Дијаспора

Во Лерин заврши конференцијата за Македонците

Во Лерин заврши конференцијата за Македонците, Панмакедоники не успеа да го попречи научниот собир

Ова е големо достигнување на Македонците во Грција! Вака организаторите на научната конференција „Македонија – на маргините на европската современост“ го оценија овој мултидисциплинарен настан што се одржа во Лерин, Грција.

Од 16 до 19 јули се одржа научна конференција во Лерин во организација на „Австралиско-македонскиот комитет за човекови права, ОМО Илинден-Пирин, Европската слободна алијанса (ЕФА) и домаќините „Виножито“.

И покрај тоа што организаторите очекуваа помали проблеми во однос на реализацијата на конференцијата (проблеми на граница, вадење на црните листи за поединци Македонци од Канада, Австралија, САД…, административни пречки…), овојпат, главно, сè поминало во најдобар ред. Првиот ден петнаесетина членови на националистичката организација Панмакедоники влегле на конференцијата, поставиле неколку прашања, добиле одговор, се обиделе да испровоцираат заминале. Посериозни инциденти немало.

Освен тоа, дел грчките медиуми биле заинтересирани за конференцијата, па некои од локалните ТВ-станици имале и интервјуа со организаторите.

По завршувањето на конференцијата, сите учесници присуствуваа на традиционалниот собир на Македонците во Овчарани. Тука, вчера илјадници Македонци, со македонски ора и песни го прославија празникот Свети Илија. „Исклучителен настан што ја покажува и докажува политичката борба на Македонците“, напиша на својот фејсбук-профил еден од учесниците.

Во Лерин водечките македонисти од цел свет три дена расправаа за македонското прашање. Овој настан се смета за историски затоа што првпат во поновата историја за македонското прашање на научно ниво беше дискутирано на тлото на соседна Грција, каде што е и најпроблематизирано.

Учесници на конференцијата беа Виктор Фридман од Универзитетот на Чикаго (САД), Грејс Филдер од Универзитетот на Аризона (САД), Ендру Росос од Универзитетот на Торонто (Канада), Акис Гаврилидис од Универзитетот на Солун (Грција), Џорџ Влахов од „Ла троб универзитетот” (Австралија), Васко Настевски од Универизтетот на Мелбурн (Австралија), Катерина Колозова од Институтот за социјални и хуманистички науки, Марија Пандевска и Македонка Митрева од Институтот за национална историја при УКИМ (Македонија).

Целта на овој мултидисциплинарен настан беше да даде суштински придонес кон разбирањето на современата македонска национална историја од различни академски перспективи, вклучувајќи социолошки, лингвистички, антрополошки и политички аспект.

Конференцијата во Лерин, Грција беше е втора од ваков тип, по научниот собир кој беше одржан во 2013 година, на Универзитетот „Монаш” во Мелбурн, Австралија, а со кој беше одбележана 100-годишнината од крајот на Втората Балканска војна и поделбата на Македонија со Букурешкиот мировен договор. Како резултат на конференцијата во Мелбурн, неодамна, од страна на реномираната германска академска издавачка куќа „Верлаг Ото Сагнер” (Verlag Otto Sagner) беше издадена книга „За македонските работи: од поделбата на Македонија до денес”.

И од оваа конференција се очекува истата академска куќа од Германија да издаде книга со научните трудови од конференцијата во Лерин.

А.Д.

Фото: Џон Видович

МКД

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top