Дијаспора

Друштва и асоцијации на македонците во државите Њујорк, Охајо и Индијана (1903-1943)

slave-katin-2

slave-katin-feljton
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

Во периодот меѓу двете светски војни најголема активност во САД и Канада покажале ор­ганизациите МПО, МАНС и МКНС. Така, според пишаните документи во книгата „Македонците во САД и во Канада“ од авторт на овие редови, се вели дека во нивните ограноци членувале, главно, Маке­дон­ци од егејскиот и од вардарскиот дел на Македонија. Особено организаци­ја­та МПО била присутна со свои ограноци во сите средини каде живееле ма­кедонските доселеници. Така, организациите и асоцијациите на македонски­те доселеници од нивното доаѓање до Втората светска војна, поединечно во секоја држава се следните:

1. ЊУЈОРК. Првите етнички организирања на Македонците во исе­ле­ништвото се ре­гистрирани во САД во државата Њујорк. Така, најраните по­датоци датираат од 1899 година, кога во градот Норд Адамс, било фор­ми­рано друштвото “Лев­ски”, во кое членувале Бугари и Македонци. Друштвото има­ло свој статут, кој ис­тата година бил испратен за одобрение до Врховниот ма­кедонски комитет во Софија .

Друштвото “Левски” во 1903 година имало 16 секции во различни гра­до­­ви на САД. Тоа имало социјален карактер, чија основна цел била да им по­мага на своите членови во случај на болест или невработеност, да орга­ни­зира курсе­ви за изучување на англискиот јазик, да ги запознава ново­дојдените доселеници со особеностите на американското живеење и сл. Исто та­­ка, друш­т­вото со­би­рало парични средства за помош на Македонија и Одрин. По 1904 го­дина друштвото “Левски” се распуштило.

newyork
Њу Јорк

Истата година на 27 март се фор­мирал Бугаро-американскиот македонски комитет, односно Ма­­кедонски сојуз, кој во 1905 година престанал со својата дејност. Исто така, во 1902 година во Филаделфија, во државата Пенсилванија, било формирано Бу­гар­ско заем­но­спомагателното друштво, кое го носело името “Другар”. Целта на ова друштво ја образложува самото име, која била концентрирана материјално да се по­ма­гаат новите доселеници, да се запознаваат со обичаите и навиките на но­вата татковина, да им се помага во изучувањето на англискиот јазик, до нао­ѓање работа и сл.

Потоа, постепено на американскиот континент почнале да се фор­ми­раат и повеќе друштва од социјална природа. Така, на 4 ноември 1906 година во Њу­­­­јорк се организирало Бугаро-македонското друштво “Пришелец” (“Дој­­де­­­нец”). Доселениците од Битола, пак, населени во градот Сираќуз, во 1912 го­дина го организирале „Битолското благотворно друштво“. Исто така, во 1917 го­ди­на во Сираќуз, доселениците од селото Горничево, Леринско го создале спо­магателното друш­тво “Орел”, со секција во поблискиот град Рочестер. Во 1932 година доселениците од Бапчор, Костурско, во Рочестер, пак, создале своја сек­ција на друштвото “Вич” од Форт Веин.

bafalo
Бафало, Њу Јорк

Во почетокот на 1922 година група македонски доселеници од градот Њу­јорк, ја основале организацијата “Илинден”. Оваа организација донела про­тес­на резолуција во врска со потпишувањето на договорот за пријателство меѓу Србија и Бугарија.

Една од најстарите членки на организацијата МПО била македонската ор­ганизација “Независна Македонија” од градот Сираќуз, основана во 1923 го­дина. Првобитно таа го носела името “Автономна Македонија”, а по­доц­на се преи­менувала во “Независна Македонија”.

Во 1928 година било формирано заемноспомагателното друштво “Преспа” ка­ко едно од најголемите македонски друштва на МПО во САД. Не­го­вото седиште би­ло во Лакавана, непосредно до градот Бафало. Ова друш­тво, покрај зна­чајната социјална, развило и голема културна деј­ност меѓу ма­кедонските доселеници, организирајќи и своја драмска група, која по­ставила не­колку драми, од кои меѓу првите била изведена драмата “Македонска крвава свадба”.

Организацијата “Јордан Ѓурков” била формирана од македонските доселеници во градот Лакавана, на 26 април 1931 година. Во рамките на оваа организација била формирана женска секција, а било отворено и македонско-бугарско училиште.

На 11 октомври 1933 година во градот Рочестер била фор­ми­рана ор­га­ни­зацијата “Симеон Ефтимов”. Потоа, во градот Албани, на 30 јануари 1938 година била основана орга­ни­за­цијата на МПО  “Аргир Манасиев”. Во оваа мала организација членувале, главно, маке­дон­ски доселеници од Гевгелиско.

klivlend
Кливленд, Охајо

2. ОХАЈО. Македонците во државата Охајо се организирале меѓу првите на етничка основа. Така, во 1917 година во Спрингфилд, доселениците од Гу­менџа се обе­диниле во спомагателното друштво “Ѓуменџа”. Во 1918 година доселеници­те од селото Ајтос, Леринско, во Кливленд се обединиле во ма­кедонско-бу­гарското друштво “Свети Димитрија”.

Во градот Дејтон, пак, на 1 март 1922 година, постоело Македонско брат­ство. Од 1929 година братството го променило името во Македонска по­­литичка организација “Пирин”. Потоа, во рамките на организацијата би­ла фор­­ми­рана женска и младинска секција, а било отворено и училиште.

Македонските доселеници од градот Спрингфилд на 22 април во 1922 го­дина ја основале организацијата “Солун”. Првин била на­речена “Маченик”, а потоа била преименувана во “Солун”. Во рамките на организацијата била формирана женска секција.

Македонските доселеници од градот Кентон, пак, на 21 ноември 1923 година ја основале организацијата “Борис Сарафов”. Исто така, основачкото собрание на орга­низацијата “Пелистер” од градот Акрон се одржало во 1923 година. Била формирана женска секција, а потоа и младинска секција. Во мај 1939 година чле­новите на организацијата “Пелистер” изградиле свој народен дом. Најголемиот дел од македонските доселеници од Акрон потекнувале од Леринско, Битолско, При­лепско, а мал број од Охридско и Гевгелиско.

todor-aleksandrov
Споменик на Тодор Александров во Скопје

Организацијата “Тодор Александров” била основана во 1923 година, во градот Кингстаун, по распаѓањето на македоно-бугарското друштво “Прилеп”. Оваа организација развила голема хуманитарна дејност, така што од своите чле­нови собрала и испратила поголема сума пари за македонските бегалци во Бугарија. Во овој град македонските доселеници потекнувале, главно, од Прилепско, Кривопаланечко, Битолско, Преспанско и Леринско.

Македонската организација “Александар Велики” била основана во градот Лореин, во 1924 година. Потоа, во Лореин во март се одржало јавно собрание, а во јуни 1924 година биле поставени основите на организацијата “Александар Велики”. Најголемиот дел од членовите на организацијата по­тек­нувале од Долна Преспа и Ресенско. Исто така, на 13 мај 1924 година, во градот Лореин било ор­­га­низирано едно од најголемите друштва и бугаро-македонското заем­но­спо­магателното друштво “Пелистер”.

На 10 февруари 1926 година во градот Кливленд, пак, била осно­ва­на ор­га­низацијата “Вардар”. Во нејзините рамки била формирана женска секци­ја, а работела и мла­дин­ска секција. Потоа, на 6 август 1926 година, македонските доселеници од градот Менсфилд, ја основале организацијата “Охрид”, во 1929 година била формирана  нејзината женска секција, а во 1928 годи­на во градот Синсинати била основана орга­ни­за­цијата “Бис­­трица”. Таа има­ла свое училиште и драмска група која ја при­ка­­жала “Македонска крвава свадба”.

Организацијата “Христо Матов” како огранок на МПО била формирана во градот Маслон, на 2 јуни 1931 година. Мнозинството од членовите на ор­га­низацијата од Мас­­лон биле по потекло од Преспанско, Леринско, и Костур­ско. Во Колумбос, пак, на 18 јули 1939 година била формирана Маке­­дон­­­ска­та политичка организација “Слобода”. Исто така, во составот на МПО чле­­ну­ва­ла и организацијата “Васил Чакаларов” од Толидо, која била една од чле­­нки­те меѓу 34-те македонски етнички организации во САД, како и двете во Канада и трите во Австралија.

indijanapolis
Индијанаполис, Индијана

3. ИНДИЈАНА. Индустриските центри во државата Индијана биле места каде што се доселиле голем број Македонци од егејскиот дел на Македонија, организирајќи се во свои етнички организации. Така, во 1911 година во Гранит Сити доселениците од Пателе, Ле­ринско, се обединиле околу друштвото “Орел”, со свои секции во Ин­ди­ја­но­полис, Индијана и Дејтон, Охајо. Истата година доселениците од селото Ви­ше­ни, Костурско, кои живееле во Форт Вејн, го фор­мирале спо­ма­гателното друштво “Напредок”. Таму, во 1912 година, доселениците од се­лото Че­решница, Костурско, го формирале спомагателното друш­­тво “Свети Ѓор­ѓи”. Исто така, во Форт Вејн, доселениците од се­лото Бап­чор, Костурско се обе­диниле во спомагателното друштво “Вич”, ка­ко едно од нај­моќ­ните македонски селски друштва во САД.

Во 1917 година се организирале повеќе спомагателни друштва, меѓу кои во градот Гери, од доселениците од селото Куратица, Охридско е основано просветно-благотворното друштво “Напредок”. Потоа, во 1918 година во Гери доселениците од селото Велгошти, Охридско, се организирале во заемно­спо­ма­гателното друштво “Прогрес”. Во 1918 година во Форт Вејн, пак, доселениците од селото Тиолишта, Кос­тур­ско, го формирале благотворното друштво “Заштита”.

Во 1924 година во Индијанополис, бил основан бугаро-ма­кедон­скиот просветен курс, со нагласен социјално-просветен карактер. Пр­во­времено ова друштво го носело името “Лајонс клуб”, а во 1930 година името му е променето.

andrea-branov

pecalbarski-kopnez

Монографијата „Андреа Бранов“ од Мелбурн, Австралија, (на македонски и англиски јазик), Скопје, 2001, 1-222 и делото „Печалбарски копнеж“ и двете се со авторки потпис на Славе Николовски-Катин, а во  издание на „Македонска искра“, Скопје, 1993, 1-156

Друштвото “Александар Велики” во Гери е формирано во 1927 го­дина. Тоа ги обединувало македонските доселеници од овој град и соседните на­селби во државата Индијана. Според уставот на друштвото “Александар Велики”, во него членувале само лица од македонско потекло и нивните ќерки и синови во САД.

Една од посилните македонски организации во рамките на МПО била организацијата “Костур”, од градот Форт Вејн, основана на 21 ноември 1921 година. Во организација на огранокот “Костур” се одржал првиот конгрес на МПО, на први октомври 1922 година. Во состав на огранокот била формирана женска и младинска секција. Денес Централниот комитет на МПО за САД и Канада се наоѓа во Форд Вајн.

crkva-sv-nikola-fort-vein
Црквата „Свети Никола“ во Форт Веин

Македонската организација “Даме Груев”, од градот Индијанополис, би­­ла една од најстарите членки на МПО. Таа била основана во 1922 година, која до 1923 година била позната под името “Леринско братство”. Во рамките на ор­­ганизацијата постоеле женска и младинска секција. Сите членови на ор­­­га­ни­зацијата “Даме Груев” членувале во црковната општина и ја одржувале црк­­ва­та „Свети Стефан“. Организацијата располагала со свој народен дом, кој со­­бирал око­лу 300 лица, а во нејзините рамки дејствувале женска и младинска сек­­ци­ја.

Меѓу другите етнички организации во државата Индијана била “Родина” (“Татковина”) која македонските доселеници од градот Гери ја формирале на 14 декември 1930 година.

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top