедно со нејзините мисионери браќата свети Кирил и Методиј Солунски, свети Климент и свети Наум Охридски.

Според пишаните документи еден од големите христијани во Македонија беше архиепископот охридски и македонски господин господин Михаил (Методи Гогов) беше четвртиот поглавар на Македонската православна црква-Охридска архиепископија по нејзиното обновување. Михаил беше свештеник и вероучител, даровит црковен оратор и мудрец, и остана запаметен по прекрасните беседи. Беше делегат на Првото заседание на АСНОМ, еден е од иницијаторите и организаторите на Иницијативниот одбор за организирање на црковниот живот во Македонија и поборник за возобновување на Охридската архиепископија, професор во Средното богословско училиште и професор и декан на Богословскиот факултет во Скопје.

За духовното, националното и црковното живеење на Македонците големи заслуги имаат, пред сè, првиот поглавар господин господин Доситеј, кој особено е вреден за потсетување, бидејќи ја возобнови Македонската православна црква-Охридска архиепископија и од него почна сè. Вториот поглавар господин господин Ангелариј, кој владееше, како високоморална личност воведе ред во Црквата. Додека, пак, третиот поглавар господин господин Гаврил го направи првиот македонски превод на Библијата, кој се користи до денеска. Меѓутоа, четвртиот поглавар на Македонската православна црква-Охридска архиепископија господин господин Михаил, или како авторот на овие редови му се обраќаше со дедо Михаил, има огромна заслуга за афирмација на духовното живеење во Македонија и во дијаспората, особено во возобновувањето на македонското монаштво. 

1mih123

Господин господин Михаил на служба

Архиепископот охридски и македонски господин господин Михаил  напишал повеќе дела и превел богослужбени книги. Беше архипастир со евангелско смирение, со апостолска доследност и со Светиклиментов самопрегор. Тој работеше со ист прегор за градење на единството и угледот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија како дома така и во светот, а беше меѓу првите мисионери во Австралија. Тој е единствениот духовник на кој му било понудено местото претседател на Република Македонија.

Господин господин Михаил е роден во Ново Село, Штипско, на 20 мај 1912 година, како Методи Гогов од родители Панче и Санда. Toj e eдно од најсветлите и најзнаменитите имиња на древното и легендарно Ново Село, на македонскиот црковeн и духовен дом. Сиот свој живот архиепископот Михаил и’ го посвети на црквата, на религијата, на духовното зајакнување, обединување и возвишување на својот народ и својата татковина – Македонија. Љубовта и блискоста со Бога почнува од родното Ново Село во црквата „Света Богородица“. Малиот Методи Гогов бил слаб и со кревко здравје, па по желба на неговата мајка Санда, шестгодишното дете редовно ќе ги посетува богослужбите и ќе се грижи за чистотата на црквата.

По завршувањето на основното образование во своето родно место, во училиштето во кое голем број личности од македонската историја го добиле своето образование, во 1927 година се запишал на Богословијата во Битола. По извесно време по завршувањето на Богословијата, во 1932 година заминал на студии во Белград на Богословскиот факултет, каде дипломирал во 1936 година како најдобар студент во генерацијата. Како авторитет меѓу студентите влегува во редовите на македонскиот кружок за да биде назначен за секретар на студентското здружение на Богословскиот факултет, а го подготвувал и студентското теолошко списание како главен уредник.

По дипломирањето присилно бил мобилизиран во српската војска, при што неколкупати бил осудуван од Воениот суд. Пред војната дошол во Штип и кратко време предавал веронаука во штипската гимназија, но со судска казна за дела против интересите на царот и царска Србија, набргу бил депортиран во Ужице за да предава српска пропагандна веронаука. Во предвечерието и виорот на Втората светска војна Методи, пак, се вратил во Штип и работел како свештеник во Соборната градска црква „Свети Никола“ во Штип, каде дошол во судир со бугарската власт, па бил принуден да замине во одбрана на татковината.

За време на Втората светска војна, свештеникот Методи Гогов бил учесник во Народноослободителната војна, а при крајот на војната бил член на АСНОМ. Учествувал и во организирањето на Првиот црковно-народен собир во Скопје на почетокот од март 1945 година, на кој присуствувале 300 учесници, свештеници и мировни лица.

Михаил се залагал за самостојност на МПЦ-ОА, па во два наврата одлежал повеќе од шест години затвор. Бил осуден и затворен од тогашната власт поради идеите за национална, социјална и духовна слобода на македонскиот народ. По шест месеци бил ослободен, но за кратко. На 6 мај 1948 година повторно бил уапсен и осуден на 5,5 години затворска казна. И покрај сите притисоци и закани да се откаже од свештеничкото служење, Михаил останал цврст во своите ставови и продолжил да служи како свештеник во Скопје. 

1mih124На прослава на Божик

Методи Гогов ќе остане доследен на крстот и мантијата, на олтарот и молитвата, на црквата и Македонија. Но како да се плашеле од неговиот дух, неговиот ум и знаење, па за да се ослободат од него во 1966 година го испратиле да богослужи далеку од Македонија, преку океанот, во Австралија. Во Мелбурн тој бил свештеник во првата Македонска црква од Македонија „Свети Великомаченик Ѓорѓи Чудотворец“. Тамошните медиуми го нарекувале поп што лета бидејќи работел и неуморно патувал – ги создавал првите црковни општини во Австралија. 

Михаил бил меѓу првите мисионери во Австралија во првата македонска православна општина „Свети Ѓорѓи“ во Мелбурн. Бил испратен во 1966 година, а се вратил при крајот на 1970 година. По неговото враќање бил назначен за ректор на Македонската православна богословија, каде предавал англиски јазик, омилитика и пастирско богословие. Покрај англискиот зборувал француски, руски и се служел со повеќе живи класични јазици.

Од 1972 година бил генерален секретар на Македонската архиепископија, а за архијреј бил хиротонисан на 25 декември 1988 година. Неговото Блаженство господин господин Михаил бил познат по тоа што не сакал да ги чита своите богослужбени слова, но бил запаметен по неговото ораторство со кое ги надминувал сите архијереи.

Во 1988 година е хиротонисан, кога е и митрополит во Повардарската епархија. Потоа на 4 декември 1993 година, на Црковно-народен собир во Охрид е избран за четврти по ред поглавар на Македонската православна црква. На тој чин Михаил, меѓу другото, го изјави следното:

 „Ние, Михаил, избран и востоличен архиепископ охридски и македонски, се заколнувам во семоќниот Бог дека на Македонската православна црква и својата татковина Република Македонија ќе им бидеме верни и предани, ќе го почитуваме и чуваме црковниот Устав, ќе ја чуваме чистотата на светото православие, црковните канони и прописи, ќе го чуваме канонското единство на сите православни автокефални цркви, а посебно ќе ја почитуваме Македонската православна црква во сè, па и во своите дела и постапки ќе се раководиме исклучително од доброто и интересите на нашата Света Црква и Татковина, и дека нема да се согласиме со никаква измена што би била спротивна на нивните интереси“.

Архиепископот Михаил доаѓа на чело на Македонската православна црква-Охридска архиепископија две години по осамостојувањето на Македонија, која како држава требаше да докаже дека овој народ има своја државотворност, своја историја и своја црква. Како божји гласноговорник, моќен оратор и беседник, кој се залагаше за автокефална МПЦ-ОА, македонскиот православен народ во него гледаше со надеж и полна доверба дека во спорот со Српската православна црква, нема да ја премине црвената линија на достоинството на МПЦ-ОА. Овој мудар белобрад старец, како што го нарекуваа во Црквата, беше единствениот духовник на кого му е понудено местото за претседател на државата. На почетокот на деведесеттите години дедото Михаил требаше да биде еден вид македонски Макариос, претседател во мантија, но тој се откажа од овој предизвик несакајќи да ја замени црковната со државничка позиција,

Наследил стабилна црква, но која морал да ја надогради. Затоа одговорноста со раководењето на МПЦ била уште поголема, иако сенката на г.г. Доситеј била постојано присутна кај верниците, свештениците и кај архијерејите. Поради тоа, од своите наследници (свештеници) барал моралност и одговорност кон Црквата, но и достоинствено однесување кон верниците. Михаил сакаше секому да му посвети внимание и никого не го оставаше без должна почит. Архиепископот г.г.. Мухаил секогаш барал јазикот на Светите браќа Кирил и Методиј, да се негува. Тој ја приближил Црквата до јавноста, но и до другите екуменски заедници.

Г. г. Михаил беше ревносен богослужител, пријатен соговорник и внимателен кон секого. Иако по чин беше највисок во јатото, за да се развие сплотеноста на Црквата тој ги слушаше своите браќа и соборски ги донесуваше значајните одлуки за животворноста на МПЦ-ОА. Работеше да се зголеми бројот на архијереи, зошто „стадото било големо, а, пак, овчари биле малкумина“.

1mih125

“Свети Наум Охридски“ во Радишани, вечниот дом на архиепископот Михаил

Како надлежен за Американската епархија, дедо Михаил успеа да ги прибере и сите залутани верници, да ги надмине сите спорови, а со тоа овозможил оваа епархија да заживее со полн црковен живот. Сепак, тој не успеал да отпатува за Австралија, затоа што не сакал да биде пречекан од поделените, туку од сите обединети верници Македонци. Водел преговори и со претставници на Српската православна црква за воспоставување на духовно единство меѓу двете цркви. Свесен за сложеноста на ова прашање кое го наметнува Српската православна црква, ќе го остави заветот дека никој нема право да го премине прагот на црвената линија, со што би се нарушило достоинството на Црквата и македонскиот народ и дека секој треба да се заложува за жива и здрава автокефална МПЦ-ОА.

За време на неговото архиепископување направени се потребните измени и дополнувања на Уставот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, статутите за трите епархии во странство и други црковни закони и норми. Исто така, за негово време се збогати издавачката дејност во МПЦ-ОА,  при што се отпечатени сè повеќе богослужбени изданија и книги со богословска содржина. Дедо Михаил сфаќајќи ја потребата од новото време, односно од доближување до православните верници и пошироката јавност, често бил присутен во електронските и печатените медиуми, како дома така и во странство. Ваквиот пристап на поглаварот на МПЦ-ОА, овозможил таа да излезе од гетоизираноста.

На 6 јули 1999 година во Скопје почина архиепископот охридски и македонски г.г. Михаил  . Погребан е во црквата „Свети Наум Охридски“ во Радишани, а за негов наследник на тронот на Македонската православна црква е избран архиепископот охридски и македонски господин господин Стефан.

Инаку, првиот поглавар на Македонската православна црква-Охридска архиепископија беше Доситеј од 4 октомври 1958 до 20 мај 1981 година. По него архиепископи на МПЦ беше Ангелариј (18.8.1981  до 15.7.1986 година.), Гаврил (од 4.10.1986 до 9.6.1993 година.), Михаил (од 21.12.1993  до 6.6.1999 година) и Стефан (од 10.10.1999 до денес).

Инаку, авторот на овој текст Славе Катин го познаваше и имаше контакти и соработка со митрополитот Михаил, кога тој беше надлежен на Повардарската епархија, а Катин беше секретар на Одборот за остварување на улогата на ССРНМ во сферата на религијата и верските заедници. Тогаш се продолжија добрите и конструктивни односи меѓу државата и Црквата. Особена соработка на поглаварот Михаил и Катин беше остварена после изборот на Михаил за поглавар на Македонската православна црква. Пришто  се остварија заеднички патувања во Република Македонија, Канада, САД, Ватикан и Германија. Особено беа плодни заедничките разговори и присуството на празничните прослави и други активности во периодот после 1993 година кога г.г. Михаил беше поглавар на Македонската православна црква, а Катин беше именуван од Собранието на самостојна Република Македонија да ја врши функцијата потпретседател на Комисија за односи со верските заедници на Републичката Македонија.

1slave 9 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: На прво место

Силна поддршка од Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ за Стојанчо Радичевски во Брвеница

Нивната посета на Брвеница е израз на заедништво и поддршка за неговата кандидатура на изборите што ќе се одржат во недела, на 18 октомври 2026 година. Поддршката од ветераните ја нагласува важноста на обединувањето и посветеноста кон заедничката цел – подобри услови за живот и развој на сите населени места во општината. Радичевски дипломирал на […]

СДС и Филипче знаат само за марихуана економија и стабри здравство

Владата на ВМРО- ДПМНЕ испорачува конкретни резултати, повисоки пензии, економски раст и нови инвестиции СДС повторно со празни соопштенија и бледи пораки. На безидејната СДС се што е добро за државата им смета, им смета развој, им смета напредок на државата. Во СДС се нервозни и конфузни па се прашуваат што доби Македонија, па да […]

Филипче прозборе за сомнежи за злоупотреби во СДС — нека каже сè што знае

Дали темата за наводно 37 милиони евра поскапиот договор за хеликоптери ја отвора поради јавниот интерес или поради внатрепартиската пресметка? Филипче треба јасно да одговори дали располага со документи и непосредни сознанија или го користи веќе изнесениот навод како оружје против внатрепартиските критичари. Од кога ги знае информациите? Дали претходно побарал проверка? Кои документи ја […]

Професор Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил

Професорот Александар Атанасовски од УКИМ, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмат Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ со водителот Илија Влков, Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун […]

Софија Станкова освои злато во Софија – нов успех за македонскиот женски бокс

Младата боксерка од клубот „Аперкат“ се закити со златен медал на натпревар во Бугарија, продолжувајќи ја низата успешни меѓународни настапи. Македонскиот женски бокс бележи уште еден значаен успех на меѓународната сцена. Младата македонска боксерка Софија Станкова освои златен медал на натпревар во Софија, Бугарија. Станкова, која е членка на боксерскиот клуб „Аперкат“, на рингот покажа […]

31 година од атентатот врз Киро Глигоров – сведоштва и прашања што бараат одговор

На 3 октомври 1995 година, експлозија во центарот на Скопје го загрози животот на првиот претседател на независна Република Македонија. Нападот однесе два човечки живота. Триесет и една година подоцна, прашањата за неговите организатори и извршители остануваат без судски утврден одговор. На 3 октомври 1995 година, во 9:50 часот, на улицата „Македонија“, пред хотелот „Бристол“ […]

Сиљановска-Давкова до фон дер Лајен: Македонија да напредува според европските критериуми, без билатерални блокади

Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред Копенхашките критериуми Македонија заслужува напредок според реформите и подготвеноста за членство. Фон дер Лајен оценила дека досегашните реформи се импресивни и порачала дека местото на Македонија е во Европската Унија. Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, на денешната средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон […]

Мицкоски по средбата со фон дер Лајен: Реформите треба да носат напредок, без нови билатерални условувања

Македонија очекува фер и предвидлив европски процес, со јасни правила и поголема вклученост на Европската Унија во надминувањето на пречките на патот кон членството. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одржал средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Според неговата изјава, на средбата отворено разговарале за европската иднина на Македонија, реформскиот […]

Најнови вести

To top