Дијаспора

Потребна е нова форма организирање на активните интелектуалци за спас на суверена Македонија

janko-tomov

janko-tomov

Пишува: ЈанкоТОМОВ

Пред извесно време, напишав статија во интернет порталот “Македонска нација” извесен број на личности-интелектуалци, да на некој начин помогнат на ВМРО-ДПМНЕ и со тоа ги ублажат нападите и од СДСМ и не му дозволат на поедини лидери и тела на ЕУ- од Брисел и Вашингтон, да се мешаат во државните работи на Р.М. Ве прашувам сериозно ДАЛИ НЕКОЈ ОД НИВ-ВАС НА НЕКОЈ НАЧИН СЕ ПОВРЗА И ОТПОЧНА ДА СТВАРА ИЗВЕСНА СТРАТЕГИЈА НА КОЈ НАЧИН ДА СЕ ПОМОГНЕ НА СОЧУВУВАЊЕ НА ДЕМОКРАТСКИОТ УСТАВЕН ПОРЕДОК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА?

Неколку кратки коментари следуваа од мои познаници и пријатели и остана до тоа. Но зошто јас очекував позитивно прифаќање на мојот предлог, кога никој од тие, кои ги наведов новинари и по мое мислење патриоти и прави луѓе, кои треба нешто добро но драстично да направат за Македонија, избавувајќи ја од “калта” во која пропаѓа, КОГА НИТУ ЕДЕН ОД НИВ НЕ ЗНАЕ НИШТО ЗА ЗА МЕНЕ И ЗА МОЈАТА ПАТРИОТСКА ПОЛУВЕКОВНА АКТИВНОСТ ВО МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕЊЕ ВО ДИЈАСПОРАТА!?

По мое мислење ги предлагам повторно најпатриотските личности-интелектуалци, активни во публикување на патриотски македонски написи, за најдобрите начини да се отстрани политичката криза во Република Македонија, а да завладее  уставниот поредок, личности кои се потребни за Македонија, а  кои конечно треба да се организираат меѓусебно:

Александар Русјаков, Новинар, од “Нова Македонија” од Скопје;

Проф д-р Велимир Стојковски, Ректор на универзитетот  “СВ. Кирил и Методиј” од  Скопје;

Венко Андоновски, новинар, на “Нова Македонија”;

Гордана Димовска, патриотка, лингвист и автор на историски и литературни дела, една од уредниците за дијаспората, на списанието “Македонска нација”, живее во Мелбурн, Австралија;

Диана  М. Младеновска, 13 Август, Нова Македонија: “Од договор до договор во заговор”

Драган Павловиќ Латас, Главен уредник на “Сител” и “Вечер” од Скопје;

Проф. Драган Јањатов,  стручњак по мегународно и уставно право, соработник на  “Нова Македонија”;

Дарко Јаневски, Новинар од “Дневник”;

Дарко Митревски, автор режисер и сценарист, од “Нова Македонија”, од 10 Август 2015, “Залутаниот сељак во светот на убавото”;

Катерина Нешкова, Новинар, од “Дневник”;

Ивона Талевска, новинар “Вечер”:” ВМРО-ДПНЕ да го завзаме СОРОС”;

Искра Коровешовска, од “Дневник”, на 13 Август 2015: “Што се чека со ИСИС?” –”Зарем истите тие западни сили, кои ја поттикнаа демоикратизацијата на арапскиот свет и на кои им пречеше режимот на Башар Ал Асад, сега не им пречи ИСИС? Ако е така, зошто наводно најмоќните во светот не ја збришат оваа терористичка закана што безмислено се шири? Што се чека се уште?”;

Мане Јаковлески, Главен уредник на списанието “Македонска нација” и еден од оснивачите на ВМРО-ДПМНЕ во диаспората;

Мирка Велиновска, Новинар од “Нова Македонија” од Скопје;

Проф. Нестор Огинар, заменикпретседател на СМК, од САД;

Сашо Клековски, Новинар-аналитичар од “Нова Македонија”;

Проф. Стефан Влахов Мицов, Новинар, Автор од Скопје;

Сотир Костов, Новинар-Аналитичар од “Дневник”;

Проф. Стефан Буџаковски (по Кривично право);

Ристо Стефов, историчар, Автор, од Торонто, Канада;

Тодор Петров, Претседател на СМК и Правник од Скопје;

Тони Науновски, од “Дневник” на 3 Август 2915: “Од певичните најави за правна разрешница на обидот за државен удар, сега дојдоа до тоа дереџе да се парарат за некаков специјален обвинител…” Потоа: “… сите таканаречени големи реформи и проекти почнаа самите да ги повлекуваат, еден по еден, од образование до закон за придонеси од хонорари”.

Проф. Тања Карамишева Јовановска, “Дневник” (по Кривично и Уставно право)  од Скопје;

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, лидер на “Македонска Алијанса”, основач на списанието  на интернет “Македонско сонце” и  бизнисмен од САД;

Христо Ивановски, Новинар од “Дневник”;

Цветин Цилиманов, Новинар од МИА, во “Македонска нација” на 9 ноември: “Време е да се преброиме”;

Жаклина Михајловска, лингвлист, автор на поетични дела, уредник на Мактел, во Сиднеј, Австралија;

Ивица Боцевски, политички аналитичар од “Нова Македонија”;

Ирена Радовановиќ, новинар од “Дневник”;

Др Саво Клиновски, политички аналитичар;

Жана Божиновска, новинар од “Дневник”.

Секако дека има и други Македонски интелектуални патриоти, кои пишуваат искрено, со почитување и лојалност, за македонското битие, во македонската медија и во електронските интернет изданија. Што е многу важно, по мое мислење, живеејки во Австралија скоро половина век, а со тоа и условите да ги прочитам Македонските медиумски содржини на написите на горенаведените интелектуалци, кои се драгоцени за опстанокот на демократијата, заштита на Уставот на Македонија, а со тоа и националниот опстанок и просперитетот на македонската држава. Според тоа ги оценувам дека се едни од малобројните и најспособните да ги раководат правилните политички партии на републиката и најповеке на органите на извршната влас, законодавната власт и претседателството на Република Македонија, со сите постоеки институции, доколку надворешните фактори, со договорите во Пржино од Јули 2015 година го нападната Уставот на Македонија, а постоеќата власт и опозицијата, тоа а неможе да го спречи или несака.

Нели е жално, кога даваш голем труд со љубов и лојалност кон својот Македонски сој и родна Македонија, да бидеш неразбирливо избегнуван или  игнориран со молчење и несоработка, од тие кои очекуваш да ги користат твоите сознанија за заштита и просперитет на Македонската кауза!? Секој од вас, мислам ке се сложи со мене, нарочно ако прочитал нешто од моите публикувани национални, политички историјски книги и книги за Македонски човекови права, со еден збор патриотски македонски книги од диаспората-иселеништвото. Ако пак не прочитал некои од книгите кои ги има повеке од 8, кои тешко се навоѓаат во Македонија, ако навистина ја чувствува за своја македонската емиграција и етничките Македонци во окупираните делови на Македонија, имал прилика да  прочита поедини  редовни неделни  написи во интернет порталот “Македонска нација”, за да има општа престава за мојот патриотизам. Во овоа најпатриотско списание кое е оснивано во 1971 година во диаспората,  од неговото повторно реактивирање од 2009 година, во организација на едн од оснивачите на ВМРО-ДПМНЕ, Мане Јаковлески, сум назначен за еден од уредниците, специјално за  рубликата –иселеници. Така редовно ги пракам овие публикации, а и други од мои колеги, за кои имам време и мислам дека ке бидат добри за моите 700 цитатели, претежно што ги сметам за патриоти и многумина интелектуалци.

Но, не сум само јас запоставен како автор, од страна на целата Македонска медија, освен од “Македонска нација”, тука се запоставени и многумина вредни стручни и научни  автори на публикации,  со голем број најактуелни патриотски теми, преку написи од Македонски историски, правен, јазичен, културен, организациони и многу други неминовно потребни факти и информации. Специјално факти и информации кои се нови и непобитни за доградување на постојните сознанија, а за поголемите Македонски маси  и насушните-потребни  самоосознанија, за македонската битност, со кои знаења треба да застануваат пред негаторите и антимакедонските организирани лоби групи , пред се во диаспората , а и во Република Македонија. Посебно е важно, да му се стави крај на “Отворено општство”. Раководено од Милчин, а финансирано од американецот СОРОС, кој ги прави сите проблем во понеразвиените 100-тина земји во светот. Меѓу познати мои истомисленици, кои ги сметам за нивната долгогодишна-деценијска патриотска активност се автори на најактуелни патриотски написи, Тодор Петров и Мане Јаковлески, кои никојпат не сум прочитал или сретнал нивна статија или напис во било кое дневно или неделно издание на македонската медија!? Што тоа говори? Тоа е, како што велат на запад, дизаста- трагедија! Тука се изворите на себичност од страна на Македонската медија и нивните финансиери, која себичност за владеење, што некој од иселеништвото им го овозможил можеби погрешно, ја доведоа републиката во оваа незавидна ситуација.

“Лекот” е, да се застане на свои Македонски нозе, без странски “помагачи”. Горенаведените стручни и научни лица – претежно новинари и политички аналитичари, правници и пред се патриоти, а  со други многу вашни професии за меѓусебно организирано делување, со цел стварање на едно преставничко тело, за помош на владеачката коалициона власт, да ги преброди сите провокации и анти Уставни активности од страна на СДСМ, Брисел и Вашингтон.

Самото организирање на горенаведените интелектуалци, ќе доведе до нови форми на патриотски активности, во повекето свери на  животот на осакатената Република Македонија, а секако и патриотската диаспора-иселеништвото и организираните македонски национални субјекти од етничките делови на Македонија би се  вкључиле и би ја помогнале оваа интелектуална група, да прерасне во водечка демократска целина на Македонија.

 

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top